miana -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (7.11.2011 14:03:32)
|
Рекреација во бременоста: Да се вежба или не? Текст: Марија Симовска Рекреација | 07 ноември 2011 Бременоста или пренаталниот период за секоја жена преставува посебен момент во животот, во кој кулминираат физички и психички промени со кои секоја млада жена се соочува. [image]http://kajgana.com/sites/default/files/statija/2011/11/images/content/rekreacija-vo-bremenosta-da-se-vezhba-ili-ne-62064.jpg[/image] Секако дека за сите млади мајки физичките промени кои ги претрпува нивното тело за време на бременоста, а и преокупацијата што побрзо да се вратат во форма, се можеби и занемарливи во однос на радоста која им ја носи новороденчето. Меѓутоа, денес е скоро незамисливо една млада жена да го занемари својот изглед, особено за оние кои се веќе повеќегодишни рекреативци и се редовни во своето вежбање. Без разлика дали посетуваат фитнес или аеробик, џогираат или возат велосипед, планинарат или возат ролери, играат тенис и сл. Современата жена едноставно не го напушта својот здрав начин на живот и пред се грижата за своето здравје, само поради новонастаната блажена состојба. Уште веднаш сакам да истакнам дека настрана ги оставам оправданите строго медицинските оправдувања, поради кои на трудницата и се забранува секаква физичка активност која дополнитилно би ја влошила состојбата. Оваа статија е со цел да се објаснат бенефитите од вежбањето пред и за време на бременоста од една страна и од друга страна да се охрабрат сите оние кои немаат никакви здравствени проблеми и се двоумат дали физички да се активираат. Вежбањето, односно било која физичка активност го подготвува вашето тело за телесните промени кои ќе настанат за време на бременоста, а исто така и го ослободува духот и умот за оние кои „работат на случајот" и можеби се повеќе или помалку под стрес. Многу често медицинските специјалисти на брачните парови кои се обраќаат за помош при зачнувањето, им препорачуваат рекреација за да го намалат стресот кој понекогаш е психолошка пречка, во отсуство на било каква друга патофизиолошка причина. Бенефитите од вежбањето пред бременоста ако не сте вежбале претходно, можете да ги прочитате на безбројните портали и сајтови или пак во печатените магазини и женски списанија. Оние пак што се темелни рекреативци одлично знаат како го чувствуваат своето тело со вежбањето и нема потреба да читаат, нели? Но, сепак, попусто ќе читате што сѐ ќе добиете доколку вежбате, ако не се помрднете и не се придвижите. И покрај големиот број на аргументи зошто треба да почнете со вежбање пред да забремените, јас би ги сумирала во неколку редови: - Ако вашето тело во период на бременоста треба да биде „дом“ на вашето бебе, напревете тој дом да има цврсти темели. Имено, зацврстените стомачни мускули го олеснуваат породувањето и ја одржуваат цврстината на стомачната шуплина. Понатаму, јаките грбни мускули ќе ви помогнат во полесно поднесување на стекната тежина, додека затегнатите рамена и раце по породувањето ќе бидат главно оружје во подигнувањето на бебето кое со тек на времето се повеќе ќе „отежнува“. - Кардиоваскуларната кондиција и тоа како ќе ви биде од значење во справување со секојдневните обврски. Кога сте фит, едноставно имате и повеќе енергија за се друго. Вежбањето покрај другото е одличен генератор на доброто расположение, па така и амплитудите во вашето располжение под дејство на хормоните што ве преплавуваат, ќе бидат поподносливи како за вас, така и за вашата околина. - На жените кои се физички активни и при тоа редовни во своите тренинзи, вежбањето им претставува една здрава навика во животот, еден здрав ритуал на почит кон своето тело. Така што, откажувањето од истото поради здрава и нормална бременост е сосема бесмислено и ми се чини ретко која жена би го сторила. Повторно ќе истакнам, доколку не е препорачано поинаку од стручно лице! [image]http://kajgana.com/sites/default/files/bremenost2.jpg[/image] За жал во нашата средина се уште не постојат стручно специјализирани курсеви за трудници, но тоа не е никаква пречка да не бидете активни. За бремените жени и пешачењето е одлична рекреација, истотака и пливањето, статичен велосипед или трака за одење (ако е претопло или студено надвор), справите од типот на Орбитрек се одлична алтернатива. Нема никаква потреба да се откажувате од аеробикот или пилатесот, само намалето го интезитетот и осигурајте се дека вашиот инструктор има некакво искуство во работата со трудници. Сепак, треба да има одредени познавања и да ве насочи на што да внимавате додека вежбате, или пак да ви покаже алтернативна вежба додека останатите вежбаат регуларно. Денеска медуимите се преплавени со секакви информации, совети , консултации и слично, а често читајќи ги можете да се збуните и да се исплашите велејќи си „па тоа се милион нешта на кои треба да внимавам, најдобро е да прекинам“. Искрено , ако се чувствувате добро, само ќе згрешите ако прекинете. Запомнете дека треба да го следите и слушате своето тело и да не се доведувате во состојба на изнемоштеност. Застанете во првиот ред, разговарајте со инструкторот одвреме на време, ако можете да вежбате и да зборувате без да губите здив, тогаш сте на вистинскиот пат. И уште нешто на кое треба да внимавате е да внесувате многу течности, па дури и кога не ви се пие толку вода. Намалето го темпото и фреквенцијата на тренинзите - ако сте вежбале 3 пати, намалете на 2пати неделно. Или ако ви пречи гужвата во сала, миризбата или едноставно не сте во расположение, тогаш прошетајте една маршута токму во терминот за тренинг. Имате навистина разни алтернативи, но не се откажувајте. Пак ќе нагласам, само ако добро се чувствувате. Денеска постојат и ДВД изданија за домашна употреба, но нив би ги препорачала само ако имате претходно вежбачко искуство! Не се потполно безбедна варијанта ако почнувате со вежбање токму во бременоста. Подобро почнете со пешачење и брзо одење, отколку да изведувате вежби кои не сте ги правеле никогаш претходно и без надзор на инструктор. Кога зборуваме за вежбањето во бременоста, секако би се повикале и на фактот дека оние жени кои вежбаат и побрзо се враќаат во форма по породувањето. Можам да кажам дека ако сте потполно здрави , нема потреба да ја „губите“ воопшто , за да ја „враќате“ формата. Враќањето во сала по породувањето треба да го правите постепено и без разочарувања. Ако сте биле дисциплинирани пред и за време на бременоста, верувајте брзо ќе го постигнете темпото кое го сакате на вашиот тренинг. Лекарите пред 20 години биле категорични дека за време на бременоста треба да се избегнува било каква физичка активност, подоцна „попуштиле“ за професионалните спортистки на кои им било дозволено вежбање. Денес, не само што го препорачуваат туку сугерираат единствено да внимавате на срцевата работа да не биде повеќе од 140 bpm. Секако, нема да ви падне на памет бремени да јавате коњи, да скијате, да скокате банџи или да се занимавате со скуба нуркање :) Убавината на една млада мајка не е во нејзиниот физички изглед, туку во широката насмевка и сјајот во очите што и го подарува радоста на мајчинството. Но, сепак имајте на ум, дека грижата за вашето малечко, почнува преку грижата за своето тело. Секое бебе заслужува здрава и насмеана мајка. За авторот
|
|
|
|