clubfoot -> Криво Стопало - Pеs Equiovarus (26.9.2010 9:49:17)
|
Здраво на сите ! Подолго време се спремам да напишам нешто на оваа тема но се трудев да го најдам најчитаниот форум, каде што повеќе родители ќе можат да прочитаат. Прво, јас не сум ортопед ниту имам воопшто медицинско образование. Јас сум родител на дете родено со криво стопало со кое поминавме една долга одисеја а по пат прочитаме се што можеше да се прочита за овој деформитет. Од каде да почнам ? За жал, во македонскиот интернет простор многу малку ќе најдете нешто околу овој синдром, кој статистички се смета за прилично честа деформација бидејќи едно на илјада бебиња се раѓаат со истиот. Значи, PES EQUNOVARUS е конгенитален (значи од генетска природа), идиопатски (значи не се знае причината зошто настанува) вроден деформитет на едното или двете стапала кај инаку здрави и нормални деца. Деформитетот е три димензионален (што значи дека стапалото отстапува од нормалната позиција во сите насоки). Постои т.н позиционо криво стопално кое е предизвикано од положбата на плодот во матката, но за тоа овде не станува збор. Тоа е едноставна деформација која лесно се корегира. Овде станува збор за ригидно криво стопало, чие исправање е малку потешко. Повеќе општа теорија на http://en.wikipedia.org/wiki/Club_foot а уште повеќе детална теорија во книгите на Dr.Ignacio Ponceti Е сега да се вратиме на најважното односно третманот на оваа состојба. Постојат различни методи на лекување на деформитетот, и најчесто сите вклучуваат исправање со гипсени редресмани и евентуално оперативно третирање, НО во светот општо прифатена метода е т.н ПОНСЕТИ МЕТОДА на лекување со гипсени редресмани која во најголем број случаии завршува со едноставна оперативна процедура наречена тенотомијата на Ахиловата тетива. (развиена и наречена според гореспоменатиот доктор Игнасио Понсети) Методата е безболна, едноставна но морам да кажам ИЗВОНРЕДНО прецизна и без простор за импровизации. Положбите во кои се доведува стапалот се мерат во аглови степени и паушални оценки од типот "добро е, толку може, ќе видиме понатаму" не се својствени за оваа метода. Понсети методата е извонредно успешна и децата ПРАВИЛНО третирани со истата имаат целосно нормален и активен живот без никакви пречки или проблеми вклучувајќи и можност за бавење со професионален спорт ! (има многу примери да активни спортисти родени со овој деформитет и третирани со Понсети метода). Она што сите засегнати родители ќе ги интересира: дали во Македонија можат да добијат ваков третман ? Без намера никого да дискредитирам, мојот одговор е ЗА ЖАЛ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ СЕРТИФИЦИРАН ПОНСЕТИ ДОКТОР ! Повторувам : и покрај рекламите и тврдењата на некои наши приватни болници дека тоа го прават, од сопствено искуство ви тврдам, ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОКТОР КОЈ ЗНАЕ ВИСТИНСКИ ПРЕЦИЗНО ДА ЈА СРАБОТИ МЕТОДАТА ДО КРАЈ ! Не велам дека некогаш и кај некои случај нема да има успех, но апелирам до сите родители дека времето изгубено во импровизација на ПОНСЕТИ лечење може да биде НЕПОВРАТНО изгубено, бебето непотребно малтретирано и за жал евентуалната ШТЕТА на стапалото НЕПОПРАВЛИВА ! Во нашиот случај, деформитетот беше третиран најпрво во Скопје, се изнаносевме гипсови на многу мала возраст, за на 1 година и 1 месец повторно да поминуваме низ истото, но за среќа овој пат ја доктор кој знае што прави. Го завршивме процесот со тенотомија и сега носиме протеза за да се спречи т.н релапс односно повторно враќање на претходната состојба. Инаку, кога сме кај тоа, заборавив да пишам нешто многу важно: РОДИТЕЛИТЕ МОРА ДА СФАТАТ, овој деформитет е многу комплексен и тежок и има тендеција на враќање доколку не се следат инструкциите на Понсети методот до крај и дисциплинирано ! На овој линк ќе најдете листа на сертифицирани ПОНСЕТИ доктори. Како што ќе можете да видите нам најблиски ни се Др.Мирослав Живков во Варна, Бугарија и Др.Дарко Античевиќ во Загреб. Нашиот доктор од е Др.Живков за кој имам само пофални зборови но верувам дека било кој друг доктор од листава ќе си ја заврши работата како што треба. http://ponset_i.info/parents/index.php?option=com_content&task=view&id=26&Itemid=39 За крај само уште нешто, како што можете да прочитате во мојот текст друга метода освен ПОНСЕТИ не ни споменувам. Тоа е од причина што според она што јас го прочитав сите останати методи во светот веќе некое време се напуштени затоа што не се ни од далеку успешни, безболни и едноставни како ПОНСЕТИ методата. Значи, како што реков не сум ортопед, но од она што го прочитав за друга метода родителите воопшто не треба ни да РАЗМИСЛУВААТ ! За сега толку, ако некој го интересира нешто со задоволство ќе му одговорам и помогнам ако можам ! Поздрав !
|
|
|
|