Viktori -> Сеирџии, да или не? (22.9.2010 20:14:23)
|
Еве вака, имало и на форумов ситуации, има и на улица, има секаде. Се караат некои, се расправаат или се смеат, можеби и се тепаат? Не ме сфаќајте погрешно, не е кон никого насочена, само ме интерсира дали гледате сеир (не дали се ситите)? Ве интересира ли приказната? Што, зошто, како? Мене зависи. Не приказната затоа што има 100 страни, секој лаже и прикрива, разбрано недоразбрано, во приказни не верувам, туку дијалогот помеѓу закараните. Во момент на лутина се тресат такви зелени што ако размислиш никогаш не би ги кажал. Вие? Сеирџии или не?
|
|
|
|