|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 9 [10] 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Миење заби на детето
14.4.2014 22:58:01   
mommy_angels RR
Морам да кажам овде имаме виден напредок,ми дозволува прво јас да ги истријм запчињата,па потоа сака и сама.А пастата нормално ја голта user posted image .Најбитно ми е дека со задоволство го правиме сето ова

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 226
   RE: Миење заби на детето
15.4.2014 9:24:29   
vanessa30
Ние редовно пред спиење миеме заби, и тоа почнавме од 12 месеци. И воопчто не се противи, првин јас му мијам со паста, а после он малку сам четка со вода. Напочетокот ја јадевме пастата, ама сега веќе знаеме да плукаме.
Не сме биле на стоматолог, бидејки си го имаме дома да ни води евиденција дал е се во ред со запчињата.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 227
   RE: Миење заби на детето
7.6.2014 22:17:05   
princessa
И кај двете деца веднаш кога им никна првото запче и практикуваме секоја вечер. Ќерка ми некогаш и ме потсетува кога заборавамuser posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 228
   RE: Миење заби на детето
8.6.2014 0:13:52   
Snowhite RR
На систематскиот докторката многу ни ги пофали запчината рече дека се како бисерчина и на една вештачка вилица му демонстрираше како правилно да ги мие забите, а ние моментално имаме четка која свети и забите мора да се мијаат се додека не изгасниuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 229
   RE: Миење заби на детето
8.6.2014 0:26:40   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

На систематскиот докторката многу ни ги пофали запчината рече дека се како бисерчина и на една вештачка вилица му демонстрираше како правилно да ги мие забите, а ние моментално имаме четка која свети и забите мора да се мијаат се додека не изгасниuser posted image

Сноу а од кај ја набавивте таа четка.М понекогаш сака ама понекогаш не можам да го измолам да си ги измие.Си мислам со таа четка и миењето ќе му е поинтересно па ќе си ги мие без многу молење.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 230
   RE: Миење заби на детето
9.6.2014 9:59:42   
sandriana RR
Нам ни се појави проблем со пастата за заби - до сега користев само Чикова, без флуор, ама се потроши, и бидејки Т ја јадеше - буквално, ја лижеше од четка - решив да ја сменам. Прво зедов Colgate детска, но не ја сака, лутела многу. Сега имам на Vademecum со вкус на јагода, и многу малку лути - ама пак, треба да се убедуваме да мие заби и со нејзе. А без паста не сака....Единствен начин ефикасен, за бар јас да и ги исчеткам запчињата сега е цртанот со Маша и лижавчињата и болното запче - тоа единствено ја плаши и успеваме да се измиеме.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 231
   RE: Миење заби на детето
9.6.2014 10:16:34   
AneLav RR
Моиве и двајцата обожуваат да мијат заби , тоа им е ритуал што го прават со татко им пред спиење. Прво го оставаат татко им да им ги исчетка па потоа пробуваат тие самите. Користиме паста на Чико без Флуор, бидејќи истиот им го давам преку Флуонатрил. И моиве ја голтаат пастата нормално но битно е што се обидуваат и да плукнат и живи смешки се.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 232
   RE: Миење заби на детето
9.6.2014 19:06:29   
Defne90 RR
Ние користиме лакалут кидс и на М му се допаѓа.И последните два дена не знам што му стана постојано сака да си ги мие забите.И на периоди си е тој понекогаш не можам да го убедам да ги измие а понекогаш просто не можам да го извадам од бања.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 233
   RE: Миење заби на детето
10.6.2014 0:31:16   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

На систематскиот докторката многу ни ги пофали запчината рече дека се како бисерчина и на една вештачка вилица му демонстрираше како правилно да ги мие забите, а ние моментално имаме четка која свети и забите мора да се мијаат се додека не изгасниuser posted image

Сноу а од кај ја набавивте таа четка.М понекогаш сака ама понекогаш не можам да го измолам да си ги измие.Си мислам со таа четка и миењето ќе му е поинтересно па ќе си ги мие без многу молење.

Дефне дρугаρκа ми му ја подаρи за нова година и не знам од κаде ја κупила, ама можно е да е од Англија зашто тогаш се вρати од таму, баш ќе ја пρашам


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 234
   RE: Миење заби на детето
10.6.2014 15:17:13   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Нам ни се појави проблем со пастата за заби - до сега користев само Чикова, без флуор, ама се потроши, и бидејки Т ја јадеше - буквално, ја лижеше од четка - решив да ја сменам. Прво зедов Colgate детска, но не ја сака, лутела многу. Сега имам на Vademecum со вкус на јагода, и многу малку лути - ама пак, треба да се убедуваме да мие заби и со нејзе. А без паста не сака....Единствен начин ефикасен, за бар јас да и ги исчеткам запчињата сега е цртанот со Маша и лижавчињата и болното запче - тоа единствено ја плаши и успеваме да се измиеме.

И ние ја имаме истата паста, ја земав од КАМ, ама ни Ј не мие баш радо заби, некогаш сака сама некогаш се бунтува, зависи од расположение. Инаку миеме и со онаа апликацијата на тел, токинг Џинџер. Има една опција да мие заби и тече време, па така го пуштаме Џинџер и четкаме додека четка и тој.user posted image На крај осмех со светкави забчиња и аплауз нормално.
А сакав и да ве прашам, колку време ви стои отворена паста? Дека ептен по малку се става нели и не знам дали после одредено време да ја фрлам недотрошена и да купам нова или? Пред 2-3 месеци почнавме со паста (претходно само со вода) и оттогаш ми е и купена.

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 10.6.2014 15:19:50 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 235
   RE: Миење заби на детето
10.6.2014 16:24:20   
Annet
Nie so LAcalut samo..Druga nesaka da vkusi.Pastite za zabi gi trosime na 4-5 meseci najjjveke.
Mieme zabi redovno,navecer pred spienje:)
Ima i Colgate i Becutan,ete taka stojat.Mislam deka moze da se koristat dodeka imaat rok na traenje

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 236
   RE: Миење заби на детето
10.6.2014 16:51:35   
Felly RR
И ние ги користиме повеќе месеци, и единствено рок на траење гледам, мислам дека не би требало да има врска тоа колку време има откако е отворена.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 237
   RE: Миење заби на детето
2.11.2014 22:55:06   
Defne90 RR
Големиот редовно си ги мие забите и немаме проблем со тоа никаков.Е сега и малото како го гледа бато како си ги мие во последно време пишти и бара и тоа четка за да прави исто што и брат му.И сега си се прашувам дали е уште мал или пак веќе е време за да почнеме со миење на забите.Имаме 11 запчиња и две годинки.Само страв ми е да не голтне од пастата дека е мал и не знам дали ќе ме свати кога ќе му објаснам дека не се голта туку дека се плука.Вие женски што мислите кога е најдобро време да се почне со миење на забите.Поголемиот не беше толку мал кога почна со иење на забите па не ни беше ни тешко да му објасниме.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 238
   RE: Миење заби на детето
3.11.2014 8:38:19   
Tatsi
Neka mie cim ima zelba, bez pasta, zasto ke ja golta. Moevo ima 21 mes i demek mie po nekolku pati dnevno :). Edno vreme dozvoluvase jas da mu gi mijam, bez pasta, samo so voda, ama sega e vo "sam" faza i demek mie sam, pa samo ja dvizi cetkata vo usta bez vrska. Vo posledno vreme pocna i da preteruva, pa saka i na mama zabite da gi mie :)

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 239
   RE: Миење заби на детето
29.11.2014 19:41:11   
Neurotoxin RR
Еве и јас да ви кажам искуство. На ќерками и пораснаа првите две запчиња на 10 месеци и кога имаше четири запчиња почнав со газа и вода да и ги мијам секоја вечер, сега веќе има две години (25 месеци) пред да наполни 2 год. почнав да и ги мијам секоја вечер со четка и паста, а од 18 месеци некаде само со четка и вода, ме оставаше прво јас да и ги исчеткам па псоле сама си бараше. Сега сме секоја вечер над умивалник и и објаснувам како чекор по чекор, сака да ја плакне пастат и ја плука, ме разбира кога и кажувам како и во меѓувреме си пееме песничка, „кој што сака да е здрав треба да се мие.... еве вака, еве вака, вака се мијат забите...“ и интересно и е, после кога ќе завршиме си ја пее сама. Тоа ни е ритуал, мислам дека и мене ми е навика и неможам д аја легнам ако знам дека не сум и измила заби.

(Одговор на членот Tatsi)
Непосредна врска до пораките: 240
   RE: Миење заби на детето
30.11.2014 0:02:14   
caciana
Vnuk mi koj ima 2 god.samostojno si gi mid zabcinjata.Na pocetok bez pasta,samo so voda I cetka triese.Sega veke mie I pluka.Isto taka posle mienje mu davaat Fluonatril od 0,5.Deteto veke si stvori navika deka sekoja vecer se mijaat zabite.No za toa roditelot treba DA bide principielen I dosleden.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 241
   RE: Миење заби на детето
4.1.2015 9:05:53   
Dilina
На нас за нова година дедо мраз ни го донесе првото забче user posted image е сега не сум почнала да мислам за четки ама ја најдов темава па ја расчепкав.. Ќе чекам да се навикне на вкусовите што ги јаде сега па ќе почнам да и го мијам user posted image кога и да помислам си се смеам сама како ќе го триеме тоа мало едно ама вредно забче user posted image

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 242
   RE: Миење заби на детето
4.1.2015 12:37:14   
AnnaMolly RR
Дилина со оваа четка ги миев јас кога почнаа да му никнуваат. Ја има во Зегин и ем се четкаат запчињата, ем се чешкаат непцата. Многу добра работа.
user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 243
   RE: Миење заби на детето
15.1.2015 15:45:17   
eli07
Dobro a kakvi se tie tabletki so fluor.Dali tabletkite se isto sto i tecnosta so koja gi premackuvaat zabcinjata na decava?.Daj upatete me malku ne sme bile na stomatolog pa poima nemam user posted image Od koja vozrast se davaat tabletkivte i zosto se davaat? Nie imame 2.5 god. cetkame zabi so cetkicka i pasta ama ne kvalitetno sekoj den (posto ne mi dava jas da mu gi cetkam saka sam neli normalno).Gornite 2-ki ni se malku pozolteni pa zatoasakam da go nosam na stomatolog (samo se cudam kolku ke dade da mu gi pregledaat).

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 244
   RE: Миење заби на детето
4.3.2015 13:49:02   
Melanija RR
Незнам зошто и крива сум ама мора најитно да купам прва четка и паста,М има 18 месеци а одамна и 16 заби.

Предлози за четкаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 245
   RE: Миење заби на детето
4.3.2015 14:16:09   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: eli07

Dobro a kakvi se tie tabletki so fluor.Dali tabletkite se isto sto i tecnosta so koja gi premackuvaat zabcinjata na decava?.Daj upatete me malku ne sme bile na stomatolog pa poima nemam user posted image Od koja vozrast se davaat tabletkivte i zosto se davaat? Nie imame 2.5 god. cetkame zabi so cetkicka i pasta ama ne kvalitetno sekoj den (posto ne mi dava jas da mu gi cetkam saka sam neli normalno).Gornite 2-ki ni se malku pozolteni pa zatoasakam da go nosam na stomatolog (samo se cudam kolku ke dade da mu gi pregledaat).

eli07 За Флуорнатрилот имам пишувано во оваа тема ТУКА

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 246
   RE: Миење заби на детето
4.3.2015 14:20:42   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Незнам зошто и крива сум ама мора најитно да купам прва четка и паста,М има 18 месеци а одамна и 16 заби.

Предлози за четкаuser posted image

Не е битно воопшто каква четка ќе купиш, битно е четкањето на заби да ви стане навика. Инаку поделени се по возрасти, јас најчесто ги користам за децата од Лакалут. Не троши многу пари на првите четки затоа што кога бараат сами да четкаат буквално ги гризат четките па така ќе мораш многу начесто да купуваш. Ако му даваш флуонатрил почни со паста без флуор. И самите пасти се поделени по возрасти зависно од количеството на флуор што го содржат во нив.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 247
   RE: Миење заби на детето
4.3.2015 18:15:26   
lukajana RR
Л мие заби сабајле и ноќе пред спиење со четка и паста детска а вчера миеше заби и ми мириса на ментол викам со што миеше заби вика со вашата паста ,косата ми се крена сега морам да дежурам кога мие заби ми е страв да не голта паста,а Ј има 6 заби и имам четкичка за на прст и јас и ги четкам без паста

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 248
   RE: Миење заби на детето
4.3.2015 21:24:21   
Melanija RR
Многу спомнувана е четката на Чико па таа ми е на мисла. Незнам ништо за флуонатрил ,па веројатно тогаш треба со флуор.
AneLav RR може да ми објасниш за флуонатрил,што и како ?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 249
   RE: Миење заби на детето
4.3.2015 23:32:37   
Ilina87
Јас пред некое време купив четка и паста од Chicco со вкус на јаболко и банана што може да се голта.
Кај син ми проблем е што не сака воопшто да ги четкаме забите, плачи и пробав еднаш два пати и се отказажав, па сега така ни стои user posted image . Мора и јас да бидам упорна, крајно време е да се почни.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 250
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 9 [10] 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 9 [10] 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?