RE: пролетно-летно чистење (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


elenak -> RE: пролетно-летно чистење (14.4.2014 9:21:52)

Леле некако уште не е стоплено и не ме асоцира на пролетно чистење.Пред Велигден нема да биде ама пред Ѓурдовден секако, т.е пред именденот на мм. Традиционално секоја година.




Defne90 RR -> RE: пролетно-летно чистење (14.4.2014 14:22:04)

Јас чистев претходниот викенд со мм,ама сега викам пак да префатам малку пред велигден.Овие два дена малку ќе си одмарам ама после веќе може да се префати овде онде.[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Пролетно-летно чистење (14.4.2014 15:06:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Јас го завршив генералното чистење,традиционално пред Велигден.Цела куќа ја протресив и исчистив ,исперив,буквално до најмало ќоше,прозорец и фиока[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]така сега куќата ми е освежена од зимските чадови и магли[sm=smiley1.gif]
А инаку секојдневните чистки не се рачунаат тука[sm=zmeden.gif]

Е и ние ја освеживме од зимските чадови, оваа година многу се исчадивме, ама затоа сега ѕидовите ни се освежени, се пребришано, исперено, ама тоа за фиоките, најмачно ми е кујната кога ја средувам. Затоа ја оставив за после Велигден. Само кујната да ја средам колку цела куќа заедно ми е. Се да извадиш, да пребришиш, да прередиш. Цел ден, ако не и два губам само за кујната.




Mila mamicka -> RE: Пролетно-летно чистење (23.5.2014 10:45:55)

Генералка правам двапати годишно, еднаш пред Велигден, и еднаш во октомври пред да залади времето. Оваа година, поради времето, не ја направив пред Велигден, туку пред некои 10 тина дена. Кога правам генералка, чистам буквално се. Значи нема делче или ќоше во куќата што нема да ги исчистам. Преместувам мебел, вадам лајсни од кујна за да исчистам под неа, внатрешно бришам и кујна, и плакари и се, прередувам алишта. И најважно од се, кога правам генералка, фрлам многу работи кои не ми требаат. И на секоја генералка, тие работи се многу. Ама не сакам куќата да ми биде затрупана со работи кои не ги користам.




Dilina -> RE: Пролетно-летно чистење (30.5.2014 21:18:33)

Сигурно ќе биде деновиве затоа што се ближи новиот член :) станот не ни е мн голем, па кога ќе речам генералка не ме фаќа некој страв, и така знам да ја правам и на месец дена [sm=smiley26.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]