jovanka -> RE: Саем на жена (11.9.2010 18:35:35)
|
Саем на Жена е единствената изложба и лајфстајл настан кој е посветен единствено на жените во Македонија. Овој уникатен настан оддава почит на секој аспект од животот на жената – од личниот и семеен живот, па се до работата, физичката активност, здравјето, убавината и уживањето, модата, финансиите и претприемаштвото. Саем на Жена е интерактивна платформа каде посетителите ќе уживаат во информативните изложби, предавања, дискусии и демонстрации, кои ќе им дадат на посетителите нови идеи, начини и решенија за подобрување на нивниот живот. Овој лајфстајл настан ја слави веселата природа на жената преку големата забавна и едукативна програма, модата и екстравагантноста. Жената е примарниот субјект кој ги носи одлуките, што ни дава до знаење дека ова е една моќна сила на која можете да и се обратите директно. Овој настан е наменет за жени од сите возрасти, со разни интереси и културни ориентации. Саемот на Жена презентира голем број на изложувачи, 2 сцени на кои ќе се одржуваат голем број на настани и голем број на интерактивни штандови. Ова е дефинитивно дестинацијата за зближување, информација, инспирација, забава и искуство со најсаканите брендови и личности од Македонија. Придружете се на Саем на Жена 2010, Скопје, 24-26 септември 2010, на Скопски Саем, Метрополис Арена, за да ги искусите најдобрите производи и услуги достапни на женскиот свет! Дозволете нашата селекција на изложувачи и уникатни настани од забавен карактер да ги разбудат Вашите сетила!
|
|
|
|