sandriana RR -> RE: Сипаници (10.6.2016 14:24:25)
|
Сипаниците, како и секоја друга болест, се манифестира зависно од индивидуалниот имунитет. Во суштина, ако нема изразени компликации, се тече по вообичаен тек. Доколку не крева високи ТТ, над 38,5, избегнувајте да давате сирупи против ТТ, зошто така се руши природниот тек на избивање, и се отежнува процесот на избивање на сипаницата. И така, во најголем број случаи, по книга што се вели, исфрлањето треа 3-4 дена. После е процесот на сушење и чешање - е тука треба да се внимава само да не се откорнат крастичките пред време, за да се избегнат лузнички. Кај мене двете деца ги прележаа - и двете на иста возраст, од 20тина месеци. Големата ги помина полесно, со многу мал осип, и без ТТ, и нема никаков белег. Малото сега пред 2-3 недели ги прележа. Немавме проблем со Тт, ама затоа немаше место каде не се исфрли. Лицето и главчето немаа слободем милиметар без осип. Од толку крастички, неколку ги откорна во спиење, вртејки се, и сега има дупчиња на слепоочница и на брадичката. Се надевам дека дур порасне, ќе се пополнат. Во однос на храна, не верувам дека има некои ограничувања, пак ќе повторам, ако не наложува посебна ситуација. Мачкање со течна пудра, и тужирање со хиперманган.
|
|
|
|