дали го лупите овошјето или зеленчукот? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


mami -> дали го лупите овошјето или зеленчукот? (30.7.2009 9:38:00)

Препорака на СЗО е дека секое овошје, зеленчук треба да се излупи пред јадење. Знаеме дека на многу места пишува дека во лушпата има најмногу витамини, но што е со оние отрови кои се исто така таму а доагаат со прскањето на растенијата? Јас на Лука сеуште му лупам скоро се, од причина и што нема доволно запчиња за да си ја прегризе сам лушпата а и за да не трујам уште од мало, а за себе никогаш не лупам ништо




Еца -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (1.8.2009 8:15:25)

И јас сакам да и ги лупам јаболките, крушите и праските на Мартина, но таа јас како лупам таа си зема од лушпите и јаде, и затоа почнав во кујна да и го лупам па и давам да јаде, но таа го одбива и бара нелупени[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Natasha5 -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (1.8.2009 16:08:28)

Jas nikogas ne go lupam ovosjeto,zboruvam za mene koga go jadam.A na Jana ke vidime ima vreme,ke vidime dali ke lupime ili ne.




big_mama817 -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (2.10.2009 15:10:19)

зависи од овошјето или зеленчукот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mami -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (2.10.2009 15:13:50)

леле и Лука не сака нелупено..гризе нелупено јаболко и после само ми ја плука лушпата, многу е смешен, а ако му го излупиш ке го изеде ама не со толку мерак..јаде и грозје само зависи од сортата- некое може да го јаде со лушпа а некое не- па тато лупи и грозје




profesorica -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (2.10.2009 15:21:59)

обавезно го лупам овошјето и зеленчукот, точно е дека во кората има витамини но исто така и пестициди здобиени преку прскањето на истите.не прскано и нелупено јадеме од двор кај моите.




ivche -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (2.10.2009 15:33:44)

го делам мислењето со професорица, обавезно лупење, освен ако е од двор и не прскано. како што сме преплавени со бактерии посигурно е да се лупи. еден од начините да закачиш ешерихија коли, е да јадеш недомиено овошје 




mother 29 -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (8.10.2009 12:43:45)

овошјето и зеленчукот од дворот не му го љупам,си грицка јаболче со кора,нема проблем...таму се витамините!




mis. -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (21.1.2010 19:18:00)

Мартин не сака да јаде нелупено јаболко,мора прво мама и тато да го лупат.




BILJANA_G -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (19.2.2010 22:53:51)

Jas koga pravam sok ovosjeto odnosno jabolkite ne gi lupam vitaminite se vo luspata.Za da ispadnat site otrovni sostojki od prskanje jabolkite treba prven da se izmijat ubavo potoa da se stavat vo sad so voda i da stojat najmalku polovina cas potoa povtorno da se izmijat i da se izbrisat so krpa.Togas nema nikakvi otrovi na niv mi ima kazano rodnina koja raboti na aerodrom vo Frankfurt taka pravele.A isto mi ima kazano deka patlidzanot ne smee da se jade so luspa stetna e luspata.Otogas ni vo salata ne go stavam so luspa. A za jadenje na jabolka nikako ne mozam da ja odviknam Angela ne ja saka ako e izlupena,duri ponekogas jabolkata ja pluka samo luspata ja vrti vo usta.




ripce -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.2.2010 0:04:36)

Обавезно, ако осети луша одма плука... исто и за сокот што го правам во соковникот го лупам овошјето и зеленчукот.

Не знам зашто би бил штетен патлиџанот ако се јаде со лушпа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Доматот содржи и ликопен. Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен. Апсорпцијата на ликопенот е поголема и подобра кога се консумираат производи од домат, отколку кога се консумира свеж домат. Се претпоставува дека при готвењето на доматот, од него се ослободува ликопенот, и на тој начин тој полесно може да се апсорбира. Ликопенот е докажан антиоксиданс кој помага во отстранувањето на слободните радикали од организмот. Слободните радикали се нестабилни молекули на кислород, кои предизвикуваат рак и други сериозни заболувања. Поради тоа, доматите играат клучна улога во превенцијата и лекувањето на многу сериозни заболувања. Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата. Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест.
Ликопенот го има во лубеницата, црвениот грејпфрут, гуавата, папајата, но најмногу го има лушпата на доматот. Препорачан дневен внес на ликопен е од 5–10 mg.




suzeto -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.2.2010 0:09:33)

lele moeto nisto ne jade od ovosje zelencuk nisto ne sakat ni da probat.vika;neubo mi prajt vo ustava




zvezdi4ka_bt -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.2.2010 1:39:36)

imam procitano deka mnogu od ovosijeto i zelencukot sostojuvat golema kolicina na vitamini i minerali samo vo nivnata luspa [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




BILJANA_G -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.2.2010 7:25:39)

Za domatot  taka mi kaza tetka mi sto pravi hrana za luge od prva klasa na aerodromite,sigurno znaat sto e dobro a sto ne.




ripce -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.2.2010 9:36:02)

Билјана можеби во Германија и е така како што велиш, ама таму овошјето и зеленчукот е надуено, големо, навистина убаво на изглед, ама без никаков вкус, а за тоа во какви услови и растено и колку пати е поминато со пестициди да не правиме муабет. Баба ми и дедо ми доаѓаат секоја година од Германија и носат од нивното овошје имам пробано и ја имам воочено разликата, а и тие ја имаат, зашто инаку на дедо ми додека е тука секое утро доручекот му е скинат патлиџан од градината што ни е во дворот. И тоа секогаш го јаде со лушпа, можеби во Германија е така, со овие патлиџани што се на пазар и за кои не знам како се растени, ама од нашата градина, ма не знам кој да дојде да ме убедува дека патлиџанот со лушпа е штетен, нема да се согласам.




Sandric -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.2.2010 11:31:39)

Lupam se osven na primer patlidzan ili nesto takvo so tenta kora




Natali85 -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (19.4.2010 18:36:45)

Јас на Валентино сеуште му лупам несака да јаде инаку.




topce -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.4.2010 9:17:20)

се си лупам и овошје и зеленчук доколку имаат кора, вклучувајќи ги и патлиџанот и морковот




melody -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.4.2010 9:53:08)

Obavezno se lupam zosto ovosjeto i zelencukot go kupuvam i neznam pod kakvi uslovi e rasteno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




matushka -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (20.4.2010 10:03:36)

Sekogas gi lupam i za mene u za Mateja.




arh_diz -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (23.8.2011 11:46:17)

Nastojuvam da mu davam izlupeno , mada go jade i nelupeno primer kajsija




miana -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (23.8.2011 11:49:43)

ако е природно,не прскано ( од нашиот двор) не и го лупам ..Но доколку е пазарско или не толку тазе - обавезно го лупам...НО убаво го мијам ( се подразбира)




Felly RR -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (23.8.2011 12:53:53)

Толку сум навикната се да лупам, што дури и да е домашно, растено во двор, не прскано, пак ќе го излупам, ретко нешто ако се работи за слива/кајсија не лупам.




bebe82 -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (23.8.2011 13:06:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric

Lupam se osven na primer patlidzan ili nesto takvo so tenta kora


Особено патлиџанот МОРА да се лупи.




vezilka RR -> RE: дали го лупите овошјето или зеленчукот? (27.3.2012 13:14:58)

Хе,хе..лупам се што може да се излупи од причина дека купувам на пазар и не знам што е прскано а што не. Некогаш кога имам од некој познат и со сигурност знам дека не е прскано не го лупам ама тоа е реееетко.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>