blue_blue -> RE: Не давам/ примам мито! Дали? (31.8.2010 9:42:16)
|
Нити сум давала мито, ниту сум примала, ниту имам таква намера. Едноставно не сум така воспитана и тоа е тоа...Татко ми цел живот беше на позиции, ама никогаш ништо не зема, ниту имамае куќи, платаи, станови во Охрид, дуќани во Центар...Што имаме сами со мајка ми имаат направено со свој труд и така ме воспитале и мене и сестра ми. Напротив на милион луѓе има помогнато, а ни фала не му кажале, ама таков беше. Врски сум фаќала за да ми завршат работа во државна администрација и тоа многу ме нервирало, ама кога ќе видев дека нема друг начин. За среќа имам пријатели па ми помогнале само на збор и затоа што взаемо се пошитуваме.. Морам да кажам дека се изненадив последен пат во Министерство за образование - таков прием, љубезност и брзина во завршување на постапката не очекував (ја носев магистерската од УСА да ми ја нострифицираат). Секоја чест за службеничката (а немав врски и не и однесов ни кафе ни бомбоњера).. Таа толку убаво ме посоветува, упати што да направам за недоразбирањето кое се јави да се реши и толку експресно заврши целата постапка да немам зборови. Таа ми се јави лично да ми каже дека се е завршено да дојдам да ја земам нострифицираната диплома. Така што и таму има ОК луѓе. Е сега, не знам дали не би давала мито ако се работи за здравје на дете...Не сум се нашла во таква ситуација ама мислам дека за здравје и живот на дете односно близок се ќе направам. па и мито и се што треба ќе се решам да дадам ..
|
|
|
|