Snowhite RR -> RE: Безбеден дом за вашето дете (18.10.2011 20:56:32)
|
Сношти ги изгасивме ламбите и си легнавме, а Михаил се уште не сакаше да легни да спија и шеташе низ соба, в кујна (пошто во дневната спиеме), го молев ајде ајде и после дојде некако, легна и за кратко заспа, а јас уште пред него заспав. Е арно ама, кај 1.30 се разбудив и станав да одам во ВЦ и поминувам низ кујна и кога гледам ми свети нешто на ел. шпорет, кога гледам уклучена ринглата, среќа ја свртел на лево на 1/2 па така слабо беше загреана, ама сепак ако не станев до сабајле, зашто ретко станувам кога ќе легнам, не знам што ќе се случеше. А не сакам да помислам што ќе беше ако беше на 3ка, нели ако ја свртел на десно веднаш е на 3ка уклучена. Исто пред тој ден, пред да излегуваме ја исклучив греалката и ја проверив се, и се вративме нешто да земам и пак излеговме и цел ден не бевме дома, а мм вечерта кога се вратил дома, пред нас отиде, ми се јавува и ми вели дека греалицата била вклучена, значи во таа минута кога се вративме тој ја чкрапнал, среќа и таа што е со термостат, па се исклучува сама на одредено време, ај за потрошената струја не жалам, плус и недела беше ефтина е во недела цел ден, ама каква штета можеше да се направи ако немаше термостат. Како го обезбедувате домот во вакви случаи? За греалката имам решение, ќе ја исклучувам од штекер и така ќе бидам сигурна, ама шпоретот не можам, зашто кабелот е назад зад работна маса
|
|
|
|