mami2 -> RE: пријателки од болница (5.9.2012 9:38:58)
|
Имам и се дружиме речиси пет години. Се спријателивме така што и двете сме мајки на деца кои лежеа на Интензивна нега на Детска клиника подолг период. Се гледавме секој ден во терминот за посета, ние двајца и таа со мажот. Се тешевме, се храбревме, плачевме и се молевме заедно за нашите деца. Потоа бевме заедно на Неонатологија со бебињата, но во различни соби. Многу сме различни, во многу погледи (образовно, професионално, економски...ама ништо не е битно), но не врзува пријателство кое го немам остварено со многу послични луѓе. Семејство А.[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|