Еца -> ПМС (31.7.2009 20:59:47)
|
ПМС или предменструалниот синдром е збор на психички, физички и емоционални симптоми кои повремено ги мачат дури 80 отсто од жените. Кај 5 отсто жени, наводно, ПМС е толку силен што го попречува нормалниот ритам на животот. Ви пренесуваме мали совети за прва помошПрво ќе ги наброиме најважните симптоми на ПМС, односно дел од нив: чувствителни или потечени гради, вртоглавица, главоболка, грчеви, мачнина, повраќање, зголемување на тежината, желудечни тегоби, потечено лице, нозе, раце, раздразливост, потиштеност, депресија, промени на расположението, промена на апетитот, замор, неможност за концентрација, потење... Кои се причините? За ПМС се виновни осцилациите на хормоните: премногу естроген и променливо ниво на прогестерон. Можно е ПМС да е само последица на пречувствителноста на нормалните хормонски осцилации во женскиот циклус. Другата можна причина е што хормонските промени предизвикуваат промени во исхраната, а овие пак од своја страна недостиг на хранливи состојки. Исхрана и вежбање Осцилациите можат превентивно да се ублажат со редовно вежбање, особено аеробно. Корисни растителни хормони можеме да добиеме од сојата и во производите од соја и генерално во никулците од житарките. Секогаш одбирајте храна богата со влакнести материи, а оброците би требало да бидат помали и почести. Корисна е и исхраната богата со калиум: брокула, риба и мешункасти растенија. Одбегнувајте кофеин, шеќер, натриум, сол и преработена, односно индустриска храна. Одбегнувајте и црвено месо и мрсна храна, оти тие го зголемуваат нивото на естроген, што го влошува ПМС. Што да се зема дополнително? Прикладните додатоци се калциум, магнезиум, витамин Б6 во случај на собирање вода во телото, Е витамин при чувствителни гради. Побарајте и наменски чаеви против ПМС во билните аптеки. Некои пак препорачуваат црно вино и чај од нане или камилица. Но со виното бидете внимателни оти може да предизвика главоболка и дехидрација, а тоа не ви е потребно. АРОМАТЕРАПИЈА Направете си купка со додаток на етерично масло од гераниум или рузмарин. МАЛА ПОМОШ ПМС може да значи дека се соочувате со збунетост, давате премногу значење на надворешните влијанија, не ги прифаќате женските процеси. Тоа може да се надмине со повторување на афирмацијата: "Го контролирам својот ум и својот живот. Силна сум и динамична жена. Сите делови од моето тело одлично функционираат." Какви сте вие во период на ПМС?
|
|
|
|