minerva -> RE: Паричен надоместок (3.2.2012 0:11:40)
|
На породилно сум од кај 20 октомври, но бидејќи од немукает доцневме со вадење на извод од родени, истиот го однесов на работа на 25 ноември, што значи целата постапка почнала со месец закаснување. Првата исплата за остатокот на октомври ја добив на 20.01, потоа за ноември на 31.01 и за декември денеска на 02.02. Од Скопје сум и работам во фирма што плаќа придонеси не само на време, туку и пред време. Инаку, немав врски во фондот и си чекав најредовно како и сите останати, кога ќе ми пуштат пари тогаш. Ако некому со месеци му доцнат исплатите, тогаш мора да има некоја причина. Или фирмата не однела документи на време, или не плаќа придонеси редовно, или можеби има некоја грешка во вашето досие во фондот што треба да се корегира. Го напишав моето искуство со исплатата, можеби некому ќе помогне да знае што да прави.
|
|
|
|