misticia -> децата и шахот (23.9.2010 10:34:09)
|
Ме пецна темата за абакусот да ја отворам и оваа тема Викаат дека шахот ги прави децата поостроумни, ако знаат да играат шах полесно совладуваат материјали на училиште, потешко запаѓаат во лошо друштво и знаат да ги извадат добрите вредности од животот - сепак да бидат cool и дружељубиви. Патем ќе патуваат многу и ќе ги видат најубавите места на светот - бидејќи таму се одржуваат турнири Во секоја земја турнирите се одржуваат на најубавите места, во мк најчесто се во Струга во Дрим, и Крушево порано многу се одеше. Понекогаш во Охрид, а еднаш беа и во прилепските села за да уживаат малку на селски туризам. Сега има репрезентации на Сибир, од тоа што го слушам градчето било сон Јас ова го знам не само од слушање туку од сигурни и доверливи „извори блиски на владата“ :) па моите деца покрај абакус ќе имаат и една гарнитура детска за шах па ако сакаат можат да уживаат во оваа прекрасна игра што верувале или не помага и во воспитувањето
|
|
|
|