beki RR -> Ми треба помош, каде да се обратам? (2.9.2010 9:53:57)
|
Еве што ме поттикна за отварање на оваа тема.Пред некој ден ми се јави една мајка, лежат со девојчето на детска клиника и нормално, што не е ич нормално, ама кај нас тоа е многу нормално, на клинка нема од лекарствата што и ги препишале на малечката.Што е најтрагично и во аптека ги нема лекарствата. Ми се јави да ме праша дали знам до каде да ги набави. Веднаш се организиравме.Познавав една мајка од Скопје која ги користи истите лекарства.Жената не само што кажа од каде да се набават туку одвои и време да отиде на клиника да ја посети мајката.А тоа многу значи.Кога си во ситуација кога ти е претесно во сопствената кожа, а седиш во оние мали собулина на клиника, плачот може да ти е единствена утеха.Таму е секогаш добредојден добронамерен посетитил.Наредниот ден една друга мајка одеше на клиника па и таа ги посети и им однесе лекови дури да се снајдат. Затоа пишувајте.Ако имате некој проблем , а не знаете како да решите и каде да се обратите, ќе пробаме зеднички да помогнеме.Сите ние сме родители кои ја делиме истата болка, секој познава некого и така многу може да се помогне.И онака државата многу малку прави за нашите деца , барем ние да си помагаме онака како што можеме и умееме.
|
|
|
|