Мамо каде си? (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Посвојување, згрижувачки семејства

Порака

Julie1 -> Мамо каде си? (18.8.2010 13:51:35)

Сигурно веќе го прочитавте написот кој Ринераја го превзеде од Дело.си за Марко Струна и потрагата на неговата биолошка мајка. КЛИК

Мене нависитна ме потресе текстот... Ако на било кој начин мислите дека би можеле да помогнете пишете ни... дискутирајте тука, давајте предлози за можна помош на Марко Струна во потрага на Ѓована...[sm=smiley19.gif]

penelopa -> RE: Мамо каде си? (18.8.2010 15:04:31)

Каква приказна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]... и јас се надевам и посакувам што побрзо да ја пронајдат.

agnes77 -> RE: Мамо каде си? (18.8.2010 20:58:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Каква приказна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] ... и јас се надевам и посакувам што побрзо да ја пронајдат.

потпис

ПС потрага се врши и на словеначком РР-у http://www.ringaraja.net/forum/Mama%2C_kje_si%3F/m_5235598/tm.htm

Maca25 -> RE: Мамо каде си? (18.8.2010 23:09:04)

Могу би сакала Марко да ја најде својата биолошка мајка. Нека се обрати во `Све за љубав`, како што имам забележано има многу случаи кога луѓе кои живееле во Југославија со ги бараат родителите, дали во Македонија, Србија, Словенија...- може тие ќе му помогнат :)

Bogdancanka -> RE: Мамо каде си? (18.8.2010 23:36:06)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]mnogu mi e zal se nadevam Marko ke ja najde negovata bioloska majka...dobar predlog Maca bi mozelo Marko da proba da ja pobara preku emisijata sve za ljubav...

suzeto -> RE: Мамо каде си? (18.8.2010 23:48:31)

uh kolku zalno[sm=smiley19.gif]i jas bi sakala Marko da ja pronajde svojata majka

jovanka -> RE: Мамо каде си? (18.8.2010 23:50:12)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]mnogu tazno se nadevam deka naskoro ke i go vidi liceto na negovata bioloska majka.Mu posakuvam sreka vo potragata.

Misek -> RE: Мамо каде си? (19.8.2010 14:47:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Сигурно веќе го прочитавте написот кој Ринераја го превзеде од Дело.си за Марко Струна и потрагата на неговата биолошка мајка. КЛИК

Мене нависитна ме потресе текстот... Ако на било кој начин мислите дека би можеле да помогнете пишете ни... дискутирајте тука, давајте предлози за можна помош на Марко Струна во потрага на Ѓована...[sm=smiley19.gif]

На словенечката РР се појави и другата страна на приказната (madmax2):

Ух.. колку дискусија за Марко. Убаво е дека луѓето се спремни да помогнат, но кај марко не знам која му е целта. Го познавам одкога имаше три години и кога беше посвоен. Родителите му нудеа се, колку што имаа можност. И зошто родителите така наеднаш отидоа во пензионерски дом? Затоа што од нив бараше на него да го препишат имањето, а тоа го поткрепи со заканувања (повеќе пати доаѓаше полиција) и така родителите буквално побегнаа во дом. Сега Марко потполно го осиромаши имањето. Ги продаде сите машини, ја исече сета шума, куќата ја уништи (ги искрши прозорците и го уништи мебелот ). Поради неплаќање на сметките ги одклопија струјата и водата. Некој го има замолено да му помогне на имањето, а Марко му одговорил дека нему тоа не му е потребно. Сеќавањата на случките со Марко се и проблеми со законот, но засега ова нека биде доволно. Меѓу останатото Марко има син на старост околу 5 години, а за кого веќе подолго време не се интересира.
_____________________________________________________
Оригиналната порака е на:

http://www.ringaraja.net/forum/m_5235598/mpage_54/tm.htm

Julie1 -> RE: Мамо каде си? (19.8.2010 18:27:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

Не знам поради која причина го имате ставено овој единствен пост на рр.мк драга Мисек, но само едно можам да кажам, Рингераја.мк беше замолена од амбасадата на република Словенија да излезе во пресрет и помогне во барањето на биолошката мајка на Марко... не е прашање дали се работи за добра или лоша личност... односно дали Марко ако е навистина лоша личност како што кажува твојот пост, зарем тој не заслужува да ја најде својата биолошка мајка, ако има потреба од нешто такво..

Палешка РР -> RE: Мамо каде си? (19.8.2010 18:36:35)

Никого не го интересира приватниот живот на Марко.
Рингераја секогаш помагала и ќе помага на луѓе кои ќе го побараат тоа од неа, заради својата филантропска и пред се човечка мисија.
Сечиј крик заслужува почит!
Мислам дека вакви постови се непотребни.

Misek -> RE: Мамо каде си? (19.8.2010 20:58:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Никого не го интересира приватниот живот на Марко.

И неговото барање и негота исповед се мошне конкретно дел од неговиот приватен живот.

Рингераја секогаш помагала и ќе помага на луѓе кои ќе го побараат тоа од неа, заради својата филантропска и пред се човечка мисија.

Каде пишува дека некому не треба да се помогне? Знаеш, за циганчињана што миат прозорци на автомобили кај американската амбасада никој нема ништо добро да ти каже (барем од странциве), но никој не помислува дека е тоа причина поради која не би требало да им се помогне.  Чисто да си ги расчистиме поимите.

Сечиј крик заслужува почит!

Информација за другото лице на некоја личност не е непочитување.
(Никогаш не ми било јасно зошто се така омилени овие метафорични срцедрапачки изрази со крикови, лелекања  и слично... пикираме на емотивен елемент или....  ; што и фали на објективноста, рационалност и емотивно необоениот јазички спектар... )

Мислам дека вакви постови се непотребни.

Твојов секако е непотребен драга Палешка. Секој има право да напише што мисли и како што мисли. Или нашава Македонија е сеуште по принципот - јас  ќе ти кажам што смееш да мислиш и што смееш да пишуваш. Малку почит до они кои не мислат како тебе не би било на одмет. И малку почит кон слободата на говорот.

Julie1 -> RE: Мамо каде си? (19.8.2010 22:25:46)

Драга Мисек целта на оваа тема беше доколку некој има идеја како да се помогне на Марко да пише, целта на темата не е да се каже кој е добар или лош... На крајот на краиштата и во статијата за Марко, се потенцирани и двете страни и страната на Марко и страната на неговите посвоители. Молам дискусијата да продолжи во насока на помош на Марко а не во насока на докажување кој е по лош Марко или неговите посвоители.

Палешка РР -> RE: Мамо каде си? (19.8.2010 22:50:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

Твојов секако е непотребен драга Палешка. Секој има право да напише што мисли и како што мисли. Или нашава Македонија е сеуште по принципот - јас  ќе ти кажам што смееш да мислиш и што смееш да пишуваш. Малку почит до они кои не мислат како тебе не би било на одмет. И малку почит кон слободата на говорот.

Непотребен е за приказната, драга Мишек. Секое дете на биолошката мајка е најдобро, најпаметно, нај, нај. Мајката не ќе ја одврати да се јави на повикот на сопственото дете ама баш ништо.
Колку и да е лош Марко (во што не сме сигурни) секако дека го поседува правото, дадено од природата, да ја прегрне сопствената мајка.
Заради тоа е непотребно да знаеме дали е добар, или лош.

Misek -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 6:41:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Драга Мисек целта на оваа тема беше доколку некој има идеја како да се помогне на Марко да пише, целта на темата не е да се каже кој е добар или лош... На крајот на краиштата и во статијата за Марко, се потенцирани и двете страни и страната на Марко и страната на неговите посвоители. Молам дискусијата да продолжи во насока на помош на Марко а не во насока на докажување кој е по лош Марко или неговите посвоители.

Објавени се уште неколку статии во различни часописи на тема на Марко и Ѓована во последниве два месеци колку што е стара темава во Словенија.  Информации има многу повеќе. Зошто тука не се објавени, не знам.

Misek -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 7:06:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Непотребен е за приказната, драга Мишек. Секое дете на биолошката мајка е најдобро, најпаметно, нај, нај.

Понекогаш драга Палешка, мошне потребно. Секое дете велиш на биолошката мајка и е нај нај... (а на социјалната- небиолошката?) па сепак имаме злоупотреби, малтретирања, занемарувања  итн. и тоа баш од страна на биолошките мајки.

Мајката не ќе ја одврати да се јави на повикот на сопственото дете ама баш ништо.

Не се лути, само како да си заглавила во некоја приказна за мали деца. Погледај околу себе. Биолошки мајки продаваат сопствени деца. Биолошки мајки сакатат сопствени деца, ги отфрлаат.... не тргнувај од себе кога генерализираш.

Колку и да е лош Марко (во што не сме сигурни) секако дека го поседува правото, дадено од природата, да ја прегрне сопствената мајка.

Јас не знам дали Марко е лош. Ниту не знам каква е неговата мајка. Ниту навистина ме интересира. Сепак се прашувам за неговите мотиви за пронаоѓање на мајката. Ако е мотивот потребата да ја најде, да ја гушне, да ја заполни празнината во него.... Како познавајќи ги сите тие чуства дозволува сопсвениот син да го постави во ситуација да не си го познава сопствениот татко. Оној татко кој така „на големо„ ја бара својата мајка.

Природното право кое го поседува детето - да ја прегрне сопствената мајка е шамар за сите посвоители. Идеологизирање на биолошката врска и ниту малку нити повеќе поседување на право дадено од природата.  На крајот на краиштата дали сме баш секогаш сигурни дека мајките кои ги дале децата што ги родиле на посвојување сакаат да ги видат тие деца. некои имаат други бракови, други деца... животи и не сакаат да се  враќаат во минатото. Ниту кому кажале за тие деца.... Имааи и тие некое право или е тоа небитно кога е во прашање природното право кое го поседува детето?

Заради тоа е непотребно да знаеме дали е добар, или лош.

Како што веќе напишав - тебе може да ти е непотребно. Јас се замислив. Добив впечаток (и не сум осамена) дека барањево има сосева приземна нота, бидејќи започнува во оној момент кога посвоениот син останува материално без  она што го сака.

Палешка РР -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 8:17:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

некои имаат други бракови, други деца... животи и не сакаат да се  враќаат во минатото. Ниту кому кажале за тие деца.... Имааи и тие некое право или е тоа небитно кога е во прашање природното право кое го поседува детето?

Во тој случај, да оставиме мајката сама да одлучи дали сака да одговори на повикот на својот син. Кои сме па ние да се мешаме во случајот не познавајќи ги ниту едните, ниту другите? Темата е отворена за да понудиме помош ако нешто знаеме.

Секоја приказна има две лица, во зависност од тоа кој ја раскажува. Никој од нас не знае ништо за Марко, ниту за неговите родители/посвоители.

Но Рингераја секогаш ќе се труди да одговори на повик за помош, особено ако дојде од легална институција (Словенечката амбасада во овој случај)

Misek -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 12:13:20)

Во тој случај драга Палешка ти раскажувај ја приказната од твоја страна, а мене остави ме да ја раскажувам од мојата страна. Не ти пропишувам што да мислиш, што да правиш и што да пишуваш и очекувам ти мене да не ми пропишуваш што морам да мислам, што смеам да правам и што смеам да пишувам. 

Од друга страна, небитно е зошто е отворена темата. Факт е дека е отворена и тоа за сите информации, мислења, коментари. Затоа и форум е форум, зар не?

Julie1 -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 13:00:16)

Секој може да пишува што сака но дали тоа има корист.... Никој од корисниците не напиша ништо лошо за мајката и татко на Марко, но ја сватија суштината на која беше насочен разговорот ДА ПОМОГНЕМЕ, од следната реченица јасно се дава на знаење во која насока би требало да оди разговорот..... 

„Ако на било кој начин мислите дека би можеле да помогнете пишете ни... дискутирајте тука, давајте предлози за можна помош на Марко Струна во потрага на Ѓована...“

Она на што те насочивме е со разговори кој е добар а кој лош нема да бидеме од помош и нема да ја постигнеме целта и мисијата која ја имаме... поради тоа се согласувам со Палешка - вашиот пост Драга Мишек е непотребен и не е од корист за темата и за нашата желба да помогнеме...Тоа е исто како да имаме тема за честитки на одреден корисник, а ти упорно пишуваш дека тој корисник е лош.... (која е целта, да не честитаме или...) исто и во случајот со Марко, која е целта ако пишеш дека тој е лош - да не помагаме...?  Ако некој не замолеше да им помогнеме на некој начин на родителите на Марко, темата немаше да оди тие се лоши родители и не треба да им се помогне... Во тој поглед темата е за помош на Марко Струна да ја најде биолошката мајка, веќе добивме интересен предлог од Маца25, кој може навистина да помогне... во таква насока треба да оди темата....

Misek -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 21:43:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie
Она на што те насочивме е со разговори кој е добар а кој лош нема да бидеме од помош и нема да ја постигнеме целта и мисијата која ја имаме... поради тоа се согласувам со Палешка - вашиот пост Драга Мишек е непотребен и не е од корист за темата и за нашата желба да помогнеме...

Драга и слатка моја Julie!

Следниот пат значи прво постот кај вас на проверка дали ќе го одобрите? Мислам да ли е во согласност со вашата желба? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]

Не е ни чудно дека Mакедонија од ден на ден е се поутепана. Не е ни чудно што се случува она што се случува и не е ни чудно (на голема жалост) што сеуште се продаваат деца. Бидејќи целиот живот само гледаш да бидеш политички коректен и да кажеш и пишуваш само она што некому, кој во моментот е прв на приоритетна листа, му е од корист, му одговара на „неговата желба„. 

Уште од времето на Југославија има виц за Македонците - им ставиле игли на столиците и ги седнале на состанок во сојузно собрание. Сите ќутат и мислат: ај може така треба, ќути и трпи не може во собрание да кажеш дека не чинат столиците. Еден се јавил да каже дека го боцка - и настрадал од своите. Како си дозволил лошо да зборува за сојузното собрание. Макеоднскиот менталитет - таков бил и таков останал.
Е и уште „нашата желба„... кои сте тоа вие и кој сме тоа ние? Имаме групи или сме сите корисници на еден и исти портал. Или сте тоа вие - администратор и модератор, а ние сме.. непослушните и некоректните корисници....

Срам да им е и мене да ми е срам што сум се пикнала меѓу нив.

Палешка РР -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 21:54:57)

Реков дека повеќе нема да пишувам на оваа тема, но, Мишек, дали ги провери информациите кои ги пласираш? Дали беше сведок на однесувањето на Марко кон родителите? Дали присуствуваше на раѓањето на неговиот син?
Или информациите се уште една "Македонска рекла-казала"?

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

Јас не знам дали Марко е лош. Ниту не знам каква е неговата мајка. Ниту навистина ме интересира. Сепак се прашувам за неговите мотиви за пронаоѓање на мајката. Ако е мотивот потребата да ја најде, да ја гушне, да ја заполни празнината во него.... Како познавајќи ги сите тие чуства дозволува сопсвениот син да го постави во ситуација да не си го познава сопствениот татко. Оној татко кој така „на големо„ ја бара својата мајка.

Се оградувам од секакво држење на страна, ниту еднаш на оваа тема не застапувавме и не навивавме за никого.
Ќе ја истакнам уште еднаш целта на Рингераја, ДА ПОМОГНЕ ако од неа се побара помош.

Овде и конечно завршувам со коментари!

Misek -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 21:57:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

и мене да ми е срам што сум се пикнала меѓу нив.

Драга Јулие [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]

Бидејќи како обичен кориник немам ниту можност ниту право да се избришам од листата на корисници на РР.мк, те молам да ме избришеш (што побргу тоа подобро). Како администратор ги имаш тие овластувања.
Однапред многу благодарам. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozica.gif[/image] 

Julie1 -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 23:10:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie
Она на што те насочивме е со разговори кој е добар а кој лош нема да бидеме од помош и нема да ја постигнеме целта и мисијата која ја имаме... поради тоа се согласувам со Палешка - вашиот пост Драга Мишек е непотребен и не е од корист за темата и за нашата желба да помогнеме...

Драга и слатка моја Julie!

Следниот пат значи прво постот кај вас на проверка дали ќе го одобрите? Мислам да ли е во согласност со вашата желба? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]

Не е ни чудно дека Mакедонија од ден на ден е се поутепана. Не е ни чудно што се случува она што се случува и не е ни чудно (на голема жалост) што сеуште се продаваат деца. Бидејќи целиот живот само гледаш да бидеш политички коректен и да кажеш и пишуваш само она што некому, кој во моментот е прв на приоритетна листа, му е од корист, му одговара на „неговата желба„. 

Уште од времето на Југославија има виц за Македонците - им ставиле игли на столиците и ги седнале на состанок во сојузно собрание. Сите ќутат и мислат: ај може така треба, ќути и трпи не може во собрание да кажеш дека не чинат столиците. Еден се јавил да каже дека го боцка - и настрадал од своите. Како си дозволил лошо да зборува за сојузното собрание. Макеоднскиот менталитет - таков бил и таков останал.
Е и уште „нашата желба„... кои сте тоа вие и кој сме тоа ние? Имаме групи или сме сите корисници на еден и исти портал. Или сте тоа вие - администратор и модератор, а ние сме.. непослушните и некоректните корисници....

Срам да им е и мене да ми е срам што сум се пикнала меѓу нив.

Мисек,

Навистина грубо од тебе да зборуваш вака за мојата татковина и татковина на многу Рингерајки...

И повторно не ти држат постовите, можеби целта ја постигна но во ниту еден момент твоите посторови не беа избришани.... Задачата на секој модератот и администратор е да ја насочи темата во права насока а не да не дозволува некој да пишува нешто што не ни е по желба... Твојот груб тон и потсмев кон мојата татковина остави само лошо мислење за тебе...

Julie1 -> RE: Мамо каде си? (20.8.2010 23:15:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

ИЗВОРНА ПОРАКА: Misek

и мене да ми е срам што сум се пикнала меѓу нив.

Драга Јулие [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]

Бидејќи како обичен кориник немам ниту можност ниту право да се избришам од листата на корисници на РР.мк, те молам да ме избришеш (што побргу тоа подобро). Како администратор ги имаш тие овластувања.
Однапред многу благодарам. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozica.gif[/image]  

Немам ниту јас право да те бришам Мисек од листата на корисници. Убаво би било да ни се преставиш во соодветна тема и да продолжиш да не дружиш без разлика на се, а не да останеш само на дискусии на оваа тема.

Misek -> RE: Мамо каде си? (22.8.2010 2:44:59)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Немам ниту јас право да те бришам Мисек од листата на корисници. Убаво би било да ни се преставиш во соодветна тема и да продолжиш да не дружиш без разлика на се, а не да останеш само на дискусии на оваа тема.

Напишав два одговора - и на твојот пост и на Палешка. Ги видов објавени и усште во едниот поправив грешки. Зошто сега ги нема не ми е јасно. Ме повикуваш да продолжам да се дружам, а веќе на првото јавување ми дадовте до знаење дека нема да се толерира слобода на говорот, ме напаѓаш дека грубо и се потсмевам на твојата* татковина, постовите ги снемува.... а поканета сум да се дружиме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley5.gif[/image] 

* татковинава е и моја, не само твоја / ваша. Или одредивте дека не смее Македонијава да ми биде татковина....

Страница: [1]