RE: Облекување на бебе во лето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Ilina87 -> RE: Облекување на бебе во лето (24.5.2014 13:18:09)

Мамички, како ги облекувате сега бебињата? Еве се затопли, не знам како да го облекувам. Носи боди со долги ракави и слаба блуза и тренерки, ама се мислам да не му е жешко. Некогаш го оставам само по боди и тренерки. За спиење уште го ставам во вреќа и не го покривам, но се поти и така, а од друга страна ми е страв дека се отскрива да не настини. Живееме во куќа и дома е нормална температурата, уште не е многу жешко.




cacisk -> RE: Облекување на бебе во лето (24.5.2014 16:35:36)

И јас сакам да знам ова време како да се облече бебето. Утре ми е краен термин и кај и да е треба да се породам а не знам како да го облакам.Дали по долги или по кратки ракави? Што ми препорачувате вие?




LoveableMe RR -> RE: Облекување на бебе во лето (24.5.2014 17:56:20)

Cacisk, баш се прашувавме каде си[sm=bravo.gif]. Те пишавме во Последните недели, денови пред пороѓај. Пиши што носиш машко или женски и пиши кога ќе се породиш. Со лесно




Felly RR -> RE: Облекување на бебе во лето (24.5.2014 22:29:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: cacisk

И јас сакам да знам ова време како да се облече бебето. Утре ми е краен термин и кај и да е треба да се породам а не знам како да го облакам.Дали по долги или по кратки ракави? Што ми препорачувате вие?

Цациск, мислам дека најсоодветно би било боди по кратки и шпикозни по долги. Не знам, ама мене за новороденче уште не ми е толку топло за да биде само на кратки ракави. НИе сме 4 годинки, па сепак кога сме дома - внатре е поладно, и понекогаш над блузичката (со кратки ракави) и облекувам тренерка. За мало бебе, јас колку што имам читано се препорачува едно парче облека плус од тоа што ќе го носиш ти. Тоа е навикнато на температуата на мајката, па според тебе ќе гледаш и тоа да биде облечено.
Илина87, не знам колкаво е твоето [sm=duda.gif], но истото што го пишав погоре би важело и за вас. Ако сметаш дека му е жешко, стави му само боди и блузиче, или боди и тренерка. АКо ти си само по блуза и температурата тие е ок, тогаш на [sm=duda.gif] сигурно му се многу три облеки.




mommy_angels RR -> RE: Облекување на бебе во лето (25.5.2014 11:22:30)

Ова времиштево не ни дозволи да се адаптираме.Не можам уште во глава да смислам дека од полнетиот елек поминуваме по кратки ракави.
Цациск и Илина 87 и јас би рекла како Фели,за бебенце е рано да биде само по боди,ама нели нагло затопли па според мене идеално решение би било боди по кратки ракавчиња и шпихозни или потенко блузиче и тренерче надолу.
Јас на моево обавезно му оставам боди без ракави и одозгора маиче по кратки иако е две годинки.




Ilina87 -> RE: Облекување на бебе во лето (25.5.2014 16:02:27)

Фала на одговорите. Многу нагли промени на времето има, уште не навикнати сега треба по кратки да шетаме. Инаку моето [sm=duda.gif] има 8 месеци.




cacisk -> RE: Облекување на бебе во лето (25.5.2014 17:21:28)

Фала ви милички многу на одговорите. Имам јас купено 3 пара бебешки пижамчиња со бенкиче. и имам неколку боди по кратки се надевам барем еден месец додека потпорасне ќе завршат работа. Сакам утре да купам боди по тенки прерамчиња-ако најдам.




Lacrymosa -> RE: Облекување на бебе во лето (25.5.2014 18:11:52)

па мене ми е некако грев да ја гледам и со боди и со блуска надвор а мене ми иде кожинката да си ја одерам од што ми е топло... па ггреотичка е ... а од друга страна страв ми е да ја рассоблечам зш сме мали.. имаме 7 месеци




sandriana RR -> RE: Облекување на бебе во лето (26.5.2014 12:59:05)

cacisk и mommy-angelsRR, постовите за пристигнување на бебушот ги префрлив во соодветна тема ТУКА




AnnaMolly RR -> RE: Облекување на бебе во лето (26.5.2014 13:13:17)

Женски, мој совет е слободно да ги разголувате децаа. Син ми се роди на 13 јуни, пекол лето. До крајот на јуни го облекував со тенко боди на долги, пантолончиња и чорапи. Ама од јули, значи на возраст од 2 недели, тој беше облечен само по боди на прерамки и боси ноџиња. Замислете некој вас да ве облече во хулахопки и долги тренерки на 30 и повеќе степени. Па греота се :) Еве сега има 4 години, веќе една недела навечер спие по пижами по кратки ракави, без долна маичка.




Melanija RR -> RE: Облекување на бебе во лето (26.5.2014 13:48:03)

Ние сме 9месеци и таман е време да се накупува бодиња со кратки и без ракави.Овие два дека по дома е неколку саат на боди со долги,тренерки и чорапи,ама бидејќи сме во ладовина после му облекувам блуза на долги секако тенки се.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR
Јас на моево обавезно му оставам боди без ракави и одозгора маиче по кратки иако е две годинки.


Инаку јас сум за ова и секогаш за боди.Еве комшиско бебе вчера на 5 месеци беше со маица на кратки без боди и доле шорц ,ете личен избор




Felly RR -> RE: Облекување на бебе во лето (26.5.2014 23:04:09)

AnnaMolly,па никој не рече по хулахопки и тренерки на 30 степени. Муабетот беше за ова време баш сега, кое е малку променливо, а не за „пекол лето“.
Еве и ТУКА има доста корсини совети за младите мамички кога бираат облека и обувки за своите [sm=duda.gif]




deluxe -> RE: Облекување на бебе во лето (27.5.2014 0:15:55)

Јас на моиве деца,кои се родени сред лето,им облекував памучно боди со ракав или без ракав и чорапчиња.Кога беа големи жештини и без чорапчиња си беа.Така сега[sm=duda.gif] на 22 месеци веќе се шетка по боди на кратки ракави,кратки пантолончиња и чорапчиња.А кога ќе фатат жештините и пелената ќе ја фрлиме[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Ilina87 -> RE: Облекување на бебе во лето (27.5.2014 17:44:06)

Фала женски за советите
[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Облекување на бебе во лето (28.5.2014 0:53:41)

Значи ние лани сме биле мали ова време и нели и лани беше истото целото време врнеше и беше така променливо.Малиот бил околу 6 месеци и јас му облекував значи боди на кратки ракави и некоја тенка блузичка озгора и надолу некои тренерчиња или панталончиња без холохопки.Времето е навистина топло надвор и полошо е ако ги облекуваме многу децата.Многу е подобро да се облечени помалку затоа што само се потат ако се облечени со повеќе облека.А сега баш за ова време јас мислам дека слободно може да си се облекуваат бебињата со бодиња на кратки и надолу без холохпшиња.Е сега се знае ако подзалади времето ептен како вчера што беше едни холохопчиња и нагоре може плус и некое џемперче и нема потреба според мене веќе од боди на долги ракавчиња.Мене верувале или не така ми стојат ние и во зима си носиме боди на кратки.




Dilina -> RE: Облекување на бебе во лето (28.5.2014 18:38:31)

Браво Дефне, Јас сум за за да не се пренатрупуваат децата со алишта, туку да се навикнат на средината во која ќе живеат, секако се подразбира, да не се оставаат да премрзнат, ама шо е доволно за нас тоа и за него... е сега јас ќе се породам во јули... или крај на јуни (моја претпоставка од пуста желба хаха) [sm=smiley36.gif] и незнам за новороденче дали треба да му облечам шпикознички.. еве денес земав и две комплетчиња пиџамички (бенкиче со + памучни пантолончиња со ногавички)
Дали тоа со боди ќе му биде многу на новороденче во месец јули? Со оглед на тоа дека сме во Ск и е ужас топло преку лето?




sonc90 -> RE: Облекување на бебе во лето (5.8.2014 14:08:07)

nie samo prvite 10tina dena bevme so spikozni i posle pocna da stanuva nervozna i izleze deka i bilo zesko pa od togas pa navaka e samo na bodi po kratki i corapcinja i eventualno ako e poladno nekogas i oblakam od gore bodi na kratki a dole onie pantoloncinjata so stapalca i tolku...mn e skletdzika mojava,ne saka toplo ama ic!




Dilina -> RE: Облекување на бебе во лето (7.8.2014 15:00:50)

Ете дојде време и тука да го пишам искуството, јас изнакупував пар милион бодиња од кои ни пола не и ги облеков од што и беа мали, ама и од што е мн топло кај нас. Цел ден ни пече сонце а вентилаторот нонстоп врти, еве собрав сила да го ставам во спална кај што спие... и облакам само боди, и тоа дење гледам да е без ракави (кимона) и да е што по тенко зошто на бебе му требаат околу 20 степени а кај нас е стално 30 и кога цица се мачи пустото што ми е во раце а уште е мала треба да сака да се држи, па ради жешкото и тоа не и е убаво [sm=smiley19.gif] и сега чорапчињња и по долги се што сум купила џабе [sm=smiley36.gif]




Dilina -> RE: Облекување на бебе во лето (7.8.2014 15:02:41)

и да се надоврзам чорапчиња не користиме ич, ама ич па ни ноќе, стално сме со голи ноџиња, ама кога ќе осетам дека и е ладничко ја покривам со едно пеленче ...




sonc90 -> RE: Облекување на бебе во лето (7.8.2014 22:00:53)

dilina jas ko sto znam mora corapcinja zaso malite bebinja deka ne odat seuste zatoa nemaat cirkulacija vo nozete kako site ostanati pa im se potrebni corapcinja,mislam sepak tvoe si e ama jas taka znam i zatoa na mojava i oblakam inace da e do mene samo po peleni bi bila cel den,greotka,ja gledam kako se nervira od zeskovo a ne mozam da ja razladam nikako,uste e mala,ne moze so mlaka voda,ne moze gola,ne moze nisto...i kaj nas e ista pesna,puka 30 stepeni,ventilatorot denje-nokje vrti,a i detevo samo u race saka,vo race si sedi budna,vo race spie,vo race se mi pravi i uste tolku pozesko i e...se mislam sega koga ke projdat 40 dena da izbegame vo vikendica na poladno,da oseti vozduh detevo...aj jas zabegav od tema epten,pozz




Melanija RR -> RE: Облекување на бебе во лето (7.8.2014 22:51:42)

Искрено дали 2-3 дена во неделата е топло и тоа докај 18часот, така што ладни простории и вентилатор не е баш потребно провев не.За облекување точно дека бебињата немаат повеќе циркулација бидејќи не се движат и не претат па екстремитетите се поладни.Јас сум за средина ,ако се почуствува поладни стапална не е лошо малку чорапче.
Се зависи и од домот,еве денес М (11 месеци) цел ден е со чорапи[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Облекување на бебе во лето (8.8.2014 0:27:30)

Во однос на вентилаторот во соба со бебе, може и на ОВАА ТЕМА да дискутираме - Бебе и клима. Мамички, пишете во соодветната тема, дали и како користите клима/вентилатор во присуство на бебето.




lukajana RR -> RE: Облекување на бебе во лето (6.5.2015 23:49:06)

Женски како ги облекувате бебињата овој период?
Јас на Ј и облекуван боди со кратки и блузичка со долги, чорапчиња и хеланки и се мислам дали и е жешко или ладно,таа е нон стоп жива вода во главата и незнам дали е многу или малку облечена зашто има 11 месеци и цел ден е во движење[sm=zmeden.gif]




Malecka23 -> RE: Облекување на бебе во лето (7.5.2015 13:17:01)

Mislam deka mozes slobodno da i obleces bodi na preramcinja i maicka so kratki.Toplo e da ne recam mn e sparno.Jas Mila bas vcera ja imav obleceno vo kratki gore i dole i ziva voda bese cel den a Marko bodi na preramki i bluzicka so kratki i edni pantaloncinja epten tenki so dolzi so stapalce i ziva voda bese detevo pa go oblekov i nego skroz na kraatki.Denes se i dvajcata so dole dolgi gore kratki.Grevcinja se na vremevo i niv im e toplo poseno sto se s'kletcii




sonc90 -> RE: Облекување на бебе во лето (8.5.2015 14:22:22)

vcera bidejki vrnese i bese posvezo jas malata ja oblekov so tenki trenercinja(tenki kako pizami) na nozete a gore po bodi i bluzicka po kratki a dva dena prethodno po bodi i spikozni po kratki AMA mojava e goooolema skletdzika...i obavezno so corapi i vo dvete kombinacii...bez razlika sto i da nosi corapi celo vreme i stavam na nozete zaso neli velat cela toplina od nozete doagjala...a navecer za spienje bodi i dolni pizami bez corapi i so potenko kebence pokriena,ne i go stavam vekje zimskoto kebe...mislam deka zavisi i vo sto ziveete,sepak vo kukja e poladno a vo stan potoplo...na primer nie ziveeme vo stan ama na prv sprat i e posvezo a koga ideme kaj moite (oni ziveat na vtori i denovive bese dosta toplo kaj niv) oblecena e samo po bodi i corapcinja...inaku ova ni se kombinacii od 1 maj pa navaka




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]