RE: Најлуда работа (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Martins mom -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 10:22:54)

Глупости од мене колку сакаш и се тоа спонтани, ненамерни, чисто случајни глупости[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Една од нив е кога отидов на испит малку поднапиена[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Испитот беше на 7 април, а јас на 6 април вечерта славев роденден, гости до сабајле и онака у топ форма, без спиење, си појдов на испит[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Испитот беше по техничко цртање, требаше реален машински дел да го претставиме на хартија (од 3D на 2D[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]), а мене се ми се гледаше дупло...ни линијар, ни шестар, ништо не сум земала, само еден онаков плав, ѕидарски молив сум начекала во ранецот и си цртам и ете ти го професорот иде и ме прашува дали знам што полагам, а јас таква сигурна во себе, па да, знам - техничко цртање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] И тој ми вели..техничкото цртање се прави со технички молив, а те гледам ти не си во форма колешке, баш ме изненади, те немам видено во вакво издание...ај сега собери си ги реквизитите и дома на спиење[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley9.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley9.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley9.gif[/image]
Кога се свестив што направив...лелеее[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] И трк утредента в кабинет да се извинам, му објаснив дека славев роденден, се излижав некако[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley17.gif[/image] Се разбра човекот...ми рече ајде без гајле, ти си солидна студентка...на секој му се случува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Martins mom -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 10:31:28)

На излегување си седиме со друштвото во еден кафич, масите беа многу збуткани една до друга, насобрани еден куп народ и јас објаснувам нешто, мафтам со рацете и си мислев столчето на кое седам дека има рачки и наместо да се фатам за рачките, јас го фатив непознатиот дечко што седеше на масата до мене, за ногата најгоре[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Тој инстиктивно ги подигна рацете нагоре, во стилот "се предавам" и почна да ми се смешка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Сите ми се смееја[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley9.gif[/image] После цела вечер не можев да се откачам од типот, ме следеше кај што одам, ми бараше телефонче...се убив дури да му објаснам дека беше ненамерно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 10:41:05)

[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Како не се сетив порано за ваква тема - колку луди идеи сме имале, лудувања [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] - откачени жени [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Јас еднаш на мирц, на времето, се најдов со еден дечко. Си разменавме бројчиња од фиксен (не беа тогаш во мода мобилните) и ми текна да го побарам (ми се допадна муабетот со детето [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] ). Му се јавувам, кога по краток муабет - испадна дека ми е сосед и другар на брат ми - двата се смеевме ко несалам и ден - денес се потсетуваме на тоа. Инаку многу добро и духовито другарче, како брат го сметам.




linak -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 10:45:59)

пред неколку години имав дечко кој ми беше онака занимација за летото бидејќи беше досадно,а истовремено и еден многу убав тип кој ми се допаѓаше од факултет,ама бевме онака на другарски муабет како си што си,но имавме разменето и броеви од тел.Еден ден си дремам јас дома а времето жешко пекол кога ми стигнува порака од колегата на факултет,и нормално порака за порака ми вели ајде вечерва ќе одиме во викендицата кај него,таму ладно е.Леле јас целата радосна прифатив,ама сега што да му кажам на ''дечкото''.И се слушнав со него му велам јас вечерва не излегувам ќе доаѓа братучетка ми да се видиме,и тој ок.Излегувам јас така средена на договореното место со колегата од факс и си чекам,кога од спротива на улицата доаѓа некој со иста физиономија како тогашниот дечко,а бидејќи беше темница слабо се гледаше дали е тој или не.Мене во тие 30сек нозе ми се пресекоа,не знаев каде терам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ама како си одеше по улицата човекот сватив дека не е тој туку дека само си личат физички,и ми дојде душа.Потоа дојде колегата и тргнавме во шема[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]на оваа случка секогаш се смеам,ама вредеше ризикот за пријателот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]а тогашниот дечко не ни разбра за ова[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Martins mom -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 12:57:11)

Кога бев средно си имав еден симпатија што го бркав доста време.Тој беше малку постар од мене, на факултет беше и е онака културно, фино, одмерено момче[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Се запознавме една вечер во диско и пошто беше гласна музиката, си разговаравме на уво...јас таква целата радосна, зборам ли зборам и уз муабетот, ни јас сама не знам како ми се случи тоа - му го гризнав увото[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley9.gif[/image] После тоа тој чудно ме погледна и си замина со изговор дека има некоја работа...Кој знае што си помисли човекот за мене, кој знае што му поминало низ главата за мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Никогаш повеќе не си зборнавме...само онака попатно здраво[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Џесика -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 13:05:50)

Хахахахааааааааааааааа  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 13:34:13)

имам доста лудости кои сум ги направила али еве една да издвојам
во имав еден пријател од Куманово и беше дојден тука кај негови роднини,преку ден шетавме што шетавме и се договоривме навечер да излеземе и бидејки ми беше по пат каде што живеев му реков да биде спремен јас ќе му се јавам(на фиксен)и да излезе на патот и тераме...арно ама јас наместо на него сум се јавила кај една другарка а дечково се викаше Драган и брат и на другарката Драган...и Драган си е Драган [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]кога се јавив овој мртов ладен јас прашувам готов си?Овој одговара готов сум[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Јас ај излези надвор јас идам...одам надолу Драган го нема[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley24.gif[/image]и ни две ни три одам да го викам од кај неговите роднини па и силна се расправам зашто не ме чека на патот а овој се чуди не сум му се јавила...мислев ме зеза и ништо...излеговме,таман стигнавме во кафичот ете ја другарка ми изнервирена брат и се расправал со неа зашто јас сум си играла мајтап сум му се јавила да излезе да ме чека[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]а јас појма немав дека кај нив сум се јавила тоа беше печатна грешка за еден број што сум промашила[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




vesna1 -> RE: Најлуда работа (26.7.2010 10:10:47)

I jas imam napraveno nekolku ludi raboti. Edna od tie bese koga ima 13 godini i po kazna dedo mi mene i bratucetka mi ne zakljuci na gorniot sprat od kukata. Jas bidejki gledav mnogu filmovi gi zemav carsafite od babami gi vrzav vo cvor i se spustiv po niv pravo vo dvor. Arno ama me videla komsikata i go izedov najgolemiot kutek vo mojot zivot.
Druga rabota na fakultet polagav eden ispit kaj mnogu strasen profesot. I drugarka mi koja studirase medicina mi dade nekoj apcinja za strav i mi rece ispi 1/4 od apceto. A jas sabajleto  si vikam malce e 1/4 ke go ispijam celoto i go ispiv celoto. I otidov na ispit vlegov i gi gledam zadacite i me mrzi. Me fati nekoe razmisluvanje pa zosto da se macam da gi resavam, ako padnam pa sto ako padnam,i taka mesto da gi resavam zadacite jas si crtkav kvadratcinja i zvezdicki na listot i gi gledam drugite se macat resavaat i si mislam sto se glupavi pa zosto se macat. I taka nisto ne napraviv na ispitot. Koga pomina dejstvoto na apceto ke ja ubiev drigarka mi, a taa mi rece pa ti rekov da ispies 1/4. Od togas nikogas ne piev nisto.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




lukas -> RE: Најлуда работа (22.9.2010 14:48:46)

se iznasmejav znaci ahahha..
eve nekolku gluposti od mene
eden decko mi se pustase i jas go odbivam go odbivam i trgnav da begam i toj pocna da idi zad mene i kako so odev da begam si rekov a be budala so ne se fatam,ahhaha i koga se svrtiv kako vo filmojte za da go bacam se aknav vo parkirano kombe,i neznaev kaj teram izgleda toa bilo znak za NE,vo sredno pred eden simpatija se prepravav odev kako pufla i dodeka me gledase toj jas aknav v provalija,po vina na drugarka mi pustiv noga da preskocam taa me trgna i nogata moja zavrsi vo dupkata a jas nastrana si lezev..sramoj zivi,a lele od ova nezz sekogas ke go pamtam koga odev ednas so eden sedevme v kola i toj pred nas sto sedese isto v kola ni blendiurase celo vreme i neznaevme za so ni blendira,i koga odev so eden drug 1 god,mu kazuvam na drustvoto negovo so ni se sluci edna vecer i si kazvam jas i mu vikam na decko mi kazi mu vika toj so ni blendirase a?toj celiot so prasalnici,posle ko mi tekna deka to ne bese so nego otvori se zemjo goltni me...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]ima uste mnogu biseri vakvi od mene ama ne mi teknuvaat sega!!




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]