Bitolcanka -> RE: Како се чувствувате? (27.12.2009 13:34:25)
|
Денес се чувствувам средножалосно, што би рекле народски [sm=smiley1.gif] Не сум нешто ниту нај-најлошо, ниту нај-најдобро ... Ми влијае малку вчерашниот ден, дебатирав и објаснував долго некои работи, но не бев добро сфатена и како и обично, вината си ја префрлив самата себеси - чувството - ужасно [sm=smiley13.gif] Но, сепак денот е пред мене, мислам дека ќе се расположам довечер и нема да бидам [sm=smiley5.gif] - безволна ... Инаку во врска со темата - како се чувствувам кога ќе видам мајки со деца или бремени жени ... Па зависи од ситуација, друштвото со мене и сл. На пример кога сум во друштво на слободни девојки (без дечковци) или немажени (а во врска) и кога ќе сретнам млада мамичка (позната или непозната) не ми е толку тешко, чудно, за разлика од обратно - кога сум опкружена со врснички или помлади девојки во брачна состојба + со [sm=duda.gif] - тогаш се чувствувам како само јас да сум останала "стара чупа", на сите децата им пораснале, со еден збор - лошо, глупаво ... Има моменти кога сум била излезена со партнерот и сите други-брачни парови (постари од мене) па тогаш се чувствувам млада, убава, надежна, преубаво [sm=smiley1.gif] особено кога гледам дека мажените ми љубоморат на мојата младост, убавина, успешност, слобода ... Секоја може да се чувствува убаво ако е покрај драга личност која ја почитува, сака и се гордее со неа и обратно - кога си опкружена со негативни, злобни, лицемерни, љубоморни луѓе - ти доаѓа да избегаш од нив и со очи да не ги видиш [sm=hudicek1.gif] Трагичното е ако "мора" од одредени причини да бидеш во нивна близина ...
|
|
|
|