Bitolcanka
|
Денес се чувствувам средножалосно, што би рекле народски Не сум нешто ниту нај-најлошо, ниту нај-најдобро ... Ми влијае малку вчерашниот ден, дебатирав и објаснував долго некои работи, но не бев добро сфатена и како и обично, вината си ја префрлив самата себеси - чувството - ужасно Но, сепак денот е пред мене, мислам дека ќе се расположам довечер и нема да бидам - безволна ... Инаку во врска со темата - како се чувствувам кога ќе видам мајки со деца или бремени жени ... Па зависи од ситуација, друштвото со мене и сл. На пример кога сум во друштво на слободни девојки (без дечковци) или немажени (а во врска) и кога ќе сретнам млада мамичка (позната или непозната) не ми е толку тешко, чудно, за разлика од обратно - кога сум опкружена со врснички или помлади девојки во брачна состојба + со - тогаш се чувствувам како само јас да сум останала "стара чупа", на сите децата им пораснале, со еден збор - лошо, глупаво ... Има моменти кога сум била излезена со партнерот и сите други-брачни парови (постари од мене) па тогаш се чувствувам млада, убава, надежна, преубаво особено кога гледам дека мажените ми љубоморат на мојата младост, убавина, успешност, слобода ... Секоја може да се чувствува убаво ако е покрај драга личност која ја почитува, сака и се гордее со неа и обратно - кога си опкружена со негативни, злобни, лицемерни, љубоморни луѓе - ти доаѓа да избегаш од нив и со очи да не ги видиш Трагичното е ако "мора" од одредени причини да бидеш во нивна близина ...
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
|