RE: Бивши девојки на партнерот (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


blond -> RE: Бивши девојки на партнерот (13.3.2013 13:21:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Не ме интересираат. А заедно знаеме да ги оговараме [sm=smiley36.gif]


Баш така е и кај нас...ич не се замарам бре со нив, да биле добри немаше да бидат бивши (уствари тие биле може добри ама не за мене [sm=smiley36.gif])

Мислиш, биле добри, ама не за него? [sm=smiley36.gif]
А што да кажам јас што многу често се разминуваме, живееме близу, 100 метра ни се оддалечени куќите [sm=jezicek.gif] . Дури кога сме заедно со мм му велам, еј еве ја бе, мавни и раче и кажи и дека си среќен со мене, зошто му велеше јас сум најголемата грешка во неговиот живот [sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Бивши девојки на партнерот (13.3.2013 13:31:08)

Лично не познавам ни една, а мм чува слики од рана младост кога работел во странство, и на нив има и негова бивша девојка. Ми раскажал за ситуацијата, на чисто сум со тоа, и не ми пречи. Сега на Тина и се актуелни фотографии, па кога ќе се дочепаше до овие, и ќе стигеше до сликите на татко и со девојката - викаше - ова тато, ова мама [sm=smiley36.gif] Па и кажав дека не сите женски до татко и се викаат МАМА, па сега вика ДАДА [sm=smiley36.gif].
Поентата ми е - немам проблем со се' што е минато и си останало во минатото, па макар и бивши.




Defne90 RR -> RE: Бивши девојки на партнерот (6.6.2014 1:13:48)

јас немам ама баш ич проблем со бившите девојки на мм.Со две од нив дури и сум во ептен добри и пријателски односи.На фејсбук некои од нив му се пријателки исто така.Знам едоставно дека сите тие останале во минатото и дека јас сум неговата сегашност а се надевам и иднина.Така да сметам дека е глупо од моја страна да покажувам љубомора и да се лутам за работи кои веќе одамна не постојат.Веќе сме возрасни личности и имаме сосема други сваќања за животот и љубовта.На крајот на краиштата не е тоа ништо ни чудно ни страшно со бившите.И тој имал и јас сум имала бивши и никој од нас не прави Big deal од тоа.




princessa -> RE: Бивши девојки на партнерот (6.6.2014 10:48:17)

Ниту една не познавам а и не ме интересира. Минатото останало закопано и битна ми е сегашноста и иднината. И плус тоа секој си има некакво минато, ако нема значи не постоел[sm=smiley36.gif]. Можеби е подобро да се има повеќе искусено за после тоа да се знае што недостигало и што да се бара. А и кога сум потпрашала некогаш од љубопитност тој ми рекол дека немал сериозни врски туку само за забава неколку, ама сепак јас ги рачунам макар за еднаш или повеќе пати.Па како да ги класифицирам, мувачици?




scared RR -> RE: Бивши девојки на партнерот (30.11.2014 21:16:03)

Една од нив познавам , не се знам со неа лично ама знам која е. Их пука од љубомора кога ќе ме види, многу го има сакано мм а он не ја рецкал и криво и е сега ептен. Иако и таа е веќе мажена љубомората и се чита сеуште од лице [sm=zmeden.gif]




caciana -> RE: Бивши девојки на партнерот (30.11.2014 23:42:50)

Ne sum ljubomorna voopsto,nekoi GI poznavam,onaka po izgled.Ama site mozat voda DA mi nosat.[sm=jezicek.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]