|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Посета на забар
14.9.2010 13:50:58   
Nade
Негата за забите почнува од излегувањето на првото запче,и на почеток детето игра со четкичката и се навикнува на истата така да постепено се воведува и пастата, многу мала количина, која и да се голтне не е штетна, моето постаро синче ќе полни во октомври 6 години и првата четкичка ја доби пред да наполни една година денес редовно ги мие запчињата и наутро и навечер и се грижи за нив user posted image за прв пат на стоматолог го однесовме на 3 годинки за да се запознае со докторот со околината, да види како изгледа еден преглед, и немавме никаков проблем. Многу е важно детето првиот контакт со стоматолог да го има  пред да почуствува забоболка, бидејќи ќе има трауми подоцна.Многу е важно исто така да не се користи цуцла, шише со цуцла и сокчиња пред спиење посебно што содржат шеќер.Ова го велам од искуство, јас  за децата не сум користела лажалка, ниту шише со цуцла ниту сокчиња  пред спиење. и до сега навистина се покажа исправно user posted image .А помалото синче  сега ја доби првата четкичка а има 13 месеци но на него подоцна му излегоа запчињата.
Така да моите совети се без цуцли лажалки, без шишиња со цуцла и без сокчиња пред спиење, навреме средба со четкичката за заби и навремена посета на стоматолог user posted image


_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Посета на забар
14.9.2010 13:52:46   
Nade
и заборавив  нема потреба од дополнителна примена на флуор доколку редовно се мијат запчињата, се прима доволно од пастата, а доколку има потртеба може да се премачкаат запчињата со флуор кај стоматолог user posted image

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Посета на забар
14.9.2010 16:26:39   
maripoza
ајде ако може тие што имаат повозрасни дечиња да ми кажат отприлика на која возраст ги менаат млечните запчињата односно сами им паѓаат на децата.бидејки моето е три ипол години и забите му се бели и нема кариес но пред две недели падна и си ѓи повреди двете горни запчиња и малку му се расклацаа и сега се забележува промена на бојата т.е. како сиво/црни му се user posted image дали некој е имал вакво искуство....поздрав

< Поракaта ја уредил maripoza -- 14.9.2010 16:28:25 >


_____________________________

понекогаш добро е кога ке го послушаш срцето...дозволи тоа да ти каже.....

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Посета на забар
14.9.2010 21:56:45   
mama26
maripoza sivi mu se zasto padnal gi povredil-toa e reakcija na zabite,zabcinjata se menuvaat mislam okolu 6 ta godina.

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот maripoza)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Посета на забар
15.9.2010 0:15:49   
maripoza
значи ке мора да чекаме сами да му паднат кога ке дојде времето ако му останат до сега како што се....освен ако не се искомплицира нешто..user posted image ..

_____________________________

понекогаш добро е кога ке го послушаш срцето...дозволи тоа да ти каже.....

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Посета на забар
15.9.2010 0:20:58   
mama26
na moja komsivka deteto gi ima site zabi rasipano.i rekov na zabar ama kasno e.i doktorkata i rekla deka ako gi izvadat zabite ke dojde do iskrivuvanje na vilica.i taa ke ceka sami da padnat,

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот maripoza)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Посета на забар
15.9.2010 0:23:54   
mama26
kaj tebe ne e strasno samo dve zabcinja se,ke padnat sami,neveruvam da e strasno za vilicata.i taka kaj 6 godini kako strbli ke bidat.ima zab nema,kolku se interesni togas.....ama za sekoj slucaj odi na lekar za boickata na zabite,prasaj...jas mislam od padot e...

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Посета на забар
15.9.2010 1:02:36   
maripoza
мене ми беше страв недај боже да не му се има скршено корен да не загнои внатрешно итн. бидејки не знам како оди тој процес со забите.затоа и сакав да ве прашам што и како е кога некое дете има расипани запчиња или повредени од удар... а по што не живееме во мкд тука малку побавно се стигнува до заболекар трба закажување па се чека 2 3 месеци..ти благодарам мама 26 што се потруди да ми одговориш и еден голем поздрав до сите вас стварно сте прекрасниuser posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил maripoza -- 15.9.2010 1:03:05 >


_____________________________

понекогаш добро е кога ке го послушаш срцето...дозволи тоа да ти каже.....

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Посета на забар
10.11.2010 21:30:43   
vezilka RR
Едно прашање..постои ли посебен детски стоматолог, ординација која е прифатлива да речеме за 3 годишно дете, од која нема да се исплаши туку ќе му биде интересно, барем во просторијата? Или ги носите дечињата кај вашите стоматолози?

(Одговор на членот maripoza)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Посета на забар
9.2.2011 11:01:42   
nadica

ИЗВОРНА ПОРАКА:  Snowhite
Кога прв пат посетивте заболекар со вашето дете? Во сите статии за заби што ги имам читано пишува дека првата посета треба да се изврши со појавата на првото забче. Дали и колку е тоа возможно, дали вие направивте така или почекавте да потпорасне детето а и другите заби?
Мене сега ме загрижува и тоа што прочитав дека после годината, ако детето и понатаму го доиме, особено навечер,  дека шеќерите од млекото влијаат на забите, а моево се уште цица навечер и тоа по неколку пати се разбудува.


ИЗВОРНА ПОРАКА:  ole2004
Eva uste nema zabi,no kaj nas na rabota doagaat mali decinja koi gi vozime na stom.stolica,im gi mieme zapcinjata i gi premackuvame so fluor.Cisto da steknat navika za na stomatolog.


ИЗВОРНА ПОРАКА:  Snowhite
А колкави се тие дечиња? Михаил има 1 година и 6 заби, па си велам кога ќе одам јас на забоелкар да го земам со мене, не знам како ќе помине прегледот, зошто никако не сака во уста да го чепкаш, не ме остава да видам дали има уште некој заб пораснатоuser posted image user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА:  ole2004
Sekako zemi go so sebe,neka gleda osven ako ne e mama plaslivka.So sila nisto nemojte da pravite,ako saka neka sedi na stolicata,vozete go,pokazete mu ogledalce za ogleduvanje na zabcinjata,brojte gi zabcinjata...Seto toa neka bide postepeno i so negova soglasnost. 




_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Посета на забар
9.2.2011 23:54:23   
suzeto
jas go odnesov kaj mojot zabolekar pred da napolni 5 god,a se mie zapcina od 2-3god.bev jas za mene i sedna i toj taka samo da se zapoznae,si se povozi na stolceto i tolku sledniot pat malce mu go cepna zapceto mu bese podrasipano no popoleka mu go popravase mnogu nezno raboti dr.ne go zavrsi od prviot pat za da ne mu dojde naednas,bideni sme nekolku pati ....
sega ima 5 i pol god.i dolnite dve zapcina mu padnaja mu rastat novi mislam deka e mnogu brzo... sto mislite vie?

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Посета на забар
10.2.2011 10:07:30   
mama26
neznam suzeto,jas mislam okolu 6 se menuvaaat a tvoeto veke e 5 znaci tuka negde taa vozrast gi menuvaat.i nie bevme na zabar prvpat na 3ipol i od togas odime 2 pati godisno..zimovo bevme nemase karies no mu stavase plombicki zasto 5kite mu bea mnoogu ostri  user posted image

seuste blago ne jade moze i zatoa nema karies ,so i nemora da znaci..no super za nego.kaj i da e i nie 5 ke bideme pa ke vidime i nas koga ke ni padne prvotot zapce..pozdrav


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Посета на забар
10.2.2011 10:33:19   
Calypso
ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto
sega ima 5 i pol god.i dolnite dve zapcina mu padnaja mu rastat novi mislam deka e mnogu brzo... sto mislite vie?


Не е рано, таман си е... околу 6 година почнуваат да излегуваат првите трајни заби, некаде прво излегуваат 6-ките, а кај други деца долните кецови. Има варијации, нормално дека не може секое дете да биде исто. Инаку, ориентационо е околу 6 годинки +/- неколку месеци, па се што е во тие граници е нормално. Само треба да си одржува редовна орална хигиена, а доволно е големо самото да си ги мие забитеuser posted image


_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Посета на забар
11.2.2011 17:05:03   
suzeto
6kite seuste ne se izlezeni,zatoa dolu kecovite mu izleguvaat...poznavam nekoi se pogolemi od moeto 1-2 god i sega mu se menuvaat...a za mienje gi mie sam no ne saka i ne gi mie pravilno ama si vikam kolku-tolku podobro od icuser posted image

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Посета на забар
26.2.2011 19:19:05   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Едно прашање..постои ли посебен детски стоматолог, ординација која е прифатлива да речеме за 3 годишно дете, од која нема да се исплаши туку ќе му биде интересно, барем во просторијата? Или ги носите дечињата кај вашите стоматолози?


Везилка, ти пишувам после неколку месеци, тек сега отидовме на забар. Докторката и направи на Јана шестка пред скапување, оти не и била залиена убаво од училишните стоматолози во Букурешт. Ниеднаш устата не ја затвори, а пази прв пат и прават заб воопшто и тоа најрасипаниот.
Закажавме веднаш за нареден заб другата сабота.

После Јана на столот седна Бобо. Бобо син на мајка, остана без скршена четворка. Без анестезија, само со спреј.

Докторката се вика Мита, позади мавровка и е ординацијата.
Ако си сеуште заинтересирана ќе ти пратам повеќе информации по ПП.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Посета на забар
27.2.2011 13:12:07   
Snowhite RR
Ние посетивме заболекар, кога плачеше неколку дена мислев дека му се афти, па докторката ни рече да посетиме заболекар, ама немаше ништо, ама битно се запозна со заболекарката, си поиграа таму со него, најмал пациент им бил и така


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Посета на забар
27.2.2011 17:42:03   
Slagjana
Леле и јас треба да ја однесам ќерка ми на заболекар. Има 1 година и 12 заби. Знам дека е време, ама не знам дали да ја носам кај мојот матичен или кај заболекар за деца од претшколска возраст. Каде ги носите вие децата?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Посета на забар
27.2.2011 17:44:17   
Snowhite RR
Јас кај мојот заболекар

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Посета на забар
27.2.2011 18:03:54   
Viktori
Јас ја однесов кај една моја пријателка. Мислам дека кога е забар во прашање, најважно е да има трпение за со деца, да е приступачен, комуникативен и нормално да знае што прави user posted image На Јана забаркаа и го правеше забот со анестезија, а на Бобо му го извади без, само со спреј. И во сабота сакаме да одиме пакuser posted image

Децата треба да сакаат да одат на забар во спротивно нема сила што ќе ги натера уста да отворат.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Посета на забар
29.6.2011 9:49:17   
Sandric
Млечното забало кај децата се состои од 20 заби. Никнењето на првиот млечен заб се случува околу 5-6 месец.Останатите заби се јавуваат по одреден редослед во наредните 2-2.5 години. До третата година децата треба да ги имаат сите заби.Тие служат за џвакање, говор и правилен развој на вилиците.

Грижата за млечните заби е исто толку важна како и за трајните. Поради послабата минерализација и потенките слоеви на емајл и дентин, кариесот кај млечните заби се шири побрзо и пошироко се распространува. Одржувањето на здрави млечни заби кај детето овозможува удобност кај детето и го штити од непријатности и болка што може да се јават поради кариес. Исто така се овозможува правилно поставување на трајните заби.
Околу 6-та година зад вториот млечен катник ( последниот млечен заб) се појавува првиот постојан катник. Многу родители се во заблуда дека и тоа е млечен заб кој ќе се смени па ја одложуваат посетата на стоматолог.Тоа може да допринесе до појава на кариес, негово продлабочување и појава на пулпит (воспаление на нервот) на трајниот заб.

За Вас: Залевање на трајниот заб

Тоа се прави кога има длабоки фисури ( бразди на џвакалната површина на забот), кои се влезна врата за ширење на кариесот.
Силантот е течен материјал кој содржи флуор во својот состав. Се разлева на засегнатата површина на забот и се стврднува со фотополимерна ламба. Апликацијата не бара брусење на забот, постапката е целосно безболна и трајноста му е неколку години.

Децата треба да се навикнат на редовни контролни прегледи и да станат поодговорни во однос на хигената на своите заби.
Однесувањето на детето на стоматолог во голема мера зависи од родителот.Ако тие се уплашени и недоверливи тоа се пренесува и на детето.Затоа подготовката на детето за посетата на стоматолог треба да започне уште дома.На детете треба да му се објасни постапката и интервенцијата уште дома.Затоа е препорачливо детето да се донесе на стоматолог уште пред да има потреба од било каква интервенција, за да може да се запознае со кабинетот и да му се објаснат постапките и процедурите што се случуваат во една ординација.
Во никој случај детето не треба да биде заплашувано!!!
1. Кога треба да биде првата посета на детето на стоматолог?
Се препорачува првата посета да биде после 2 години. Најчесто детето тогаш нема никакви проблеми со забите и го доживува прегледот како нешто нормално. Кога детето ке започне со посети толку рано секоја посета учи нешто ново и сето тоа го прифаќа како игра а стоматологот како партнер во таа игра.Така често се случува децата да сакат да одат на стоматолог.

2. Треба ли да се лекуваат млечните заби , кога секако ќе се сменат?
Млечните заби треба задолжително да се лекуваат и да се спречи нивно предвремено вадење, бидејќи тие го чуваат местото на трајниот заб.Ако детето има кариес на млечниот заб задолжително е да се постави пломба за да не дојде до формирање на гнојни процеси .Но дури и во такви случаи може да се излекува забот и да се сочува во устата се до никнење на трајниот заб.Нелекувани млечни заби може да го засегнат зачетокот на трајниот заб.Освен тоа поради предвремено вадење на млечниот заб може да се случи никнење на трајниот заб накриво и тоа да доведе до пореметувања во целата забна низа. Ете затоа родителите треба да настојуваат на навремено лекување на млечните заби и нивно сочувување во устата се до нивната физиолошка смена.

3.Какви се ризиците за детските заби од употреба на цуцлата лажливка? Кога треба детето да се откаже од неа за да не се поремети поставеноста на забите?
Во текот на првите две години употребата на цуцла-лажалка не претсавува поголема опасност за детското забало. Но , до третата година детето треба задожително да престане да ја користи цуцлата.До тој момент растежот на детската вилица може да ги исправи евентуалните аномалии што може да ги предизвика цуцлата но не и по оваа возраст.
Шмукањето на цуцлата-лажалка може да доведе до појава на празнина во загризот (отворен загриз). Уште поголеми аномалии може да предизвика шмукањето на прстите. Така кај деца што и по третата година користат цуцли може да се забележат искривувања на предните заби. Може да дојде и до искривување на катниците и до појава на т.н.отворен загриз со што се отежнува откинувањето на храната, џвакањето и целокупната исхрана.
При искривување на предните заби веќе и устата не може да се затвара правилно.При таа положба детето дише на уста и со тоа го зголемува ризикот од кариес, бидејќи усната празнина се суши побрзо. Постојаното дишење низ уста може да допринесе за појава на респираторни заболувања поради вдишување на ладен и не навлажнет воздух поминат низ носот.Децата кој користат цуцла почесто страдаат од воспаленија на средното уво.
Долгогодишното користење на цуцла-лажалка не само што може да доведе до создавање на отворен загриз туку и до неправилна положба и функција на јазикот што може да допринесе и до појава на неправилности во говорот.Не можат правилно да бидат изговорено некој звуци, најчесто С и З.

ВНИМАНИЕ ! Немојте да ја лижете цуцлата! На тој начин може да дојде до пренесување на патогени микроорганизми ( габи, бактерии причинители на кариес) од вас на детето.

4.Како може да се спречи појавата на кариес кај млечните заби?
Извесно е дека внесувањето на поголеми количини на шеќер овозможува и развој на повеќе микроорганизми, поголема киселост и повеќе храна за нив. Со еден збор поповолна средина за нивни развој и поповолни услови за нивни напад на забните ткива. Кај децата профилаксата од кариес опфаќа зголемување на издржливоста на млечните заби со користење на флуор и силанти.Редовното четкање на заби ( минимум по 2 мин.), плакнење на усната празниана го намалува ризикот од кариес.Создавањето на овие навики започнува уште од најмала возраст со појавата на првите заби.Исто така потребно е ограничување на внес на шекерите, како и лепливите грицки (чипсови , бисквити и сл.) особено меѓу оброците.
Повеќето деца го започнуваат животот со здрави заби. Од вас родителите зависи дали ќе се одржат такви. Детето целосно зависи од вас и вашите решенија комплетно влијаат на неговите навики и одржувањето на здраво забало.


5.колку често да се носи детето на стоматолог?
Посетата на стоматолог е потребна најмалку два пати годишно. детските заби содржат висок процент на вода, што овозможува побрзо напредување на кариесот во длабочина со што забот може да биде засегнат многу побрзо отколку трајниот заб.Многу е важно и редовно одржување на хигена кај децата. Со жалење поради лоша хигена може да се забележи и појава на забен камен кај деца од 6-7 годишна возраст. Еднаш формиран забен камен може да биде исчистен замо од стоматолог. Ако не се обрне доволно внимание на хигената во таа возраст може да дојде до појава на воспаление на гингивата ( гингивит) кој во подоцнежна возраст може да премине во пародонтит. Најдобро е секој проблем во усната празнина да биде детектиран и лекуван уште во почетокот. Поради тоа редовната посета на стоматолог може да биде решение на вашиот проблем во однос на санирање на проблемите во усната празнина на вашите деца..

6. Дали смената на млечните заби е болна?
Секое дете на различен начин го доживува вадењето на млечниот заб. Ако редовно посетувало стоматолог за контролни прегледи и не почувствувало поголема болка при посетите тоа ќе има доверба во стоматологот. Важна е и мотивацијата од родителите , да го подготват детето правилно за целата манипулација. Ако забчето е многу расклатено и се држи лесно за гингивата тугаш се користо локално анестетичен гел. Процедурата е безболна и кратка. Кога забот не се клати а мора да се извади, бидејќи на пример трајниот заб пробил тогаш се користи анестезија со инекција. Кога малите пациенти имаат доверба во својот стоматолог тогаш не би требало да има проблеми при апликација на анестезијата.
Секако е потребна мала психолошка подготовка на детето и најбитно од се е дека детето не треба да се лаже за тоа што ќе му биде правено. Треба да му се објасни точната постапка при интервенцијата.

Нешто малку стручно од мојата струкаuser posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Посета на забар
29.6.2011 13:49:12   
bibi
поздрав до колешката колку што разбрав вие сте стоматолог.
Убаво напишаноuser posted image
Ако им затребаме нешто на мајките, слободно пишете и прашајте не. јас сум стоматолог, па ако нешто некому му треба може да пише.

_____________________________

Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Посета на забар
29.6.2011 16:55:03   
Sandric
Da stomatolog sumuser posted image
Sekako za sovet ili mislenje stojam na raspolaganje vo sekoe vremeuser posted image

(Одговор на членот bibi)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Посета на забар
30.6.2011 16:53:25   
Slagjana
 Е па кога имало стоматолози на форумов ајде се консултирам со вас. Со каква четка треба да се мијат забите на 16 месечно дете. Јас имам комплет од 3 четки од Baby Nova. Од кои двете се гумени и едната обична со влакненца. Моментално ја користиме втората гумена, ама нема наведено на упатството кога треба да се премине на обичната со влакненца. Можеби требаше одамна. Инаку има 16 заби. Секако јас не и ги мијам оти не ме остава,туку сама ги трие со гумата. Нека пишат и другите мајки ако знаат.

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Посета на забар
1.7.2011 15:52:39   
Felly RR
Сандрич за информациите.
Нашиот семеен заболекар ни е добар пријател, и Матеа досега му оди во посета само на гости, уште не сме биле на преглед за запчињата.
А за четка СЛаѓана, и ние користиме гумена, Матеа има 15 запчиња. Ама таа е научена, и си стои додека јас и ги четкам запчињата.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Посета на забар
1.7.2011 15:58:53   
dzigimigi
nie imame 8 zapcinja i sledniot mesec sme na prva poseta kaj stomatologuser posted image ,gi mieme zapcinjata sekoe utro i vecer prvo jas mu gi cetkam pa potoa sam user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?