jovanka -> RE: Ортодонција (26.9.2010 23:22:44)
|
Детска ортодонција Децата се посебен случај, бидејќи растат. Оваа карактеристика ги прави идеални кандидати за ортопедски интервенции ("Ortho" значи исправување, додека "pedo" означува дете). Коските кај децата се прилично еластични, релативно меки и во постојан развој и менување, поради што е лесно со помош на надворешни средства да се насочи растот на коските. Доколку младото дабово дрвце се врзе во јазол, тоа сепак за 100 години ќе порасне во огромно дабово дрво со јазол во стеблото. Додека е дрвото младо и мало, возможно е да се врзе јазол. Но, истото нешто не може да се стори 100 години подоцна. (постојат различни мислења во однос на тоа дали процесот на поместување на забите кај децата е побрз отколку кај возрасните, но постои едногласност дека овој процес е навистина многу полесен кај децата, поради факторот на раст.) Мајките велат децата растат побрзо во одредени години. Затоа, ортодонтите се трудат временски да го постават третманот кога детето е доволно зрело да соработува и кога растот на коската е најрапиден. Оптималната возраст за почеток на третманот зависи од карактеристичноста на деформитетот кој треба да се корегира, но сепак, за најдобра возраст за процена на деформитетот се смета возраста од 7 години, бидејќи во овој период се совпаѓаат и двата фактори за третман на одредени скелетни деформитети. Ортодонтите се трудат да го искористат периодот на пубертетот, бидејќи тогаш децата највеќе растат. Кога деформитетите се идентификуваат во нивната рана фаза и се третираат пред да ја достигнат зрелата фаза, станува збор за интерцептивна ортодонција, бидејќи проблемот е „пресретнат“ и посветено му е внимание за да се разреши. Кои се придобивките на третман во раната фаза на деформитетот? Кај пациентите кај кои постојат индикации за рана ортодонтска интервенција, третманот ги нуди следниве можности: 1 - насочување на растот на вилицата, 2 - регулирање на ширината на горните и долните дентални лакови (коската од вилицата која има форма на лак и која дава потпора на забите), 3 - насочување на трајните заби кој никнуваат, да никнат во одредена, посакувана позиција, 4 - пониска стапка на ризик од траума (несреќа) на испакнатите горни секачи (предни заби), 5 - корекција на опасни навики, како што се цицањето палци или прсти, 6 - намалување или елиминација на абнормално голтање или проблеми со говорот, 7 - подобрување на личниот изглед и самодовербата, 8 - можност за поедноставување и/или скратување на времето на третманот за подоцнежна корективна ортодонција, 9 - намалување на ризикот од импактирани заби (заби кои требало да изникнат, но не изникнале), и 10 - зачувување или обезбедување простор за трајните заби кои треба да изникнат. Вродени скелетни деформитети Класа I Вродените скелетни деформитети се состојби кои се јавуваат за време на раѓањето и се најчесто предизвикани од генетските фактори. Сепак, за да се разбере од што всушност е составен деформитетот, потребно е да се разбере што всушност ги сочинува општо прифатените стандарди на нормалното. Во дијаграмот, главната слика покажува нормален профил на лицето. Во стоматологијата го набљудуваме начинот на кој се спојуваат забите од горната и долната вилица за да ја одредиме прецизно природата на профилот. За овој тип на профил се вели дека е со Класа 1 оклузија (оклузијата го означува начинот на кој се спојуваат забите од горната и долната вилица) и се карактеризира со взаемна позиција на првите горни и долни катници (катници се големите заби на краевите од вилиците, додека првите катници се големите заби кои се наоѓаат нај накрај на вилиците). Зголемената слика од дијаграмот покажува во детал како првите катници се спојуваат во секој тип на оклузија. Од естетски аспект, Класа 1 оклузијата создава најдобар профил. Оваа оклузија се смета за „нормална“. Деформитетите од Класа 1, пак, најчесто настануваат како резултат на збивање на забите, поголем простор помеѓу забите или деформации во развојот. Класа II Дијаграмот прикажан од десно покажува профил од Класа 2. Овој деформитет е најверојатно најчестиот случај на скелетни деформитети (девијација од нормалното). Децата со Класа 2 профил имаат повлечена долна вилица. Лицата со посериоозен случај на Класа 2 имаат изглед на Енди Гамп (личност од стриповите со исклучително повлечена долна вилица). Сепак, иако повлечената вилица е случај на деформитет, изгледот во одредени случаи привлекува голем дел од жените. Ваквиот изглед често ги акцентира очите на личноста и затоа доаѓа до израз привлечниот „мистичен“ изглед. Но, без разлика на изгледот на профилот, овој тип на оклузија предизвикува функционални проблеми поради позицијата на предните заби (инцизивите). Кога ќе ги спојат задните заби од вилиците, горните и долни секачи кај овие лице не се допираат, при што долните инцизиви го допираат непцето на горниот дел од горната вилица, а горните добиваат грд издолжен изглед и наѕираат под горната усна. Класа III Деформитетите од Класа 3 даваат изглед на „јака брада“. Ова е резултат од поголем развој на долната вилица или помал развој на горната вилица. Овој профил жените најчесто не го сметаат за привлечен, иако, во зависност од изгледот кој сакаат да го имаат, одреден дел од мажите дури и го посакуваат. Овој изглед се поврзува со изгледот на „мачо тип“ промовиран во филмовите од 1940те и дава карактеристична „маженственост“ која денес често се поврзува со изгледот на рагби изграчите. Како и во случаите на Класа 2 оклузија, лицата со овој тип на оклузија се соочуваат со функционални и естетски проблеми. Бидејќи во овие случаи долните секачи се наоѓаат пред горните, повторно се јавува ризикот од грдо издолжување. Јаболкниците кај лицата со овој дефирмитет често не се изразени, а тие често избегнуваат да ги покажат предните заби при зборување или насмевнување. Во екстремните случаи на овој деформитет се јавува сериозен проблем со загризот. Лицата со Класа 1 и 2 оклузија можат да ја издолжат долната вилица за да загризат, но лицата со Класа 3 оклузија треба да ја повлечат, за да можат да загризат. Ова не е можано и затоа се јавуваат проблеми со загризот. Какви се сите тие направи кои се носат за време на третманот? Ортодонтите се служат со многу жици, штрафчиња, ластичиња и помагала за остварување на целите на терапиите. Доколку имате посебни прашања за целта на помагалата/направите, како што се хедгерот, бионаторите, помагалата за палатално проширување и др. направи кои изгледаат како да се дело на Дракула, обратете се до ортодонтот за да Ви објасни зошто Вашето дете треба да ги носи. Ортодонтот знае конкретно кои помагала треба да ги носи Вашето дете и ќе Ви објасни зошто. Доколку не можете да поразговарате со него/неа, кликнете на иконата од десно, за да ја погледнете страницата која ги објаснува техничките причини за носење на секое од овие помагала. Развој на деформитетите Овие развојни деформитети настануваат како резултат на фактори на околина, како што е цицање на палецот и навики поврзани со усните, како и други физички аномалии, како што се тешкотиите при дишење преку нос поради проблеми со синусите, алергии или кога одредени заби не се развиваат. Овие деформитети најчесто се карактеризираат со тесни горни лакови и/или отворен заден загриз, како на сликата прикажана подолу (деформитет настанат поради цицање на палец). Во оваа категорија спаѓаат случаите на збиени и искривени заби, кои настануваат бидејќи денталниот лак на вилицата не нуди доволно простор во кој би се сместил секој од нив. Секако, сите овие случаи можат да се јават во различни комбинации и најчесто нема остра граница која ги раздвојува. Од овие причини, секој случај е уникатен и се решава со посебен конкретен план за третман/лекување. Цицање на палецот Цицањето на палецот е навика која полека исчезнува сама од себе. Кога децата ќе тргнат на училиште, престануваат со навиката, бидејќи гледаат дека другарчињата не го прават истото. Доколку навиката запре до 6 и 7 годишна возраст, состојбата на отворен загриз дадена на сликата подолу ќе се врати во нормала. Во одредени случаи, детето сака да престане со навиката, но не може. Во ваквите случаи, каде детето сака да престане со навиката, од помош е да се користи фиксно (кое не се вади) помагало, кое го потсетува детето дека не треба да го става палецот во уста. Доколку навиката продолжи до 12 годишна возраст, скелетниот деформитет веќе станува траен. Сликата од лево е од дете кое најверојатно ќе развие отворен загриз, бидејќи го турка јазикот кон надвор, помеѓу забите, секој пат кога голта. Оваа навика е позната како навика на „обратно голтање“. Забележете исто така дека и при постојано гризење или шмукање на долната усна може да дојде до сличен деформитет. Постојат помагала за искоренување на секоја од овие навики. Дишење на уста Нормалниот развој на оралните структури кај децата зависи од можноста за дишење преку нос без проблеми, особено преку ноќ. ова НЕ ЗНАЧИ дека доколку детето е повремено настинато и не може да дише на нос, ќе развие орален деформитет. Сепак, хроничната обструкција на носните дишни патишта поради девијација на септумот, постојани алергии или другианатомски абнормалности најчесто допринесуваат горниот дел од усната празнина (тврдото непце) да се издигне, а забите во задниот дел од горната вилица да се накриват едни кон други. Оваа состојба се нарекува стегнат лак. Забите се наредени во лакови. Сликата прикажана од десно е пример на стегнат лак. Во прикажаниот случај лакот има повеќе нормална форма. Кај пациентот со оваа состојба на вилицата, при насмевнување, ќе дојдат до израз предните заби, додека другите ќе се засенат. Сликата од десно покажува случај на нормален дентален лак, при што насмевката е поширока. Вкрстен загриз Во најголем број од случаите, стегнатоста на горниот лак е проследена од одреден степен на стегнатост и на долниот лак, поради накривување на долните заби кон јазикот. Сепак, степенот на стегнатост на долниот лак не е доволен за да се создаде соодветна правилна корелација помеѓу горните и долни заби во задниот дел од вилиците. На овој начин се создава вкрстен загриз, во кој случај забите во задниот дел од горната вилица удираат во и вршат притисок на внатрешните испакнати делови од површината на забите која ја користиме при џвакање, а не на надворешните, што е случај при нормалната оклузија. Сликата А дава шематски приказ на предните заби во устата при нормален загриз. Сликата Б дава приказ на заби со вкрстен загриз. Вкрстениот загриз во задниот дел од устата може да влијае на сéвкупниот изглед на лицето, особено кога овој случај се јавува само на едната страна од вилиците. Случајот на едностран вкрстен загриз кај децата/младите може да допринесе до асиметричен развој на лицевите мускули и зглобот на вилицата, при што едната страна од лицето може да се развие повеќе, т.е. да порасне повеќе од другата. Збиени заби и заби кои недостасуваат Забите по природен пат се обидуваат да си го пронајдат местото во вилицата. На крајот тие секогаш завземаат цврста и стабилна положба, без разлика дали станува збор за случај на збиени заби или пак има премногу голем простор помеѓу нив. Стабилноста е клучна. Секогаш постои баланс помеѓу различните сили кои влијаат на забите, како и позицијата на коската која им дава поддршка. Сето ова влијае на позицијата која секој заб ја одбира, која се покажува како најстабилна за него. И кога стоматологот се обидува да ги помести забите во позиција за која смета дека е подобра, тие, по природен пат, ќе се обидат да се вратат во своето првично лежиште. Затоа, ортодонтите изведуваат одредени зафати и трикови за да се осигураат дека природните сили нема да ги вратат забите во првобитната несоодветна положба откако третманот ќе се заврши. Од оваа причина, ортодонтите најчесто мораат да ги лекуваат забите и на горната и на долната вилица, иако третман им е потребен само на едните од нив. Освен доколку позицијата на забите од долната вилица не е соодветна на онаа од забите од горната вилица, со текот на времето, силите кои се создаваат при гризење ќе ги дестабилизираат и повторно искриват исправените заби. Од оваа причина ортодонтот предвидува вадење на одредени заби. Дополнителниот простор кој ќе се создаде откако ќе се извадат забите, влијае позитивно на стабилноста на новите позиции кои треба да се создадат и зачуваат за останатите заби.
|
|
|
|