blue_blue -> RE: Вештачко оплодување (31.8.2010 11:16:55)
|
Се согласувам со Зорана дека нема потреба да се оди надвор од МК. Овде барем за IVF има стручни доктори, кои ги следат сите најнови достигнувања и супер услови во приватните болници. Јас бев во Белгија на трето мислење и ист впечаток имам како Зорана, ништо спектакуларно, болница ко болница, не ислуша докторот и ништо посебно ново не ми кажа, се што веќе го имав чуено од Др. Лазаревски и Др. Петановски го чув и таму. И двајцата многу патуваат и следат (Др Петановски соработува со болница во Чешка и мислам дека таму има субспецијализирано), Др Лазаревски нон стоп е некаде по белиов свет на конференции, форуми (за Др Таше не знам па не пишувам, ама сигурно и тој следи) така што мислам дека е фрлање пари да се оди надвор. А Лилита, не може секоја постпка за потпомогната репродукција да заврши успешно. Не знам кој рекол дека сите од Ремедика остануваат трудни - камо среќа да беше така, одма сите други гинекологии во свет ќе ги затвореа и сите ќе одеа тука. Не знам што подразбираш под „ја утнаа работата“. Може да ја утнале само ако ти правеле IVF, а не си била за таква постапка. За се друго они работат што можат и Плодност, и Систина и ремедика, ама не се семоќни...Како и со друга медицинска состојба (не сакам да речам болест) не зависи се од медицната и докторот - многу работи зависат од момент, од психичка состојба, од самиот организам...немаат они магично стапче...Човек треба да верува во позитивен исход и се додека има макар и најмала медицинска можност да се обидува. Тоа чини многу нерви, време и пари (сите сме го трчале тој пат - некои уште го трчаат) ама желбата е огромна и ќе се успее. Ако чеовек е фокусиран да добие дете ќе го добие, макар и по едно чудо постапки, седење по ходници во болници, ординации....Надеж секогаш има и не треба да се губи. РР-јаки те поддржуваат и ќе се радуваме и на твоите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image]
|
|
|
|