mami -> алергична на сопственото дете (30.7.2009 11:49:47)
|
на еден хрватски сајт прочитав за една американка која ја доживува најголемата трагедија на светот. 28 годишната Џоен откако го земала во раце својот тукушто роден син почнала да се исфрла и набрзо била покриена со пликови. По извршената биопсија кај неа е востановена дијагноза- ретка болест на кожата- Pemphigoid Gestationis, предизвикана од алергиска реакција која се развила уште за време на бременоста. Ваква алегрија се појавува во една од 50.000 бремености, а настанува кога во телото за време на бременоста се создаваат антитела кои се борат против протеините кои настануваат кога жената е бремена. Докторите ја предупредиле дека оваа состојба може да трае со години и дека има 95% шанси да се повтори и со следната бременост. Иако оваа алергија не влијае на нејзиниот син, следното дете би можело да има негативни последици. Додека Џоен ја лечеле со јаки стероиди, нејзиниот сопруг се грижел за бебето. После цел месец лечење таа прв пат можела да го држи во раце своето бебе а да не чувствува болка. Денес за да се приближи до своето дете таа треба да облече облека од муслин. А алергијата ја контролира со помош на јаки дози лекови
|
|
|
|