Martins mom -> RE: Фризерски пакет- совети + кафе и муабети!! (19.7.2010 11:00:36)
|
Инаку мама26 е единствената фризерка што не ми е одвратна. Отсекогаш поимот фризерка сум го поистоветувала со глупачка (без навреда мама, ќе објаснам и зошто). Одењето на фризер нели треба да е задоволство, уживање, а мене ми беше нерва и покачен притисок секогаш. Сменив 100 фризерки и сите кај што сум била, кога ќе седнев го даваа истиот коментар "Леле колку ретка коса имаш...зошто вака?" Како можеше сите, без исклучок да го направат прво тој муабет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Па добро, јас знам дека имам слабо, тенко влакно (не ретка коса), ама треба ли она да ми каже? Јас си плаќам да ми направи фризура, а не да ми дрнка над глава. И сега си одам кај една в комшии тука и ја предупредив дека ќе идам постојано кај неа под услов да се пази што зборува и тој еден саат да ми биде задоволство, а не да се расправам со фризерката и да ја учам на култура.Мене не ме навредува тој коментар, зошто јас се гледам во огледало и сум свесна за тоа...едноставно ме иритираа таа нивна дрскост[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
|
|
|
|