RE: Посвета за Среќен брак (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


Snowhite RR -> RE: Посвета за Среќен брак (24.11.2010 12:12:12)

Еве една ама за Среќен роденден

Имај толку здравје, за да ја зачудиш медицината! Толку среќа за да ти завидат и ангелите. Толку љубов за ниту историјата да не може да ја запише. Толку пари за да ти завидат и милионерите. И толку среќни моменти што ќе ги делиш со сите околу тебе! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!




Maca25 -> RE: Посвета за Среќен брак (19.8.2012 12:26:58)

Рингерајки, дајте некоја идеа за посвета!! Другарка денес прави свадба, па не знам што да пишам на картичката.




Snowhite RR -> RE: Посвета за Среќен брак (19.8.2012 12:34:18)

Маца имаш убави посвети поназад на темава прочитај ги, можеби ќе најдеш соодветна некоја[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Посвета за Среќен брак (19.8.2012 12:38:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Јас имав една многу убава, мене што ми ја пратија за вердибата, ама не можам да ја најдам, беше нешто вака:
„Велат дека животот бил тежок пат да се оди сам, затоа ти треба сопатник....“нешто така беше не ми текнува
ајде предложете нешто вие што пишувате на картичките

Еве ја најдов точно како е

Велат дека животот бил многу долг и тежок пат за да го одиш сама...па затоа ти треба доживотен сопатник. Со среќа (или Среќен брак)




Maca25 -> RE: Посвета за Среќен брак (19.8.2012 13:26:18)

Ги прочитав Сноувајт, ама мислев уште некоја идеа да даде некој...па некој микс да направам! [sm=smiley1.gif]




Maca25 -> RE: Посвета за Среќен брак (19.8.2012 13:33:54)

Најдов!!! хехех

Со мир во душата
Со верба во Бога
Во слава на Вашиот зеднички живот
Да си простувате
Да се радувате
Да се сакате
Да се почитувате
И бериќет домот Да е полн
Со многу деца на број
Среќен брак!
--------------------------------------

Среќата не се купува,таа е производ помеѓу двајца кои се сакаат и разбираат и сето тоа е крунисано во нешто најсвето-БРАК.
Бидете среќни,весели,благословени и уживајте во животот секој миг зошто тој е еден и единствен.
Среќен брак!
---------------------------------------

Нека љубовта Ваша немерлива и ритамот на срцето во едно што бијат ви ја исполнат иднината со среќа,радост и успех!
--------------------------------------

Брак е операција при која женската суета и машкиот егоизам се отстрануваат без анестезија.
--------------------------------------







Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]