Bethany -> RE: Кои игри ги играте со децата? (20.6.2013 19:17:59)
|
Најомилена игра ни е криенка, бркање низ дома и сл. Тоа може цел ден на ова жешково да прави, да трча и да трча без престан. И ако седнам да одморам, тој доаѓа и ме влече да сум станала, па ми покажува каде да одам, што да правам. Смешки. А да, исто така пееме рингераја, фатени за рачиња, па се вртиме (мене ми се сврти веднаш [sm=smiley36.gif]), па чучнуваме, па се смее кој не знам што да е. Или пееме песнички што тој ги знае со кореографија, со покрети на рацете и тој се обидува да имитира. Исто со топка... тој ја зема топката во раце па ми ја фрла, а јас демек од што е силно фрлање паѓам на земјата, па тој се смее и така во недоглед. Ќе видиме што игри ќе имаме кога ќе бидеме поголеми. [sm=smiley1.gif] Деца се срцки, само да се пеело, скокало, трчало, да го некој закача и така, весело во секој случај.[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|