pacuvce -> RE: Паричен надоместок (12.1.2010 19:03:28)
|
Отплатата на породилното боледување доцни поради фирмите, тврдат од Фондот Продолжуваат поплаките на родилките на кои со месеци им доцнат парите од породилното боледување. По Катерина Давчева која се пожали дека три месеци не земала пари, Маја Здравковска е уште една мајка која чека уште повеќе – таа 4 месеци се надева на исплатата на породилното боледување. Последните пари ги зела во август минатата година. Тврди дека сите потребни документи навреме се однесени во подрачната единица на фондот. „Јас се уште немам земено пари за септември. А цело време зборат за 3 дете, нема ништо од тоа. И тоа што ни се случува како вработени граѓани не можеме да си го земеме. И тие пари што ги земав успеав да ги земам преку пријатели“, изјави Маја Здравковска, мајка. Од подрачната единица на фондот за Скопје, ја префрлаат вината кај фирмите. Оттаму тврдат дека откако фирмите ќе ги доставеле документите кај нив, за најдоцна еден месец родилките ги добивале своите пари. „Боледувањето родилките го доставуваат до работните организации каде што работат. Јас мислам дека токму таму доцни боледувањето и по неколку месеци. Јас одговорно тврдам дека кај мене, од моментот на поднесување на документите, до исплатата на парите не поминува повеќе од 1 месец“, изјави Гоце Велјановски, раководител на подрачна единица на ФЗОМ – Скопје. Вчера портпаролот на фондот рече дека се добило впечаток дека има доцнење поради празниците и административни проблеми. Истовремено вети дека до утре сите родилки ќе ги добијат заостанатите пари за породилно боледување.
|
|
|
|