rina13 -> RE: Ламинат (30.5.2013 9:09:13)
|
Девојки вашите постови од темата паркет или ламинат се префрлени тука ИЗВОРНА ПОРАКА: Tajna Ајде луѓе помагајте! Во нова куќа што да ставиме, паркет или ламинат? ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia RR Па се си има своја предност, ама и недостаток. Ламинатот е најлесен за секојдневно одржување и најзидржлив. Ама не бил (според составот) баш препорачлив за домови, туку намената пред се му била за деловни простории со голема фрекфенција на движење, затоа што баш тешко се оштетува. Паркетот е многу потопла, според мене и подомаќинска варијанта варијанта за секој дом. Недостаток му е стругањето, лакирањето и одржувањето-лесно се оштетува, на пр. од штикли и сл. Многу пофалби имам слушано за бамбусов паркет, го има и кај нас, ама многу веројатно е поскап од обичен паркет. Многу добра варијанта е таркет- исто паркет, ама претходно подготвен за брзо редење, како поголеми парчиња претходно нареден паркет, иструган, лакиран, има разни нијанси, брзо се реди, а квалитетен е. Јас лично би избрала или таркет или бродски под (ова многу зависи од ентериерот како е замислен, секако). ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR Имам искуство и со ламинат и со паркет, па и со бродски под. Во станот каде претходно живеевме имаше ламинат, ужас ми беше за одржување. Да, вистина многу лесно се чисти и се, ама веднаш штом ќе поминеш, остануваат траги. Утредента веќе се гледа куп прашина, па и брзо се гребе. Ако повлечев масичка (а немавме теписи) се гребеше. Ладно во зима, воопшто не е пријатно. Тука во станот имаме паркет. Многу сум задоволна. Плус во зима е потопло и попријатно во секој случај. Исто се лесно одржува а не се гледа после пет минути траги ко да не си ни избришал. Значи мој избор секогаш пада на паркет ако е збор за местото на живеење. Бродски под имаме кај моите и исто во куќата кај свекор и свекрва. Многу е убаво од почеток, меѓутоа во текот на години се собира и настануваат расцепи помеѓу даските. Наводно даските беа и добро исушени пред да се стават и се, ама ете пак се собрало дрвото. ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly Ние имаме бродски под во дневна/трпезарија, а во спална ламинат. Многу поубаво изгледа бродскиот под отколку ламинатот, според мене бродскиот под е најдобар. (секако, се работи за вкус, нели :) ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR Ние цел живот дома со паркет и сега пред недела дена наредивме ламинат, многу ја освежи собата и ми се допаѓа како изгледа. Лесен е за одржавање. Кучето дома се утепа од лизгање на него [sm=smiley36.gif] Сега за сега гласам за ламинат [sm=smiley1.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Velena Јас би сакала кога сме на тема паркет да ве прашам како чистите бамбусов паркет доколку некоја има дома,а да не ви остануваат шлаканици.Јас со што све не пробав и остава крпи и ужасно се нервирам.Лазам по земја бришејки последно со прскалка у рака го чистам да не ми остануваат траги абе ми се зема здравје [sm=smiley13.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka Па добро сега куче и дете не е исто во никој случај. Али кога би ставала пак секако дека ке се одлучам за паркет ни под разно нема ламинат да ми текне. Кери како го чистиш? Јас дома се утепав од бришење, викаа дека лесен бил за одржување ама некако тешко ми оди мене. ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR Ние цел живот дома со паркет и сега пред недела дена наредивме ламинат, многу ја освежи собата и ми се допаѓа како изгледа. Лесен е за одржавање. Кучето дома се утепа од лизгање на него [sm=smiley36.gif] Сега за сега гласам за ламинат [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|