Gari68 -> RE: Замерки, сугестии и предлози (24.6.2013 23:10:44)
|
Ќе бидам офтопик ама како стар член кој последниве 2 години повремено читнува што се случува и многу малку пишува ама еве овие ваши препукувања ме натераа нешто да напишам.Овакви слични работи еднаш веќе сум ги доживеал тука:сменети модератори кои мислат дека без нив РР не би посотоела па во последно време се што пишуваат е докажување со тролање по неколку теми како они биле подобри од овие новиве.Ќе го искористам мојот пост од тоа време ќе прикачам дел Меѓутоа РР не е ниту модераторите ниту админите ниту членовите кои веќе не се активни, РР се сите оние кои се мајки,татковци и оние кои во нареден период сакаат да бидат и додека има мајки со мали бебенца,бремени жени и оние кои се обидуваат да забременат ќе постои и РР. И јас се радувам што постојано се приклучуваат нови членови кои внесуваат ведар тон на РР,како што тоа го правеа и оние што не се веќе активни на РР Со среќа нека ви е дружењето,дружењето е една работа а потребата од разменување искуства со проблеми околу забременување,текот на бременост и проблеми на децата е сосема друга работа.Е баш затоа реков дека РР ќе постои и нема да згасне. Истото ова скоро без ниедна измена важи и сега,и цела среќа што останатите членови си пишуваа на оние вистински теми поради која и постои рингераја,не се заразија со овие ваши препукувања во кои учествуваат 10-12 рингерајки. Повеќето сте високообразовани и интелегентни жени а се спуштате на ниво на маалски оговарачки и секоја мисли дека таа е во право.Навистина сте за гревови и секаква осуда . Поздрав
|
|
|
|