mis. -> RE: Физиолошка жолтица (12.2.2010 9:54:44)
|
- Жолтицата се карактеризира со жолтеникава пребоеност на кожата и на очите. Често се сретнува кај новородените, кај недонесени бебиња е почеста.
-
- Жолтицата е предизвикана од вишокот на хемиска супстанца наречена билирубин, која нормално се елиминира преку црниот дроб. Црниот дроб на новороденото е недоволно зрел , но најчесто за неколку дена тој е способен да го процесира билирубинот.
- Ако се работи за донесено бебе, лесната жолтица не е нешто што треба да ве загрижи и ќе помине за околу една недела. Сепак, ако бебето е недоносено или болно, или ако нивото на билирубин е многу високо, потребно е внимателно следење и медицински третман.
- Жолтица може да е предизвикана и од други причини како присуство на антитела на крвните групи ( Резус фактор или АБО инкoпатибилија), хемолитичка анемија, хепатитис и галактоземија.
Кои се симптомите на жолтица? Симптомите на жолтицата зависат од причината и од тежината и вклучуваат: - Жолтеникава пребоеност на кожата, која обично прво се јавува на лицето и на скалпот.
- Жолтеникава пребоеност на беличастиот дел на очите ( склера)
- Кај средно изразена жолтица, жолтеникавата пребоеност е проширена и на кожата на телото.
- Кај тешка жолтица, присутно е жолтеникаво пребоеност на дланките на рацете и на стопалата.
- Невообичаена поспаност.
- Одбива да цица
- Во некои случаи столицата е светло обоена а урината е темна.
Што подразбираме под физиолошка жолтица? Како нуз производ на разградбата на хемоглобинот (кој е содржан во црвените крвни елементи) се создава хемиска субстанца билирубин . Црниот дроб помага во елиминацијата на билирубинот. Во интраутериниот живот билирубинот преку папочната врпца се испраќа и се елиминира преку организмот на мајката. По раѓањето, билирубинот треба да се елиминира преку црниот дроб на бебето. Црниот дроб на бебето не е доволно зрел, потребни се неколку дена за да започне да функционира како што треба, во тој период, покачениот билирубин во организмот на бебето ги предизвикува карактеристичните симптоми на жолтица. Билирубинот е покачен кај повеќето новородени бебиња, но забележливи симптоми се јавуваат само кај 60% . Третман обично не е потребен, освен ако нивото на билирубинот не е многу високо, или ако не се работи за недоносено или болно дете. Дали има други причини за жолтица? Жолтицата може да е предизвикана и од бројни други кондиции вклучувајќи ги следните: - Мајчиното млеко - дојките на мајката во првите денови по породувањето продуцираат мали количини на колострум. Преку доењето, бебето прима недоволна количина на течности, што може да го поремети функционирањето на црниот дроб. Покрај тоа, се смета дека некои ензими содржани во мајчиното млеко допринесуваат за т.н. „жолтица предизвикана од мајчино млеко“.
- Неонатален хепатитис - некои вируси може да предизвикаат хепатитис кај бебињата, како цитомегаловирус, рубеола и хепатитис А, Б , и Ц. Бебето било експонирано на вирусна инфекција во тек на интраутериниот живот, или во тек на првиот месец по раѓањето.
- Rh (Резус) и АБО инкомпатибилија - во организмот на мајката се создале антитела кои во подцните стадиуми на бременоста може да ги нападнат крвните клетки на новороденото. Ова значи, дека во организмот на бебето ќе се распаднат повеќе отколку што е нормално крвни клетки и ќе се создаде поголема количина на билирубин, кој треба да се елиминира. Во такви случаи, бебето може да се роди со анемија и да развие тешка жолтица во тек на првите неколку часови по раѓањето.
- Хемолитичка анемија - наследните типови на хемолитички анемии се автоимуни заболувања, во кои настанува деструкција на крвните клетки од страна на имуниот систем. Хемолитичка анемија може да се јави и како компликација на такви болести како што е маларија.
- Галактозмија - галактозата е млечен шеќер. На бебе со галактоземија му недостасува ензим кој е неопходен за метаболизирање на галактозата. Високите вредности на млечниот шеќер може да доведат до цироза на црниот дроб и последователна жолтица.
- Билијарна атрезија - каналчињата преку кои жолчката од црниот дроб протекува во тенкото црево од непознати причини се деструирани. Без овие каналчиња, жолчката се акумулира во црниот дроб и се јавуваат симптоми карактеристични за жолтица.
Дијагностички методи За да се утврди причината за жолтица кај бебето потребно е да се направат различни дијагностички тестови: крвни тестови, ултразвучно испитување, биопсија на црниот дроб и на крајот, експлоративна хируршка интервенција. Третман Третманот на жолтицата кај бебињата зависи од причината, и вклучува: - Лесна физиолошка жолтица - ако бебето е здраво, не му треба третман. За неколку дена црниот дроб на бебето ќе се оспособи адекватно да го процесира билирубинот.
- Средна и тешка физиолошка жолтица - опциите вклучуваат фототерапија ( терапија со светлина). Ова помага билирубинот во кожата да се трансформира во помалку опасна хемиска супстанца. Во тешки случаи потребна е трансфузија на крв, но тоа е многу ретко.
- Жолтица на мајчино млеко - доењето во најголем број на случаите треба да се продолжи. Фототерапијата е главен третман.
- Неонатален хепатитис - нема специфичен медицински третман. Може да се даваат витамини, минерални суплементи, или лекови кои го подобруваат протокот на жолчката.
- Хемолитичка анемија - третманот зависи од причината. На пример, инфекција со паразити на маларија може да предизвика хемолитичка анемија и третманот вклучува анти-малариски лекови.
- Галактоземија - најважно е да се исфрли галактоза или лактоза ( друг млечен шеќер) од исхраната. Тоа значи, дека треба да се сопре доењето и да се користат специјални млечни формули во кои нема млечен шеќер.
- Билијарна атрезија - може да се направи хируршка интервенција ( bypass) за да се поврзе мал дел од црниот дроб со тенкото црево и со тоа да се овозможи ефикасна дренажа на жолчката. Kaj oколу 75% ќе се постигне добра или барем доволна дренажа на жолчката. За останатите единствената опција е трансплантација на црниот дроб.
Каде да се обратите за помош? - Вашиот педијатар
- Клиника за детски болести- неонатолошка консултативна амбуланта
|
|
|
|