Mila mamicka -> RE: Старосватица? (15.5.2014 12:33:09)
|
Кај нас во Тиквешијата адетот е старосват да биде вујкото на младоженецот, или ако нема вујко, некој друг роднина на свекрвата. Меѓутоа, на нашата свадба не беше така, од причина што јас се спротивставив, сметајќи дека не е фер и кумовите и старосватите и деверот да бидат од машката страна. Затоа, нас старосвати ни беа мојата најдобра другарка и нејзиниот тогашен вереник, сегашен сопруг. И двајцата ми беа школски другар во средно, а со другарка ми бевме цимерки 4 години на факс, и сме ептен блиски. Многу си ги сакаме и двајцата, контактираме постојано, иако тие живеат во Скопје. А на нашата свадба беа највесели од сите.
|
|
|
|