jovanka -> RE: Вештачко оплодување (20.7.2010 15:43:29)
|
Државно Ин витро само по четири неуспешни обиди Со правилник и комисија на Фондот за здравство ќе се одлучува која Македонка може да биде вештачки оплодена. Во правилникот пишува жената треба да има извршено четири инсеминации во македонски болници за да може да поднесе документи за вештачко државно оплодување. - Дали на брачните парови кои во странство направиле инсеминација ќе им ја признаете? - Па да да, мора комисијата тоа да го земе предвид одговара д-р Лазаревски, гинеколог од клиничка болница ,,Систина,“ . - Како ќе го земете кога во правилникот на Фондот пишува само македонски болници? - Па мора да се признае - вели д-р Лазаревски. Нехуманиот момент во правилникот е дека државниот Фонд за здравство ќе плаќа ин витро оплодување само за едно живородено дете, по вторпат мајката мора сама да си плати. - Најголема среќа е брачните парови после многу години да добијат дете, вели Маја Парнарџиева Змејковска - директорка на Фондот за здравство. - Зошто тогаш среќата им ја ограничувате само со едно дете? - Тоа е така во законски рамки вели Парнарџиева. Фондот ќе одвојува пари, а нивни вработени ќе одлучуваат која жена има право за ин витро. Постои ли конфликт на интереси и зошто тоа не го прави независна комисија на Министерството за здравство -директорката на Фондот скандалозно избега од новинарите. Кој ќе членува во комисијата? Двајца доктори вели Парнарџиева што се по стручност гинеколози ?Двајца доктори контролори вели Парнарџиева. Новиот правилник и фондовската комисија почнуваат со работа од 1-ви
|
|
|
|