blond -> RE: Најинтересниот момент од вашата свадба (20.8.2011 3:10:07)
|
Целата свадба беше интересна. Почнувајќи од тоа дека кога дојдоа по мене сватовите си тргнаа од пооооооооочетокот на улицата и сииииите комши ги намамија да излезат. Кумот ги чукна круните во црквата, а јас готова бев да прснам од смеа. Плус и лудиов поп кажа потоа: колку лепчиња скршив толку деца да имате (а скрши 6-7), а јас искоментирав на глас: ахаааааа ај нека се на рамно 11, фудбалски тим [sm=hudicek1.gif] Пред вечерата некаде пејачот разгласи: Младоженците ве покануваат надвор, имаат изненадување за вас. И следеле коментари од тетки, стрини, чичовци: А бе зошто сеа надвор не викаат, да не сакаат без вечера да заврши свадбата, можеби сакаат да не испудат?! А ние имавме огномет спремено. Сите стојат надвор ( а беше ладно), се гледаат меѓу себе [sm=jezicek.gif] не знаат што е изненадувањето. И кога почна огнометот сите со главите нагоре. Е тој дел ќе го исечам да видите какви се смеши сите [sm=jezicek.gif] Потоа дедо ми кој има 65-66 години играше твист[sm=bravo.gif] што е невообичаено т.н старец да игра така. На играњето на пајдушкото се спремивме претходно женските од мојата страна и се вртевме во круг сите на мој знак, бевме синхронизирани така добро како оние двојките во базен што имаат уметнички настап. И да, смотаната јас бидермаерот кога го фрлав го треснав во земја [sm=smiley29.gif] Така е тоа кога во 7ми месец дрмаш вотка [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|