Bethany -> RE: Проблеми на РР (21.3.2014 19:55:26)
|
Отварање на порталов ми стана научна фантастика [sm=smiley36.gif] Навистина, не знам дали и кај другите е овака, ама јас приметувам уште одамна, со сајтов секогаш имам проблеми, додека со било кој друг сајт никогаш немав слични проблеми. Прво му треба милион години да сврти од една тема на друга, некогаш тоа не се ни случи, па мора да се гасам, па повторно да барам по актуелните теми, па таман да напишам ме одлогира и така натаму. Не ретко се случуваше да се изнервирам и да се изгасам. Користам гугл хром и со другите страници немам овакви проблеми, па дајте малку "подмачкајте" го сајтов да не трокира [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|