LoveableMe RR -> RE: Имав успешна ИФВ постапка на забременување во... (12.2.2014 16:27:48)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue Јас IVF имам едно и доста ми е [sm=smiley36.gif] не беше прво па машко додуше, туку прво (и за мене последно) па две женски, ама така сакала универзумот. Бев пациент на Д-р Лазаревски 2 години. Од 2005 до 2007. Иако му благодарам за се што направи и немам никакви замерки за неговата стручност односот на персоналот (а и неговиот) не ми одговараше. Ми беше стрес секој пат кога требаше да закажам, тој на ниеден преглед немаше поима која сум (а кај него правев лапаро со хистероскопија и отсратнување на септум) и целата атмосфера во болницата ми беше одвратна. Имав 2 инсеминации кај него, една биохемиска бременост на приорден циклус по најприроден пат без никакви стимулации. И кога од никаде онака ми шлапна у фаца дека треба да правам ИВФ јас раскрстив со него. Се префрлив кај Петановски во Ремедика. Имав таму една инсеминација неуспешна и следно беше успешносто ИВФ. ЕТ ми беше на 18 декември 2007. Во тоа време јас имав на работа колешка од Хрватска со која турбо работевме (ја испратив дента по стоп -прегнил инекцијата), ја завршував мојата прва книга која ја издадов на 30.12.2007 и бидејќи на никого му немав кажано за ИВФ и генерално низ што проаѓам - не од срам или нешто слично туку за да се заштитам себе од постојано разговарање на темата, лажни очекувања и бордење дека ќе биде, сверкрва ми му се јавила на маж ми дур ме цекаше да излезам од ЕТ и му кажала дека не чека на Св. Никола кај неа дома. Од болница директ таму отидовме, а следниот ден дека имав земено одмор и помагав да спрема за слава и пак бев кај неа. После беше викенд, не станав од компјутер завршувајќи ја книгата, а во понеделникот си продолжив на работа најнормално полно раб време. После нова година на 2.01. 2008 имав позитивен тест преку крв....И си продолжив нормално на работа. Ко што пишав погоре никогаш не се осеќав дека имам ризична бременост, никад не помислив дека нешто не е ОК со моите бебиња. Првиот преглед докторот ми рече дека едното не е баш како што треба во овој момент и можно е да го изгубам односно да не се развие...Ја не му поверував. Имав две бебиња и ќе родам две...Така и беше...Ова го применувам за се во животот, еве моите деца во сеп ќе тргнат во школо. Четврта година се во градинка и никогаш не биле сериозно болни...не ги влечам по лекари секој пат кога ќе закашлаат и кога ќе дигнат температура и кога ќе им се затне нос. Едното девојче на две ипол год ми имаше пнеумонија. Матичната ми рече - ќе и го сменам антибиотикот, не е добро...ако нема подобрување ќе идете во Козле утре. Јас само и договорив - не идам таму, ќе и биде добро...Така и бидна...Позитивна мисла е многу важна работа, имајте ја и многу ствари ќе изгледаат другачие и некако „чудно“ ќе ви се случуваат онака како што си замислиле. Поздрав до сите кои се во постапка и многу позитивни вибрации - што е ваше ве чека некаде ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86 blue_blue после се ова можам да ти кажам само едно големо БРАВО!!! Браво за храброста, самодовербата и позитивните мисли.... Like [sm=smiley20.gif]
|
|
|
|