Octavia -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 21:05:31)
|
Син ми како мал беше толку пребирлив за јадење што брза храна (фала му на Бога) не доаѓаше во предвид. Првпат со редовно конзумирање брза (и нездрава) храна се сретна во школо, во целодневна. И затоа што претходно не јадел такви работи, не знаеше ни како се викаат. Па ми покажува во маркет виршли и вика „Мамо, како се викаат овие? Ни ги даваат на школо за јадење сабајле“ .[sm=zmeden.gif]. А претходно на родителска наставничката ни кажуваше дека храната во целодневна била разновидна, добра, прилагодена за возраста... Врска немаше, барем кај него на училиште. Сега е поголем, ама затоа ужинките им се виршла во лиснато, лиснато со некој крем, бурек... [sm=smiley13.gif]. Така што, за жал, конзумира скоро секој ден по нешто такво. Не сака да носи од дома сендвич (никој не носел, знаете какви се [sm=zmeden.gif]), ако му давам пари купува глупости, на пр. чипс за појадок, зашто некое другарче купило чипс... Немам решение за ова, па се трудам затоа кога е дома да јаде овошје, цедени сокови, многу салата и сл. Иако и јас некогаш ја правам најлошата грешка, поткупувам со брза храна. Тоа е толку тешка и трајна грешка за навики во исхраната на децата што е страшно. Ама и јас ја направив (мајки кои допрва ќе се соочувате со ова- НЕ ГРЕШЕТЕ!). На тој начин децата брзата храна ја поистоветуваат со награда и уште повеќе дури и емотивно се поврзуваат со моментот на јадење брза храна (на пр. ако изедеш брокулата ќе може да јадеш виршла [sm=smiley21.gif] или чипс или што и да е). Сега веќе се трудам да не правам такви глупости, ама многу потешко се поправаат грешки отколку да се научи детето како што треба со време.
|
|
|
|