|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Миење заби на детето
12.3.2012 15:04:56   
Maca25
И јас на Н. и купив лакалут паста. Многу е вкусна user posted image
Вчера заборавив да и измијам заби, и легнавме да спиеме и ми вика: мамо, изборавивме (заборавивме) да миеме заби!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Миење заби на детето
12.3.2012 15:25:11   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Купивме четка за заби на НУК aма не сака да ја стави во уста, некако одбива, така да сега за сега само не гледа како ние миемезаби а тој за тоа време се шлака на чешмата. Не знам како да го натерам да ја стави барем во уста.. user posted image


Напреднавме, сега сака да мие заби. Секоја вечер со татко му мијат заби додека јас му го спремам млекото. И кога ќе му кажам ајде ан миење заби се смее и трча накај купатило user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Миење заби на детето
6.4.2012 23:16:44   
Felly RR
Откако почнав да и ставам паста, ептен со кеф се мие заби. Дури некогаш дека и е ладна водата насабајле кога стане јас и велам ајде сега да се миеме, а таа ми вели - Мамо, само заби. Само, малку ни е проблем што не ме остава да и помогнам, за долните забчиња пак дозвлува, ама за горните не.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Миење заби на детето
5.6.2012 17:41:08   
Barbicki2
Se mieme nie sekoja vecer,I dvete,so lakalut,mn e ubava,sakaat da se mijat samo pomalata ja golta,ne znae da pluka user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Миење заби на детето
12.6.2012 13:24:07   
AnnaMolly RR
Ние почнавме активно без исклучок секој ден навечер да миеме заби. Имам четка што вибрира, а користам Бекутан паста.
И ми дава убаво да го мијам, со пуштени вибрации на четката. Едно 2 минути сигурно стои со отворена уста и темелно миеме заби.

Само сакав да прашам дали е во ред што ја голта пастата? Не можам да му објаснам да ја плукне. Му кажував, ама тој прво ја голта пастата, па глуми дека плука.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Миење заби на детето
12.6.2012 13:29:47   
Calypso
Ако не даваш флуонатрил, слободно може да ја голта, во многу мали количини е флуорот во детските пасти, а и ти сигурно ставаш малку паста, нешто помалку од зрно грашок е препорачливо.
Инаку, син ми не сака со никаква паста да ги миеме забите, ама ми дава така со вода само... и откако јас ќе му ги измијам, тој си ја зема четката и си ја гризе. Вака уште од 7-8 месеци. Има ли некоја ептен „вкусна“ детска паста за деца помали од 2 години? Повеќето се над две години, ние имаме на Вадемекум, од 0-6 годинки, со вкус на зелено јаболко и јагода. И не ја сака ниедната.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Миење заби на детето
12.6.2012 13:30:50   
Mihaela 2010
Na samite pasti pisuva dali moze ili ne da gi golta...nie koristevme na Ciko pa posle kupivme od zegin vademecum,ama procitav deka pisuva da ne ja golta i posle vidov deka e za od 3 godini pa nagore,pa ja vrativme zemav druga sto e od 2 godini..

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Миење заби на детето
12.6.2012 14:01:28   
AnnaMolly RR
Јас Бекутан зедов, а го мијам од пред едно 3 недели. Вкусна е пастата. Пишува дека на јагода има вкус, ама врска нема. Сепак е со убав вкус. Не пишува дали смее да се голта, само пишува дека содржи флуор. А ставам колку зрно грашок, толкава е и четката и да сакам повеќе не можам да ставам. Флуонатрил не давам, никогаш не сум давала.
Фала на советите, женски! user posted image

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 12.6.2012 14:02:03 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Миење заби на детето
10.12.2012 21:30:32   
Annet
Nie mieme zabi odamna uste koga ispadna prvoto zapce,ama izleze deka ima baby caries...mnogu se trudevme da gi zacuvame zabite,ama ete toa nokno pienje,ne unisti.sega neznam sto da napravam,bevme na zabar ni rekoa mala e za sto i da e,pocesto mienje samo.ona se mie,saka,dava,ama ete......
ima cetka na chico i bekutan pasta,ama kazte mi ako ima nekoja podobra pasta......

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 10:17:38   
Beatris
Има Вадемекум од 0-3 години, ние ја користиме зелената со вкус на јаболко, Бекутанот некако не ја сака. А каков е тој бејби кариес Анет, како личи? Или како нормален кариес? Не ми е познат терминот некако.

Јас не ни знам кога треба да се отиде на забар, вие каде одите, кога бевте првпат?

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 10:21:20   
Mihaela 2010
I nie Beatris istata ja koristime,samo sto M nekogas se inaeti i ne saka da mie zabi,ete na primer vcera,izgleda i se prispa i pocna da place....sega za sega ok i se zapcinjata,nemam nisto primeteno.a nekade na srpskive forumi procitav deka na 3 god se pravelo sistematski pregled,zabi,oci,usi....a moja prijatelka mi rece od 4 god go nosela nejzinoto dete...

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 10:28:17   
Annet
Beatris toj se vikal cirkularen karies,od seker od cucli,i nokno pienje zasladeni caevi,sokovi. I bebeski,mlecen karies,i ako prodolzime da vnesuvame blago i da ne mie zabi po nekolku pati na den ke i padnele do 3 godini zabite,a korenite ke ostanele,i ke bide strba baba,dodeka da niknat novite stalni zabi.NA zabite se pojavuva potemna naslaga,jas sekoj den ja mijam i nekna ja primetiv,na prvite zabi edinici gore kako izedeni zabite,kako rapavi i potemneti..Mnogu mi e krivo od 7 meseci zabi mieme od prvoto koga nikna,ama ete rece lekarkata deka e od nokno pienje zasladeni napitoci koi se talozele i gi ostetile zabite.I ima 16 meseci,sega prv pat ja odnesov,predtoa imase zdravi beli zabcinja,ova preku nok kako da izleze,ama ete...nas nisto ne ne odbegnuva....user posted image nemoze da napravi nisto lekarot mala bila.e citav na dr tema za nekoj fluonatril mislam vbese,pa ako ima nekoj stomatolog na forumov neka mi objasni poveke,go zamoluvam.Sto da pravam sega?

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 10:30:29   
Annet
JAs znam deka koga ke niknat prvite mlecni zabi se nosi na sekoi 3 do 6 meseci,za zabar.ama nie ne bevme ,ne se nadevav na ova.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 10:48:41   
Beatris
Мислам дека Калипсо е стоматолог, ако не се лажам, ај нека ни помогне

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 11:02:07   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

Beatris toj se vikal cirkularen karies,od seker od cucli,i nokno pienje zasladeni caevi,sokovi. I bebeski,mlecen karies,i ako prodolzime da vnesuvame blago i da ne mie zabi po nekolku pati na den ke i padnele do 3 godini zabite,a korenite ke ostanele,i ke bide strba baba,dodeka da niknat novite stalni zabi.NA zabite se pojavuva potemna naslaga,jas sekoj den ja mijam i nekna ja primetiv,na prvite zabi edinici gore kako izedeni zabite,kako rapavi i potemneti..Mnogu mi e krivo od 7 meseci zabi mieme od prvoto koga nikna,ama ete rece lekarkata deka e od nokno pienje zasladeni napitoci koi se talozele i gi ostetile zabite.I ima 16 meseci,sega prv pat ja odnesov,predtoa imase zdravi beli zabcinja,ova preku nok kako da izleze,ama ete...nas nisto ne ne odbegnuva....user posted image nemoze da napravi nisto lekarot mala bila.e citav na dr tema za nekoj fluonatril mislam vbese,pa ako ima nekoj stomatolog na forumov neka mi objasni poveke,go zamoluvam.Sto da pravam sega?


Ova za zal e celosno tocno. Licno poznavam detence koe sega ima 6 godini i e prvace. Napred nema 4 zabi. Se gledaat samo crni otisoci od korenite. Detevo ne e noseno redovno na zabar , odneseno e duri na 4 godini koga vekje korenite pocnale da gnojat. Za zal deteto i den denes ne moze da jade ubavo cvrsta hrana. Seto toa nema vrska tolku so mienjeto na zabi kolku so pienjeto sokovi vo cucla, koristenjeto an cucla lazalka i najlosoto od se e nokjnoto konzumiranje na zasladeni pijalaci. Kaj detevo bese prisutno se od navedenoto.
Drugo dete znam na koleska kaj sto an vreme go sprecija nokjnoto konzumiranje, trgnaa cucla lazalka , mieja zabi i gi zacuvaa zapcinjata. Malku podosteteni no sepak ostanaa na mesto.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 11:14:51   
Annet
epa ajde cAlipsoo pomagajjj.....jas sakam da i gi zastitam,mi treba nekoj ,gel , mast,da ja mackam,da gi zastitam,nesto salamno

< Поракaта ја уредил Annet -- 11.12.2012 11:19:27 >

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 11:54:43   
Bethany
Ајде мамички ве молам кажете ми како успевате да ги измиете заби на вашите малечки? Еве моево е 15 месеци за некој ден и јас му мијам со четкичка и со вода (без паста). Имам некоја паста дома пишува дека е од 18 месеци нагоре и дека е погодна за голтање (флуорид фри).Можам ли уште сега таа да пробам? Ама проблем е што тешко допирам со четкичката, бидејќи забите му доаѓаат некако под усните, тие горните кога се смее едвај и да се гледаат. Затоа прашувам. Можеби со некоје крпче подобра работа ќе завршам?
Среќа па тој ниту пие млеко , ниту сокови, користиме цуцла за спиење, ама за цуцла прочитав дека не штети, освен ако не се става во мед или шербет па му се дава на бебето.

Анет, слушнав дека за дамките кај децата има некои специјални гелови па им се премачкуваат, ако е во најраната фаза. прво се наводно бели дамки, па потемнуваат, па омекнуваат и се појавува каријес. Сигурно некој стоматолог има некое решение, не ми изгледа можно така само да се остави. user posted image

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 12:04:54   
Mihaela 2010
Што е циркуларен кариес?
Циркуларен кариес ( baby bottle caries) е специфичен облик на кариес на млечните заби. Се шири кружно, зафаќајќи ја круната на забот по целата површина, поради што и има добиено назив „циркуларен кариес„.
Како настанува?
Храна – За да детето навечер полесно заспие во шишенце му давате чај, млеко или омилениот сок. Секако дека после тоа нема миење на забите, што претставува совршена подлога за развивање на бактерии и создавање на кариес. Главен причинител се рафинираните јаглени хидрати кои се составен дел од голем број секојдневни животни намирници, но и составен дел од сите слатки. Честите дневни и ноќни оброци, особено лошата навика да заспива детето и да се храни навечер преку шишенце со засладена вода, чај, сок или млеко доведуваат до брзо ширење на кариесот.
Родителите треба да ги променат лошите навики и режимот на исхрана. Превенција е редовна и правилна орална хигиена.
Слатките, шишенцата, цуцлите, сето тоа влијае кај малите деца да се јави кариесот. Здравите заби се особено важни за општото здравје на децата. За жал, расипаните заби покрај тоа што болат, може да предизвикаат и сериозни последици. Кариесот или расипаните заби настануваат како последица на разложување на забната глеѓ, а понекогаш и на дентинот. Споменатите забни компоненти омекнуваат како последица на дејствувањето на микроорганизмите врз забниот плак.

Сето тоа може, да им се случи и на детските млечни заби, почнувајќи од шестиот месец, па се до шестата година од животот на детето, кога се појавуваат првите стални заби. Поради тоа особено е важна хигиената
Циркуларниот кариес може да се спречи/ Совети за здрави заби
Родителите би требало од шестиот месец на бебето со памук и вода да му ги мијат забите
Миете ги забите на детето секој ден

Доколку вашето дете заспива со шише, во шишето нека има само вода. Соковите, млекото и вештачите формули содржат шеќери, кои пак кога се задржуваат на забите можат да доведат до појава на кариес.
Избегнувајте да му давате на детето многу слатки, бонбони и сл. Овошјето и зеленчукот се многу похранливи и се поздрава алтернатива.
Доколку на бебето му давате цуцла, немојте да ја потопувате во мед, шербет и сл. Тоа ќе доведе до задржување на шеќерот на забите, а со тоа и до полесно расипување.
Бидете упорни во обидот да го научите вашето дете дека чистењето на забите е многу важна работа. Сепак имајте впредвид дека иако можеби самото ќе сака да ги мие забите, нема да биде многу вешто. Затоа по неговиот обид да ги измие, вие направете го тоа уште еднаш, секогаш внимавајки дека ја исплукало целата паста.
Носете го детето редовно на прегледи кај стоматолог

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 12:52:29   
Beatris
И мене ме интересира тоа со премачкувањето, ајде некој ако знае нека пише совет. Бетани ќерка ми има 18 месеци, и мислам дека после годинка почнав да и ставам по малку паста, таа што ја напишав погоре, миеме заби секое сабајле и навечер после пиење млеко. На почетокот беше многу тешко, никако да и стигнам до забите, па вака така некако успевав по малку барем по некој заб да зачеткам. Ама како поминува време мислам дека стекна малку од малку навика па успевам убаво да и ги измијам. Најубаво се мијат ако некако успееш да го навалиш наназад на рака, тогаш баш сите заби ги гледаш и четкаш. Инаку не се смејте ама ние вака миеме заби:

Лавабото ни е до вц шољата од лева страна, го затворам капакот, качувам една нога на шољата user posted image , А ја седнувам на таа свитканата нога како на коњче со раширени нозе, ја држам одпозади на грпчето а со десна рака и мијам заби user posted image user posted image user posted image

Него А во текот на ноќта се буди и пие чајче (овошно од Хипп), шишето и стои во креветче, и не знам дали тој чај содржи шеќер, не сум видела, плус во него и ставам Пиковит, што веројатно содржи шеќер, а од нормалните чаеви ич не сака... Знае ли некој чај без шеќер од овие бебешките, не знам дали би пиела вода чиста ако и ставам, ама по ова што го кажувате ќе мора да пробам....

< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 11.12.2012 12:55:57 >


_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 12:53:45   
Calypso
Циркуларен или baby bottle caries за жал е многу честа појава кај нас. Најголема причина е давањето на ноќни оброци (млеко, засладен чај, сокови) и после третиот месец од животот. Една од причините поради која се советува прекинување на ноќните подои уште во првите месеци од животот е токму ова, циркуларниот кариес. Започнува со таложење на меки наслаги најчесто на предните заби во делот најблиску до непцето, и со дејството на тие наслаги, конкретно бактериите и шеќерите од пијалоците тие меки наслаги предизвикуваат кариес. Се шири кружно по коронката на забот, затоа се вика циркуларен кариес. Со тек на време, цел заб потемнува, поцрнува и се изронува. не ретко бива зафатен и коренот. Најбитно е ускратувањето на ноќните оброци (освен вода), и редовна хигиена на забите, особено пред спиење. Може со четка и вода, или пак и паста, важно да се измијат меките наслаги. После миењето на забите да не се јаде и пие ништо, освен вода.
Во почетни фази на циркуларен кариес, можеби може да помогне tooth mousse, крем на база на млечен калциум, со овошен вкус. Јас лично, имам многу позитивно искуство со тој гел-крем, се мачка на забите неколку пати во денот, и може да спаси ситуација, односно да се спречи напредувањето на кариесот.
Вака изгледа пакувањето:
user posted image
сите се исти, само вкусовите им се различни. Знам дека ги има кај детските стоматолози (не сум сигурна дали сите имаат од овие пасти на лагер), ама не знам дали тие ги даваат за домашна употреба, или пак дали се продаваат во аптека. Може да се распрашате кај детските стоматолози, тие можат да ви кажат. А некои велат дека локална примена на флуор може да ја среди ситуацијата донекаде. Јас сепак повеќе сум за овој tooth mousse, оти имам лично искуство со дете во почетна фаза на циркуларен кариес, се стопираше по нецела туба од кремов, ама тука помага и прекинувањето со ноќните оброци.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 13:00:16   
Calypso
Важно е од мали да им создадете навика за редовно миење на забите. Земете ги со вас, покажете како вие ги миете забите, мијте ги со нив, ако ви дадат, вие мијте ги, со нежни движења да не ги повредите па да им се јави аверзија према четката.
Посета на стоматолог се препорачува уште со никнењето на првите заби. Тоа пред се, како запознавање на детето со стоматологот, советување околу хигиената, шишињата, млекото, соковите, храната... како да се мијат забите, како да се создаде навиката. Малку возење по столот со детето user posted image Со прегледи се почнува кога детето ќе почне повеќе да разбира, односно да соработува, и дефинитивно е најдобро кај детски стоматолог да се оди.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 13:03:56   
Beatris
Ај Калипсо како најстручна, плс некоја препорака за детски стоматолог ТУКА. Јас стварно немам идеја каде да ја однесам, а мислам дека веќе треба

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 13:27:15   
Annet
Mnogu vi blagodaram,fala od srce.Jas sum svesna za ovaa situacija,ama zosto nasiot stomatolog ne mi kaza za ova Tooth mus,ja prasav,vika nema nacin..Ama ne ostaviv na toa,se rasprasav,eve tuka e mojot lekar za se.Ke kupam od ovaa mast ili gel.FAla mnogu CAlipso, i mojata prijatelka koja e doktor mi kaza denes za ova tooth mos,ama sepak sakav da si prasam.Uste vecer ke pobaram i ke ja mackam,da sprecime kolku tolku..Ona se mie zabi saka,dava,nemam maka so toa,ama ova pienje noke mora da se iskoreni,mnogu losa navika e...FAla mnogu od srce

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 13:30:01   
Calypso
Ако успееш да ја најдеш, супер. Не кажуваат сите, зашто ја нема кај сите, само кај детски стоматолози. Види, ако ја најдеш во аптека, пиши и тука. Ама ноќното пиење мора да го прекинете, било како. Ако се прекине на време, да ги има забите бар до 6 години.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Миење заби на детето
11.12.2012 13:41:18   
Annet
Ke se rasprasam kade ja ima i ke vi pisam.Fala mnogu CAlipsouser posted image

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?