Светот е мал... (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Палешка РР -> Светот е мал... (15.9.2010 21:06:46)

По втор пат во еден месец ми се случува ептен чудна коинциденција, па решив да отворам и тема за тоа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Кога барав стан, или куќа, под кирија, од 20-тина огласи на пазар3 одбрав еден и се јавив. Си разговарам јас така со жената и цело време имам чувство дека ја познавам. Едно време таа ми вели, извини твојот глас ми е ептен познат, каде работиш. Кога тоа ти била моја колешка од работа, која ја испуштија минатата година.

Ситуација 2:
Тетка ми работи во правна служба во болница и секојдневно има контакт со многу луѓе, па и реков да се распраша за жена да ми ја чува Миа. Кога една сестра, која работи таму ја предложила нејзината снаа и ја испофалила мнооогу. Тетка ми ми даде број и денес стапив во контакт со свекрвата. Попладнево ми се јави и снаата и си разговараме така утре да се видиме, а мене гласот познат. И велам, да не се викаш случајно Даниела, а таа кога почна да се смее....долго време сме семејни пријатели со нив, но не сме се виделе откако се роди Миа.

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Дали сте имале вакви ситуации?




mama26 -> RE: Светот е мал... (15.9.2010 21:10:39)

deka svetot e mal e.na odmor dodeka bev zapoznav luge koi gi poznavaat moite rodnini.osven takvi slucki drugi sum nemala...mozebi i deka prijatelkite ne mi se mnogu,a za drugite upat sto mi bile prijatelki obicno me prepoznavaat ajas gi zaboravam.[ u smisol nepamtam nesto sto e kratko ][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Светот е мал... (16.9.2010 10:14:41)

Не да е мал туку минијатурен е..хи, хи. Милион пати ми се случиле некои слични дешавки. Со мажле на пример се познаваме околу 8 години, но и предходно сме искачале на исти места и горе доле сме познавале исти луѓе ( само ние не сме се познавале ) и често пати се случува кога гледаме стари фотки реакција од типот: Еј, другар/ка ми [sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]..

Пред неколку години запознавам една девојка која е многу добра пријателка со моја пријателка..и така почнуваме да се дружиме и да се зближуваме. Еднаш си праиме муабет за чудни дешавки со бивши дечковци, а јас тука многу за расправање оти имав еден бивши тотален екцентрик, а на девојкава нешто познати приказниве..и ме прашува као се вика ма тој тип..и се разбравме накрај дека уствари ги имаме поминато истите дешавки..и она идела со него [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Anushka -> RE: Светот е мал... (16.9.2010 23:14:50)

светот не е мал, ние од РР сме големи... колку пати кога возам (обожувам да возам) таман ми доаѓа да опцујам некоја како вози, па си велам: „оп, стоп, можеби е твојата омилена Рингерајка...“
во превод - ако е светот мал, моето срце е големо!




Страница: [1]