Snowhite RR -> RE: пилатес (30.4.2010 0:31:41)
|
3 причини зошто вежбите со топка се топ Вежбите со топка не само што се забавни туку во последниве неколку години станаа тренд што го следат сé поголем број жени. Но, зошто е тоа така? Која е причината поради која жените попрво би се одлучиле да вежбаат со топка отколку на справа. Еве каде лежи одговорот: Вежбите со топка се поефикасни во споредба со вежбите на фитнес-справи. Во неодамнешната студија на научниците од Онтарио, Канада, се вели дека девојките што правеле стомачни вежби на топка имале подобри резултати од тие што правеле вежби на под или со помош на справа. Која е тајната на топката? За да вежбате на топка, потребен е баланс. Топката не е рамна површина на која ќе легнете и ќе работите само со една група мускули. Ги активирате мускулите на нозете, половината, грбот и стомакот. Со нивна помош вие всушност останувате на топката. Со ниедна друга справа не сте во можност да активирате толкава група мускули истовремено. Фитнес-топките влијаат охрабрувачки да се истрае во тренингот. Топката е практична и можете да носите со себе каде било. Дали е тоа дома или на одмор, немате причина да прескокнете тренинг. За да не се мачам и да барам изјави од други девојки ќе ви го кажам моето искуство. Ова лето, во куферот направив место за мојата топка. Бидејќи другите спиеја до доцна, утрото го користев за вежбање до базенот. Не само што е забавно, вежбањето со топка е одлично за здравјето и духот, а и економично е. Не мора да станувате од кревет по работа, па со автомобил да одите во сала. Колку често се случува да уплатите часови и да ве мрзи да отидете до местото, не дека ве мрзи да вежбате. Затоа со топката нема да го имате тој проблем. За викендите ќе можете да вежбате во група, со пријателките, како дополнителен мотив. Секој може да има полза од вежбите со топка. Нема правила за тоа кој може или смее да вежба со ова револуционерно помагало. Секој од 8 до 88 години, без оглед на тежината, може да вежба со топка. На пример, на машките деца не им е дозволено да креваат тегови во раната возраст за да не добијат кила. Но топките се лесни, интересни и наменети за секого. Навистина чувството е уникатно, ве враќа во детството и ве расположува.
|
|
|
|