|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Кои игри ги играте со децата?
14.9.2013 1:30:23   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebuska123

Dragi mamicki,

Koi igri gi igrate so vasite najmili? Sin mi e 14 meseci i veke mu zdosadija "bebeskite" igri,(ogledalca, kukli na vibracii, tropalki, pika boo i ringeraja :) Bara novi. Eve pocnavme da crtame i sega zasega toa ni e hit igra. No brzu ke zdosadi i toa. Nekoj predlog za igri vo zatvoreno?



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Кои игри ги играте со децата?
14.9.2013 10:28:05   
Felly RR
Па сега на затворено, ние најмногу играме со коцки, со бебињата, со кујната. Играме и со пластелин, ама за тоа вие сте мали. На М кога беше помала најинтересно и беше со коцки. Исто и пордавачки, докторки, или најново - играме мајки. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Кои игри ги играте со децата?
14.9.2013 13:50:41   
Bethany
На син ми нај, најомилено му е бркање низ станов... Тогаш цика и писка од среќа user posted image
Криенки, брканици и тому слично, секогаш е за.
Друго: се игра со коцки, читаме сликовници, некогаш демек цртаме, пластелин нејќе да фати во раце, се стресува, му се гади user posted image
Колички, па камиони, багери, па собираме каменчиња обавезно кога сме надвор, па ги носиме дома, па ги става во багер, па во камион и така...
И ние бараме додатна занимација, ќе мора да земам уште некои други играчки, сите сложувалки, форма коцка и сл. веќе се здосадени, дека веќе е професионалец, па треба нови. Не знам зимово што ќе се прави, ќе мора да бидеме креативни. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Кои игри ги играте со децата?
1.10.2013 10:59:25   
vezilka RR
Еве сега ова го видов и ми седопаѓа.

user posted image

Никола и така кога играме со коцките тој гради само згради и куќи. Ако знаете кај има вакви во Скопје, пишете. Ќе ни треба за зимава, хехе.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Кои игри ги играте со децата?
10.1.2014 22:39:22   
Палешка РР
Нашава најнова игра бааги напорна е user posted image

Сака јас да бидам коњче таа да ме јава качена на грб и плус да одам и да ја држам, оти таа в раце книга држи и чита user posted image Ако застанам слегува и демек трева ми дава за да продолжам да одам. Таа била Александар Македонски (така брат и ја поучил).
И преѓеска јас се изморив и почнав пополека да одам и ми рече дека не сум била коњче, магаре сум била user posted image

И незнам дали да плачам или да се смеам на нејзиниве фантазии user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Кои игри ги играте со децата?
11.1.2014 0:38:30   
Defne90 RR
Nie so decata najcesto igrame brkanica,krienka site igri sto baraat trcanje i skokanje toa im e najinteresno.Se razbira si igrame so kocki,crtame boime.Ponekogas si igrame na doktori M e doktor i ke zeme ke ne leci site niz doma i ke ni stava inekcii demek.Potoa si igrame na vredni domakinki demek gotvime za tato i pomaloto bratce i taka.A na pomaloto definitivno mu e najinteresno da si igra so sadovite za gotvenje ke mu dadam eden sad i lazica i toa tropa li tropa zadovolno e epten.Isto taka ponekogas znaeme da si pustime detski pesnicki i ke igrame i peeme site zaedno.Vo sekoj slucaj decata se prezadovolni koga so maz mi ke ostavime se drugo i ke im se posvetime samo niv a toa praktikuvame da go pravime cesto.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Кои игри ги играте со децата?
11.1.2014 12:26:29   
Hunny
Палешка ме изнасмеа, особено зашто и ќерка ми има таква бујна фантазијаuser posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Кои игри ги играте со децата?
25.2.2014 2:02:49   
Defne90 RR
Во последно време со М си играме со пластелин,му купивме во неколку бои го има и постојано по дома моделира и прави разни форми.Тоа моментално ни е хит и му е најинтересно.Така успевам на подолго време да го тргнам од компјутер сепак пластелинот е супер и забавен и работејќи со него ја изразува и збогатува својата креативност.Си имаме малку мака со малото затоа што тоа се уште не знае што е тоа ама пак гледаме да си игараме со пластелинот додека спие или е долу кај баба и дедо.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Кои игри ги играте со децата?
23.4.2014 20:42:29   
Палешка РР
Лото играме user posted image

Виде лото извлекување на телевизија и почна да плаче да бидела лото девојка user posted image

Па на хартија нацртавме топчиња, им напишавме бројки, ги исековме, ги ставивме во стаклен сад и почна извлекувањето...После и текна дека не е дотерана и нашминкана и дека нема микрофон. Ајде и тоа го направивме, па штикли побара лото девојкава user posted image
Во филм влезе детево, уште малку ако повежбаме на кастинг ќе ја носам user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 23.4.2014 20:43:04 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Кои игри ги играте со децата?
15.8.2014 10:29:30   
Mila mamicka
Моментално син ми најмногу сака да игра со пластелин. Имаме два големи сета, кои покрај кутивчињата со пластелин имаат кутивчиња за правење форми, па сега тоа ни е најинтересно. Едниот сет е за правење колачиња и е многу интересен, има шприц, па едни други елементи, па тањирче за да го послужите колачето и сл. А другиот пак ги прави куќата на Мики маус и самата фигура на Мики маус па и тој ни е супер, со оглед на тоа што Мики маус ни е сеуште омилена фигура. Заедно можеме и цел саат да се занимаваме со пластелинот, не му здосадува бргу.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Кои игри ги играте со децата?
31.10.2014 14:23:24   
Melanija RR
Совет од искусни user posted image
Што да играме со 14 м ?user posted image знам дека разбира ама не разбира,никако да се заигра само шета низ соба,ги разнесува коцките,ги фрла позади столица, лупа со играчки по ѕид, поткачување на се и сешто и кога е уморен не е уморенuser posted image цртани никако да позагледне само ако е некаква музика на ТВ

Како малку да му задржам внимание?user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Кои игри ги играте со децата?
25.11.2014 12:21:37   
caciana
Omilena igra na vnuka mi bese da se sminka i da seta so moite stikli niz doma... togas bese prezadovolna user posted image . A sega so vnuk mi omilena igra ni e da se brkame niz doma i da se borime. Onaka si uziva deteto koga TETE YESS go maltretira user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Кои игри ги играте со децата?
25.11.2014 16:58:14   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Совет од искусни user posted image
Што да играме со 14 м ?user posted image знам дека разбира ама не разбира,никако да се заигра само шета низ соба,ги разнесува коцките,ги фрла позади столица, лупа со играчки по ѕид, поткачување на се и сешто и кога е уморен не е уморенuser posted image цртани никако да позагледне само ако е некаква музика на ТВ

Како малку да му задржам внимание?user posted image

Меланија, најдовте ли нешто што ќе ве заинтересира?
М на таа возраст играше со коцки и женско нели во кујна. Уште од мала обожаваше да си игра со тенџерчиња, чашки итн со бебињата да ги реди, па да ги храни.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Кои игри ги играте со децата?
25.11.2014 17:39:43   
Melanija RR
Освен брмче и автобус и некогаш ама само некогаш клекнува и ги реди коцките,се останато е пешачење од дневна во кујнаuser posted image со друг игра само бркање и ѕеuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Кои игри ги играте со децата?
23.6.2015 15:59:14   
vezilka RR
Во последно време хит ни се На буква, на буква и онаа сол макарон ако ви текнува. На буква на буква не ни оди најдобро оти не може секогаш да погодо на која буква му е зборот што го смислил па имаме ситуации од типот ни задал буква с, а на крај зборот бил маса на пример. Полесно му оди тој ако погодува. Обично ја играме за време на ручек за да седи мирен. user posted image

Кога ќе се соберат повеќе деца играме Авион-поплава: кога ќе кажам авион сите треба да легнат, а кога ќе кажам поплава треба да се качат на нешто. Кој згреши, испаѓа.

Исто сакав да им ја кажам и Мати, мати, колкико је саати, ама не ми текнуваше како беше. Кој знае нека пише.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Кои игри ги играте со децата?
24.6.2015 14:24:33   
vezilka RR
Со помош од Loveableme..фалааа.

Еден свртен со грб накај другите е мајката. Другите деца наредени во линија еден по еден ја прашуваат мајката, Мати МАти колкико је саати (или може да си преведеме: Мамо, мамо, колку е саат?) Таа им одговара на секое, на пример, два чекори напред, три назад итн. Целта е некој да стигне прв до мајката кој после станува мајка и го повторува сето тоа.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Кои игри ги играте со децата?
13.11.2015 12:03:29   
marchi
jas bas barav vakva tema so idei za igri zasto sepak kompjuter e kompjuter ama igri si se igri user posted image ke gi prosledam i prethodnite komentari,nie na pr epten tesko se zaigruvame.povekje so skokanje so brkanje retko so igracinja,jas imam i rabota po doma taka da ne mozam 24\7 da sum posvetena na igranje,vo meguvreme dete ko dete bigra so n esto sto ne e za igranje samo za da se zanimava ili pa mu pustam crtani i pesnicki na kompjuter pa da zavrsam rabota ili da odmoram

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Кои игри ги играте со децата?
3.3.2020 8:56:12   
Novum
Шахот е навистина добра игра, но треба многу трпеливост да го научите вашето дете оваа прекрасна игра. Ја играм оваа игра дури и со моите колеги, го научив ова од основачот на Инстафорекс, Илдар Шарипов, кој се случи да ја игра професионално: https://www.365chess.com/players/Ildar_Sharipov Дали некој овде игра и интелектуални игри со своите деца?

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 43
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?