Vikica 81 -> RE: Вештачко оплодување (19.1.2010 10:00:20)
|
Фала Ви на сите на утехата и убавите зборови, ние веќе 7 год се бориме со неплодност и сега затоа ми е целава оваа паника, прво ин витро, претходно неуспешни инсеминации, и сега ми е толку многу страв од исходот, па само нешто анализирам, барам симптоми, а верувајте ништо нема. Свесна сум за сугестивните симптоми, ама ајде де, пуста желба што прави на психата. А за во Битола сум слушнала дека др е одличен, ама нас ни е далеку, затоа одиме во Ск, но ако треба и таму ќе отидеме, се разбира. Ајде, се надевам дека ова ќе ни биде последно трчање на оваа тема, и за крај на сите што посакуваат да имаат бебуш, што поскоро да им се исполни желбата, на сите од срце им посакувам што поскоро да се фалат дека се [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image]. Денес е убав празник па белки ќе ми се услишат молитвите. Поздрав до сите. BIG HUG
|
|
|
|