Процес на зачнување (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Сакаме нов член

Порака

Idna mamica -> Процес на зачнување (23.9.2010 20:30:01)

Зачнување - почеток на новиот живот Создавањето на новиот живот, односно зачнувањето не е воопшто едноставна работа. Она што се гледа надворешно е водењето на љубов помеѓу мажот и жената, но всушност зачнувањето претставува исклучително сложен процес, врз кој што влијаат многу фактори. За да се разбереј процесот на зачнување потребно е основно познавање на анатомијата на женските репродуктивни органи. [image]http://tvoebebe.com/drupal/sites/default/files/image/Zacnuvanje/organi5.gif[/image]
Градба на женскиот репродуктивен систем За разлика од мажот кај кој сперматозоидите се создаваат постојано, жените се раѓаат со околу 450 000 јајце клетки во јајниците. Во текот на плодниот период во животот на жената (од пубертетот до менопаузата) само околу 400 од нив ќе созреат и ќе бидат спремни за оплодување, а другите ќе изумрат. Месечниот циклус и зачнувањето За време на менструацијата кај жената доаѓа до лупење и исфрлање на ендометриумот, односно внатрешниот слој на матката од претходниот циклус. Со тоа започнуваат подготовките за зачнувањето. Хипфизата почнува со лачење на фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH) и лутеинизирачкиот хормон (LH). Зголеменото количество на FSH предизвикува да почнат да созреваат повеќе јајце клетки. Јајце клетките се наоѓаат во кесички полни со течност наречени фоликули. Секој циклус почнуваат да растат по неколку фоликули, но само еден од нив ќе стане доминантен и ќе созрее, останатите ќе изумрат. Од доминантниот фоликул ќе се ослободи созреаната јајце клетка . Понекогаш може да се случи да созреат повеќе фоликули и да дојде до повеќекратна бременост. Фоликулите пак кога ќе почнат да се развиваат почнуваат да лачат поголеми количини на хормонот естроген. Естрогенот овозможува задебелување на ендометриумот. Ова задебелување е неопходно за да се подотви место на кое бебето ќе може удобно да се смести. Откако ќе созрее јајце клетката, хипофизата ослободува поголемо количество на лутеинизирачки хормон. Ова е знак дека фоликулот треба да прсне и да се ослободи јајце клетката. Тоа се случува околу 36 часа по скокот на лутеинизирачкиот хормон. Ослободувањето на јајце клетката се нарекува овулација. Откако ќе се ослободи, јајце клетката е способна за оплодување само во наредните 12-24 часа. Тоа е времето кога жената може да зачне. [image]http://tvoebebe.com/drupal/sites/default/files/image/Zacnuvanje/folikul1.jpg[/image]
Моментот на овулацијатa, фатен на камера при лапароскопска операција Овулацијата се случува обично околу 2 недели пред наредната менструација. За менструален циклус од 28 дена тоа е некаде околу 14-от ден, но ова не е правило. Кај жените кои имаат поркаток циклус од 28 дена овулацијата обично е порано од 14-от ден, а кај оние со подолг циклус обично е покасно. Периодот од првиот ден на менструацијата до овулацијата се нарекува фоликуларна фаза. Откако ќе прсне фоликулот јајцеводите ја всмукуваат јајце клетката и започнува нејзиниот пат кон матката. Сперматозоидите пак навлегуваат во матката низ нејзиното грло и продолжуваат да се движат кон јајцеводите. Јајцеводите се местото каде што се случува средбата помеѓу сперматозоидите и јајце клетката. При ејакулацијата кај мажот се исфрлаат десетици милиони сперматозоиди, но само неколку десетини од нив ќе стасаат до јајце клетката. Останатите ќе изумрат заради неповолната кисела средина во вагината, некои нема да го пробијат патот низ грлото на матката, некои ќе залутаат во погрешниот јајцевод ит.н. Кога првиот сперматозоид ќе се пробие во јајце клетката, таа во истиот миг се запечатува и веќе не е достапна за другите сперматозоиди. [image]http://tvoebebe.com/drupal/sites/default/files/image/Zacnuvanje/conception2.jpg[/image]
Моментот на средба на сперматозоидот со јајце клетката Оплодената јајце клетка започнува забрзано да се дели уште во јајцеводите и се нарекува зигот. Веднаш започнува нејзиниот пат до матката, каде бара погодно место на кое ќе може да се вгнезди. Обично патот до матката трае 3-4 дена. Кога ќе приситгне во матката зиготот се претвара во т.н бластоцицта и уште неколку дена кружи низ неа барајки погодно место за да се вгнезди. [image]http://tvoebebe.com/drupal/sites/default/files/image/Bremenost/n4.jpg[/image]
Зигот вгнезден во матката Вгнездувањето на оплодената јајце клетка (или бластоцистата) се нарекува имплантација. Сперматозоидите можат да преживеат во јајцеводите 48-72 часа (понекогаш и повеќе). Така да до оплодување најчесто доаѓа ако сексуалниот однос бил 2-3 дена пред овулацијата или во текот на следните 12-24 часа. Доколку не дојде до оплодување, јајце клетката ќе се ресорбира. Во меѓувреме откако ќе прсне фоликулот и ќе се ослободи јајце клетката, фоликулот се претвара во т.н. Corpus luteum или жолто тело и почнува да го лачи хормонот прогестерон. Прогестеронот е уште познат и како чувар на бременоста. Ако не дојде до бременост, по околу 14 дена од овулацијата фоликулот пропаѓа и престанува да се лачи прогетерон. Престанокот на лачењето на прогестеронот е знак за телото дека е време за следната менструација и исфрлање на стариот ендометриум. Втората фаза од месечниот циклус, односно фазата од денот на овулацијата до почетокот на следната менструација е наречена лутеална фаза. Доколку дојде до бременост, од гестационата кеса, во која се наоѓа бебето и од плацентата ќе почне да се лачи трудничкиот хормон: хуман хорион гонадотропин или скратено hCG. Овој хормон сигнализира дека има бебе во матката и се запира доаѓањето на наредната менструација. Врз основа на присуството на овој хормон се изработени и домашните тестови за бременост. Во следните 36 недели бебето ќе продолжи да расте и да се развива во матката на мајката. Горниов текст е поедноставен приказ на она што се случува при зачнувањето на новиот живот. Се работи за многу сложени процеси и многу фактори кои треба да бидат задоволени за процесот да биде успешен. Можно е да не дојде до зачнување од повеќе причини. Доколку се обидувате да забремените, а тоа не се случило веднаш, немојте да очајувате. Се смета дека постои проблем со плодноста на брачниот пар, ако веќе една година имаат редовни, незаштитени сексуални односи, а сепак не дошло до бременост. После период од една година е препорачливо да се почне со испитувања.  

Idna mamica -> RE: Процес на зачнување (23.9.2010 20:33:07)

Мислам дека ке користи на сите Рингерајки!!! 

Idna mamica -> RE: Процес на зачнување (23.9.2010 21:49:34)

Ovulation

Idna mamica -> RE: Процес на зачнување (5.10.2010 12:15:35)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Idna mamica

Мало потсетување

Idna mamica -> RE: Процес на зачнување (5.10.2010 12:17:01)

Процес на овулација

http://www.youtube.com/watch?v=nLmg4wSHdxQ

Melanija RR -> RE: Процес на зачнување (3.10.2012 19:53:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Пренаталниот развој е поделен на два основни биолошки стадиуми. Прв е ембрионскиот стадиум, кој трае околу два месеци. Од тука започнува феталниот стадиум.Во почетокот на ембрионалната фаза ризикот од спонтани абортуси нагло се зголемува. Воглавно, структурата на фетусот е оформена. Рацете, стапалата, главата, мозокот се присутни и продолжуваат да се развиваат. На почетокот на феталниот стадиум, фетусот обично е околу 30 мм (1,2 инчи) во должина, а отчукувањето на срцето може да се слушне со помош на сонограф, фетусот ја врти главата, и исто така прави основни движења и стресувања на целото тело. Прстите почнуваат да растат во почетокот на феталната фаза. Електричната мозочна активност првпат се забележува помеѓу 5та и 6та гестациска недела, сепак сѐ уште се смета за обична нервна активност за разлика од почетокот на свесното разбирање, кое се развива подоцна во бременоста. Синапсата почнува да се формира во17та недела и околу 28та недела почнува да се зголемува со забрзано темпо кое трае се до 3от или 4 от месец по породувањето. До 23та недела фетусот не може да преживее надвор од матката, и покрај големата медицинска помош. До тогаш фетусот сѐ уште нема оформено витален човечки мозок.
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/aa/6_weeks_pregnant.png[/image] Емрион, 4 недели по оплодувањето
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c4/10_weeks_pregnant.png[/image] Фетус, 8 недели по оплодувањето
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/3/3f/20_weeks_pregnant.png[/image] Фетус, 18 недели по оплодувањето
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/ea/40_weeks_pregnant.png[/image] Фетус, 38 недели по оплодувањето
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1d/Month_1.svg/52px-Month_1.svg.png[/image] Релативна големина на фетусот во првиот месец
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d4/Month_3.svg/55px-Month_3.svg.png[/image] Релативна големина во третиот месец
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/97/Month_5.svg/56px-Month_5.svg.png[/image] Релативна големина во петтиот месец
[image]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7b/Month_9.svg/69px-Month_9.svg.png[/image] Релативна големина во деветтиот месец

ena3 -> RE: Процес на зачнување (22.12.2012 15:42:10)

devojki , da ve prasam , koga najrano se javuvaat prvite znaci na bremenost ?

Нивеа -> RE: Процес на зачнување (4.1.2013 13:52:39)

ena3 kaj sekoj e razlicno (jas ne sum ostanuvala bremena no vaka sto citam po forumov)...najubavo si e ako mislis deka si bremena da si proveris Beta HCG preku krv,najverodostojno e!ako ti docni moze i testce da si naprais!so srekja

Melanija RR -> RE: Процес на зачнување (4.1.2013 15:22:23)

ena3 јастест домашен праве на 38 ден и имав само малку киселини и подригнување,и кога ги видов [sm=rozacrtici.gif] не ми се веруваше викам е како па ништо не ми е [sm=smiley36.gif]

ena3 -> RE: Процес на зачнување (4.1.2013 20:57:28)

девојки трет ден ми доцни , а во вторникот направив тест и бесе негативен . Дали да направам усте еден тест ?

Iren4e3 -> RE: Процес на зачнување (5.1.2013 14:02:45)

devojki mi docni 14 dena napraviv test mi pokaza negativen sto da pravam ??

Melanija RR -> RE: Процес на зачнување (5.1.2013 14:14:11)

ena3 ако можеш сочекај до вторник и директно на тест преку крв,ако си нестрплива или утревечер или во понеделник направи тест.Со среќа

Iren4e3 најдобро е да одиш на преглед на гинеколог зошто веќе многу ти касни,тој совет јас би ти го дала

Iren4e3 -> RE: Процес на зачнување (5.1.2013 14:21:39)

vi blagodaram... No so mazmi sme 6 meseci vo brak imame nezastiteni odnosi i mnoguu sakame bebence se nadevamm deka sum bremena ..[sm=smiley1.gif]

Annet -> RE: Процес на зачнување (5.1.2013 14:26:31)

ајде дај божеее да има бебенца [sm=jezicek.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif]
јас по 10 ден направив тест,уште го чувам......смешки,а поминаа 2 год и повише.............

Iren4e3 -> RE: Процес на зачнување (5.1.2013 14:32:39)

da se nadevame [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]

ena3 -> RE: Процес на зачнување (5.1.2013 16:40:04)

Денес закажав за на гинеколог во вторник . Но чувствувам голема главоболка , а притисокот ми беше 120 со 84 и пулсот 90 . Поздрав

Melanija RR -> RE: Процес на зачнување (1.8.2013 17:08:53)

ВИДЕО;Како доаѓа до оплодување

katufce -> RE: Процес на зачнување (23.2.2014 18:22:39)

Treba da dobijam na prvi mart imam redovna megutoa imam bolki vo gradite dali se toa predmestualni bolki ili mozi da se nadevam na nesto pojke [sm=zmeden.gif]

Melanija RR -> RE: Процес на зачнување (23.2.2014 22:34:26)

Болки во градите може да е предменструална болка но и бременост [sm=smiley1.gif]

Defne90 RR -> RE: Процес на зачнување (24.2.2014 1:04:11)

Јас кога останав бремена со првото најпрво од се почнаа да ме болат градите,така да според мене големи се шансите да е бременост.

katufce -> RE: Процес на зачнување (24.2.2014 21:52:06)

daj boze da e [sm=duda.gif] ama sepak ke cekam da vidam dali ke mi kasni [sm=smiley36.gif] ili pozzz

katufce -> RE: Процес на зачнување (3.3.2014 13:31:53)

nisto [sm=smiley19.gif] 3 dena mi kasni napraj test ama e negativen [sm=smiley19.gif]

Страница: [1]