Werty -> RE: Децата и непријатните миризби (4.9.2010 12:57:47)
|
Ние човечињата сме склони кон предрасуди. Зошто нешто што е „општо прифатено“ како лошо/добро треба да е лошо/добро и за нас? На пример, кај нас во МК се смета дека не е добро кафе да им се дава на деца и тоа е општо прифатено. Но, во некои земји се знае дека една-две чаши кафе на ден (покрај другото) му помагаат на телото самото да се штити од дијабетес. Јас пијам кафе од 6 годишна возраст и за сега сум поштедена од наследниот дијабетес. Лоши навики? Хммм... Едно време се сметало дека мастурбацијата е лоша навика (и дека се суши кичма :))) Исто така, дури и денеска (21 век) има луѓе кои сметаат дека хомосексуалноста е лоша навика!? Пушењето е навика, точно е, која во современиот западен свет се смета за лоша, но пушењето тутун е дел од цела една култура на живеење (ориенталната, на која и јас и припаѓам). Во последно време се смета дека индустриското загадување на околината (вклучувајќи ја и бучавата) предизвикува поголема штета по здравјето на човекот одошто умереното пушење. Чепкањето нос се смета за навика - која исто се смета за лоша. Но, од друга страна според некои медицински истражувања го потпомага зајакнувањето на имунитетот кај децата. Всушност, според мене, лоши навики се оние кои се вон природата на човекот. Како лажење, на пример, како злоба, како насилство без причина (значи, без да биде загрозен животот)... Накусо, секој си има свои критериуми за живејачка и ми се чини дека не треба да се обидува да ги наметнува своите критериуми на другите вклучувајќи ги тука и своите деца. Сузбивањето и негирањето на другите и нивното наследство (генетско, културно и социјално) е насилство, суптилно насилство, но сепак насилство. Живеј и пушти ги другите да живеат, тоа е моето мото. А поентата на моето воспитување на децата е - отвори им ги очите и ушите. За сега, добро ни оди.
|
|
|
|