Snowhite RR
|
После многубројни начини и со зоборување и викање, а богами и ќотек никако не успеав да најдам начин да ме послушува, едноставно детево не ме послушува, јас му зборувам нешто да не прави или да направи и тој едноставно ме игнорира. И затоа морав да почнам со казни или забрана на нешто што го сака. Значи ако не ме слуша, ја задева сестра му, таа плаче цело време од него и слично, земам лист и пишувам 7 цртички, а тој број значи толку денови забрана за гледање цртани, за гледање нешто на тв, нема купување ништо од продавница кога бара, забрана за излегување(од ова може исклучок да направам, подобро надвор да поигра отколку дома да седи) и сега му кажувам ако биде мирен, ќе бришеме по една цртичка или ако е мнооогу мирен може и две да избришеме, а ако не е мирен ќе додаваме цртички. Првиот пат се лутеше и го искина листот. Ама му кажав дека и без листот јас си памтам и знам колку има црти. И има ефект од ова зашто стварно е мирен и на крајот од денот ме прашува уште колку црти му останале и му кажувам на пример дека беше мирен избришавме една и една оти помина еден ден значи имаш уште 5 и се радува и следниот ден е мирен, а ако случајно заборави и почне пак да збеснува го потсетувам на цртичките и се смирува. Сега викендов имаше забрана да ги гледа цртаните на Сител што ги даваат од 10-11, зашто ми кажа учителката од дневен престој дека не бил мирен таму и во саботата ги побара да му ги пуштам, ама му реков нема да ги гледаш заради тоа и тоа, ама ќе бидам мирен, ако бидеш мирен следниот викенд ќе ги гледаш, ама овој викенд останува казната за минатата недела што не си бил мирен, малку плачеше, ама се смири и не побара повеќе и си играа со сестра му Ќе видиме дали нешто ќе постигнам со ова, ама морам да пробам зашто стварно веќе не знам што да правам со него, едноставно не се издржува колку е понекогаш немирен
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|