Maca25 -> Децата сакаат слободни активности (5.9.2010 0:59:12)
|
Било да имате помали или постари деца до вас секојдневно стигуваат информации за различни видови слбодни активности. Понекогаш не размислувајќи избирате некоја активност мислејќи дека е добро за вашето дете да има дополнителни обврски низ кои ќе совлада нови вештини и ќе усвои нови знањеа. Колку што детето е постаро толку и бројот на активностите е поголем и во најголем број од случаите неговиот избор не зависи од вас, туку од влијанието на неговите врсници. Често родителите се прашуваат како да ја изберат најдобрата активност за своето дете. Во текот на растот и развојот на вашето дете секојдневно забележувате некои способности кои до вчера не сте ги виделе. Секоја нова активност за родителите е задоволство, а за децата извор на доверба и охрабрување за усвојување на нови и несовладани сктивности. Понекогаш се случува родителите кај некои од активностите кои детето не ги извршува на начини како што се очекува од него за одговраат со прекор. Тие избрзани прекори може негативно да влијаат и да предизвикаат одбивност кај детето кон која било форма на активност која го потсетува на неа. Се случува млади родители да се обидуваат да му наметнат на детето некоја активност за која тоа не е спремно и не може соодветно да одговори на барањата. Затое неопходно да се следи психофизичкиот развој на детето набљудувајќи го во различни ситуации. Често се прашуваме која активност е најдобра за нашето дете. Ако тргеме од сознанието дека децата до 3 години немаат потреба од социјализација и за активност во рамки на група, тогаш и слободните активности на таа возраст не мора да се прифатат како органирана активност кај најголем дел од децата. Најдобро е да се консултирате со наставниците или виспитувачите во градинките за да не го прецените или потцените способностите на вашето дете. Често се случува родителите да го насочуваат детето кон активности за кои тоа не покажува интерес и склоност, па тоа тие активности го доживеале како казна, а во некои семејства поради страв од казна детето не покажува отпор. Некои од родителите пак, цел живот се стремат кон некои активности кои тие не успеале да ги остварат поради различни причини и затоа потсвесно имаат потреба да го насочуват соето дете да ги оствари нивните потиснти желби и нереализирани соништа. Децата често се восхитени од други деца за активностите кои ги посетуваат, па под влијание на врсниците имаат потреба да го направат истото. Во школската возраст не е важно кои активности се во прашање, туку колку ги има. Затоа, отворено разговорајте во своето дете и настојувајте да дознаете што го поттикнало да ја избере понудената активност. Бидете отворени, изнесете му ги своите мислења, разјаснете ги сомневањата околу своето противење. Немојте детето да добие впечаток дека не ги поддржувате неговите желби. Запамтете дека слободните активности треба да бидат задоволство и радост за вашето дете, а не обврска низ која ќе се изгуби слободата, самодовербата о времето за игри и дружење, кое му е неопходно во периодот на ратење.
|
|
|
|