Octavia -> RE: Казни (10.4.2013 14:11:57)
|
AnaMolly, мислам дека децава ни се тука некаде по возраст (1-2 месеци разлика) и еве и ние сме во таа фаза. Ама од фазава ќе збудалам. Моево е девојче и тоа е единствената разлика мислам, друго е како што опишуваш. Покажува голема непослушност која ја започнува како игра и ако ја опоменам, веднаш го прави истото и при тоа ме гледа во очи и чека како ќе изреагирам. За жал, некогаш не сум доволно истрајна за секогаш исто да реагирам, некогаш едноставно сум емотивно преисцрпена и реагирам понервозно, мислам дека ретко кој родител е секогаш зен и смирен. И затоа истражував и најдов дека ова е фаза кога испитуваат граници. Детето станува свесно за својата волја и испитува како може да си го истера своето. Некогаш тоа за детето претставува само игра, не е свесна непослушност, ама некогаш е токму тоа, свесно не слуша за да испита терен. Исто така, тука се бори и со својот инает, односно, ако запнало да се качи на маса некогаш и кога сака да послуша да не се качува инаетот односно егото не му го дозволува тоа, па продолжува со белјата. Кога забележувам дека доаѓаме до тој момент, да сака да послуша ама не знае како, ја оставам, не и зборувам и не ја потсетувам. И тогаш обично само вели дека ќе го направи тоа што е забрането, ама не го прави. На пр. ќе вика Ќе се качам на маса, ама не се качува. Многу често сакаат да предизвикаат реакција (знае дека ќе има реакција кога ќе се качи на маса, на пр) или сака да привлече внимание. Треба сама да процениш што е поверојатно. На пр. јас ако видам дека прави нешто што знае дека не треба и при тоа ме гледа мене, обично знам да и понудам некоја игра за која знам дека ќе ја заинтересира, па се откажува, ќе се заиграме заедно и заборава што правела. И искрено, напорна е фазава и немаме секогаш ни сили ни нерви да се справуваме со ова „како по книга“, ама барем да можеме да ги препознаваме моментите па да реагираме пред да настане хаосот. И во градинка зборував со воспитувачката, ми вика „Фаза е, сите деца ја поминуваат, ама кај попасивните помалку се забележува, кај попргавите е многу понапорна... “. Moj совет (не дека сум за совети делење, и моево знае да збесне) е ако не е нешто опасно кога тера инает, игнорирај го. Кога е нешто опасно, како качувањево по маса, пробај со залажување со некоја игра, нешто што знаеш дека сака (ама при тоа не му ја спомнувај масата, немој на пр Ајде симни се од маса да си играме со коцки, оти така веднаш следува Не сакам!) Јас тогаш одам, ја земам и како ништо да не е почнувам да зборам за нешто што ќе си играме. Прочитав неодамна дека воспитувањето не успева само кај деца кои се поупорни од родителите [sm=smiley36.gif]. Значи само нерви и упорност ни требаат [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|