agnes77 -> Децата без родители бараат посвојување, а не сместување во семејства (30.8.2010 9:30:15)
|
Децата без родители бараат посвојување, а не сместување во семејства http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=16EE98838D158246BCE729C77286F432 Потресно доживување на дете сместено во згрижувачко семејство [image]http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/AB3F22B0C3AA0748B28BC7AD1B7DD428.jpg[/image] Дончо Димитровски (лево) не е задоволен од неговиот седумгодишен престој во згрижувачко семејство СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА ВЕСНА ДУКОСКА „Живеев во дом-семејство во населбата Драчево, а згрижувачите беа невработени. Парите што ги добиваа за мене и за сестра ми си ги трошеа за свои потреби. За кусо време си направија куќа на два ката во Крушево. Додека ние еднаш во денот јадевме леб и сол, тие она што го добиваа од државата го трошеа за свои потреби. Спиевме во кујна и често бевме и малтретирани. Имавме само по една тетратка за пиши-бриши и забрането излегување и дружење со децата на улица, освен со врсниците во училиште“. Вака го раскажува својот седумгодишен живот во дом- семејство, Дончо Димитровски, сега младинец, кој тврди дека веќе не ја памети адресата на куќата во населбата Драчево, бидејќи тогаш бил многу мал. Оваа драматична сторија, како и онаа на Перо Георгиевски од Крушево прераскажана во писмо испратено до Здружението на децата без родители од детските домови на Македонија „Иднина“, беа презентирани вчера на прес- конференција на здружението. „Иднина“ ќе поведе кампања за менување на Законот за посвојување. Децата без родители се за посвојување, а не за сместување во згрижувачки семејства кои најчесто се мотивирани од материјалната помош од 5. 000 денари од дете што ја добиваат од државата. Дончо во обвинувањето што го искажа тврдеше дека не видел ни денар од парите што ги добивале неговите згрижувачи. Невладината „Иднина“ сериозно ќе бара да се промени Законот за посвојување доенчиња и деца без родители, да се скрати процедурата на чекање, која обично трае пет години. За нивната кампања за менување на Законот за посвојување ќе ги информираат меѓуопштинските центри, МВР, Министерството за труд и социјална политика и странските амбасади во Македонија. Нов закон за посвојување ќе ја поедностави процедурата и полесно ќе можат да дојдат до дете и странци. Од друга страна, децата ќе добиваат вистинска родителска љубов, која најмногу им недостасува. „Ќе испратиме петиции до сите кои сакаат да ни дадат поддршка за промена на Законот за посвојување. Процедурата за посвојување треба да биде достапна до сите кои се заинтересирани да посвојат дете. Предност треба да имаат граѓани на Република Македонија и да се прекине практиката со посвојување само бебиња. Треба да се посвојуваат и повозрасни деца. Имавме пример кога од странци беше посвоено момче на возраст од 18 години. Неговите посвоители сакаа тој да ги догледа, зошто беа стари“, рече Илија Јовановиќ, претседател на „Иднина“. Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, вели дека ваквите здруженија наместо да се промовираат на прес-конференции би било подобро да ги пријавуваат ваквите примери со претставка, за да може Министерството да преземе и соодветни мерки против ваквите згрижувачки семејства. „Во Скопје има над 100 згрижувачки семејства, а искуствата досега се одлични. Центрите за социјална работа како органи за старателство во законот за семејство безусловно ги преземаат сите мерки и активности во функција на заштита на правата на децата без родители и родителска грижа. Негативните примери треба да ги елеминираме и секогаш треба да се пријавуваат доколку ги има и сериозно се проверени“, додава Миновски. Од: nechiv sin Датум: 15.12.2007 01:45:22 Koe dete od 7 godini ke prijavi maltretiranje?Ne ochekuvajte decata da vi ja vrshat rabotata, vie treba da se pojavuvate vo tie semejstva ne najaveni i da go otvorite friziderot na tie luge i decata vo posebna soba da di prashate shto imale za pojadok. Isto taka decata da se sledat vo uchilishte uchilishniot pedagog da znae za sostojbata na deteto i da go sledi dali e izmieno i icheshlano. Im veruvam na dechkite 100% ne velmam deka sekoe semejstvo e takvo ima i fini luge no ima i takvi kako shto naletale Doncho i Pero. Poveke proverka i kazni za onie koi gi zloupotrebuvaat parite dadeni za chuvanje na decata. I novinarite toa da go objavuvaat pa da se pomislat tie shto sakaat da usvojat dete samo za parite od socijalno. Од: Usvojuvanje- Da, Cuvanje - Ne! Датум: 15.12.2007 20:49:44 Decata se iskreni i potpolno se vo pravo! Vo osnovata na Cuvanjeto se komercijalni interesi, a ne eticki i humanitarni principi! Koja e logikata decata da im se davaat na onie koi se zainteresirani da gi ,,cuvaat,, za pari od socijalnoto, a ne na onie koi bi sakale da gi posvojat i da gi izdrzuvaat so sopstveni sredstva?! Golem broj bracni drugari nemaat deca i so zadovolstvo bi usvojuvale i dobrovolno bi izdrzuvale, vospituvale i skoluvale deca bez roditeli, se razbira dokolku bi se izmenile postojnite rigorozni zakoni za usvojuvanje! Socijalnite ustanovi bi trebalo da vrsat kontrola i na usvoenite deca. So liberalizacijata na zakonot za usvojuvanje definitivno ke se resi i problemot na nesakanite deca, kakov sto bese neodamnesniot slucaj so cedomorstvoto (od socijalni pricini) vo svetinikolskoto selo, Pesirovo! Од: citatel Датум: 16.12.2007 11:53:18 se cudam zasto vo domot za bebinja vo bitola ima do 80 bebinja a potrazjta e preu1000 semejstva zelni za posvojuvanje.Pisuvam od iskustvo
|
|
|
|