ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Хуманост



Порака


Палешка РР -> ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 15:18:39)

МИНУТА ОД ВАШЕТО ВРЕМЕ ЗА ВЕЧНА ЉУБОВ МЕЃУ ДВЕТЕ ДЕВОЈЧИЊА И
МАМА ЈАЊА


Драги корисници на Рингераја.мк, Рингераја.ба, Рингераја.рс, Рингераја.хр, Рингараја.нет, Miobambino.it.

Рингераја.мк е исправена пред, најверојатно најголемата потреба за поддршка, од било кога досега! Нашите залагања за помош на Јања Батич, не вродија со плод и покрај сите напори и желби за позитивен исход во случајот “Посвојување на две ромски близначиња од Македонија”

Бидејќи нашите мајки, а веруваме и сите мајки од Балканот, неможат да стојат со скрстени раце и немоќно да чекаат, Тимот на Рингераја.мк ја покренува АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ за поддршка на Јања Батич и двете близначиња кои ја чекаат својата мајка.

За да добие на сериозност сета акција, потребни ни се вашето Име и Презиме, ЕМБГ(матичен број) и државата од која потекнувате.

Рингераја.мк се обврзува дека податоците кои ќе ги испратите ќе бидат искористени САМО за оваа акција и НЕМА да бидат користени во други цели!

Оваа петиција, овој апел е само еден показател кој зборува дека сме свесни граѓани на оваа држава и дека имаме достоинство! Заради тоа Ве повикуваме да помогнете при овој обид за решавање на случајот, со што на децата ќе им се обезбеди пристојно живеалиште и родителска љубов.

Писмо со петицијата ќе испратиме до органите надлежни за посвојување и до Министерството за труд и социјална политика. Ве молиме вашите податоци да ги испратите на filantropija@danu.biz со наслов -За поддршка на акцијата Минута од вашето време за вечна љубов меѓу двете близначиња и мама Јања-

Поддршката за Јања во темата Агнес ги очекува близнаците, продолжува и понатаму со впишување на никовите, оваа акција е за сите членови кои сакаат да помогнат на поинаков начин.  

Знаејќи дека ќе одговорите на овој наш повик однапред Ви благодариме!




Тимот на РР    




Viktori -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 15:33:15)

смеам да го објавам на фејсбук така? (веќе го објавив додуша ама ај да си прашам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] )

затоа што имам многу другарки кои би испратиле име и презиме а не се членови на рр....




vezilka RR -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 15:37:40)

Не сака да ми го прати меилот..Не знам зошто [sm=zmeden.gif]




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 16:04:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Не сака да ми го прати меилот..Не знам зошто [sm=zmeden.gif]


Драга мора да може, бидејки веке има успешно стигнати мејлови, внимавај нешто погрешно да не внесуваш во адресата, уште еднаш еве ја адресата за испраќање: filantropija@danu.biz




vezilka RR -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 16:15:39)

Добро е сега се прати изгледа нешто сум згрешила..




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 16:18:56)

Под ЕМБГ се подразбира матичен број, стигнуваат некои маијлови со друг податок не матичен број, Ве молам внимавајте внесете матичен број.




Тања РР -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 16:21:01)

Нешто не е во ред со линкот поставен на фејсбук. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




STRUMFETA -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 16:22:17)

neznam zosto ne uspeav[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 17:11:34)

штумфета драга единствено само грешка во е-адресата може да прави проблем, пробај уште еднаш: filantropija@danu.biz




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 17:12:59)

Ставете го линкот http://www.ringeraja.mk/statija/minuta-od-vasheto-vreme-za-vechna-ljubov_672.html на вашите профили на Facebook испратете го до сите пријатели преку е-mail и помогнете да се собереме во ГОООЛЕМА бројка. Поддршка веќе стига...




Bitolcanka -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 17:25:05)

Само што пратив mail и го објавив линкот на фб. Сигурно ќе ги надмине сите бројки оваа петиција [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]





niki -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 17:53:15)

Пратив меил, се надевам дека некој ќе ја прочита петицијата и Агнес ќе ги добие близначињата.
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Деновиве ретко се вклучувам и кога ги читам новостиве не ми се ни пишува. Тажно е колку труд човек треба да вложи за толку прости и едноставни работи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
Петиции, писма, амбасади, медиуми..... што уште не, за да се мрдне од точка на стоење. Ептен држава имаме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 18:18:54)

Тука ке се пребројуваме и известуваме за бројот на луѓето кои ј аподдржуваат петицијата. Засега се само 11 поддршки пристигнати.... се надевам дека овој број ќе биде смешен само по кратко време.... Проширете ја информацијата и помогнете да стигне помошта за Јања!




AnnaMolly RR -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 19:36:29)

Пратив мејл, објавив на фејсбук. Се надевам дека што повеќе луѓе ќе го поддржат ова зашто мама Јања заслужува да биде среќна со двете близначиња




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 19:54:17)

17 поддржувачи на акцијата до сега.... продолжете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 20:26:15)

веќе бројка од 29 поддржувачи [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




suzeto -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 20:30:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Под ЕМБГ се подразбира матичен број, стигнуваат некои маијлови со друг податок не матичен број, Ве молам внимавајте внесете матичен број.

kade da vneseme maticen broj kaj mene ne izleguva za maticen nego samo za poraka




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 20:33:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto


ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Под ЕМБГ се подразбира матичен број, стигнуваат некои маијлови со друг податок не матичен број, Ве молам внимавајте внесете матичен број.

kade da vneseme maticen broj kaj mene ne izleguva za maticen nego samo za poraka


Треба да пратиш e-mail до filantropija@danu.biz и да внесеш Име Презиме, Матичен број и Држава

Пример: Клара Поповска, матичен број 012349877665, Македонија




Палешка РР -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 20:36:21)

Прекрасно! Се радувам што има толку поддршка, а ќе има и уште повеќе, само да се вклучат сите држави. Акцијата наиде на голем одзив!

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Џесика -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 20:47:07)

Ете и јас се ставив, да се надеваме дека ќе наидеме на решение




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 20:49:46)

Веќе сме 44 на број [sm=bravo.gif]




suzeto -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 21:01:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie


ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto


ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Под ЕМБГ се подразбира матичен број, стигнуваат некои маијлови со друг податок не матичен број, Ве молам внимавајте внесете матичен број.

kade da vneseme maticen broj kaj mene ne izleguva za maticen nego samo za poraka


Треба да пратиш e-mail до filantropija@danu.biz и да внесеш Име Презиме, Матичен број и Држава

Пример: Клара Поповска, матичен број 012349877665, Македонија
toa treba kako za poraka stom pisuvame dolu vo praznoto pole




Julie1 -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 21:08:59)

Одам да одмарам само уште последна бројка 67 поддржувачи [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




blue_blue -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 21:37:39)

пратив..ваљда е ОК. Него зошто само писмо до надлежните институции? Тие ќе си го стават воп фиока и пак ништо. Милслам дека треба да се крене поголема галама и да се бара да одговорат кои услови не ги исполниле Јања и мажот и и на кого ќе му ги дадат близначките да ги посвои и се ова фино лепо на ТВ и во весници...




Палешка РР -> RE: ПЕТИЦИЈА - Минута од вашето време за вечна љубов...- (28.7.2010 21:41:23)

Голема благодарност за предлозите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Верувам дека Јања и Примож ќе одлучат што е најдобро да направат.

Имаме 84 поддржувачи досега [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]





Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>